И кај мене беше така. Вагинален преглед во четврток ( и мислам дека беше sweep), чепот ми падна по ден два. Во недела вечер требаше да одам вп болница за во понеделник со провокации да ме породат. Арно ама неделата ми пукна водењакот и по 6ч се породив
Од вчера ме болат странично до препони мускулите кога ќе мрдне бебе или на нагло вртење. И лево и десно околу папок. Лева страна ептен. Не можам да се свртам. Завчера бевме на преглед си викам да не е од што ме стискаше докторот да го слика бебчо да се намести. И препони ме штрекаат кога мрда мислам во препони мрда.
Слично ми беше и мене вчера. клоцкаше странично кон препоните ниско, па еве денес повторон се крена нагоре клоцкањето. Мислам дека уште имаат доволно ростор и лесно се вртат/превртуваат.
@Ano којзнае шо прават Му викам малце мирен да биде. Изгледа сега ќе почнат такви болки ради тежината или ќе притискаат на некој нерв.
Мислам дека копрва ќе станува забавно. Еве почнаа навечер киселини да ми се појавуваат. До сега немав никакви проблеми ниту со мачнини, гадење, ниту со повраќање ниту со киселини. А еве веќе осеќам еден ден е горе, еден ден доле. пред некој ден мислам дека буквално со нозете ми го буткаше стомакот лево кон слабината, на моменти пак клоца дирекно на бешика. Тоа е. ова се слатки маки, ќе си поофкаме и ќе ни помине
Еве мене в ребра и в слабина ме мава, баш на лева страна ко ќе сум почнува да мава силно, си мислам му смета нешто да не го притискам со лежењето шубе ми е
И јас кога сум на лево е најактивен, Изгледа е нормално. Евентуално кога сум во полулежечка и тогаш знае ептен убаво да се расклоца. Кога ќе ме фати шубе дека не сум го осетила подолго во текот на денот, фаќам една од овие две позиции и скоро веднаш се пријавува дека е тука
Мене ми ја шутира бешиката Некогаш му велам како гаѓаш точно и се подолу го осеќам да мрда, па во слабини па желудник, големо ми е веќе 2 кг е денес си го видов. @Natasa. P јас првиот вагинален преглед со рака ми беше во 27 недела и јас уплашена што читав дека е мн болно цела се здрвив од страв. Ама ништо не осетив или докторов беше нежен или незнам. Со лесно да ти биде чекам да ни пратиш поздрави и од принцезата твоја
Мајки, Знам дека е интересно да си легниме на грб и да гледаме како ни мрдаат малечките ама на часови по мајчина школа ни кажаја дека не треба да лежиме на грб зошто се намалувал дотокот на воздух на бебчињата и мрдаат затоа што немаат доволно. Јас до вчера не знаев, а лежев и на грб.
Јас 2 дена неможам да се свртам на страна Цело време лежам на грб и мисла ми е. Ме болат сите мускули и како и да се свртам ме пресекува доле ниско
Кога го прапав докторот за лежењето на грб ми вика дете ај не се будали никаде нема потврдено дека така бебето ќе има помалку кислород. И ти ќе си осетиш сама ако ти е неудобно на грб ќе си се свртиш сама на страна. Лежи си како ти е најудобно. Веќе при крајот самиот стомак ќе ти смета и нема да можеш на грб да лежиш.
Дај боже со лесно да заврши до крај. Еве уште една инфо да споделам за прашање за кое имам читано многу спротиставени мислења на форумот... во 9ти препорачливо било водење љубов, или ајде попрецизно да се има односи и тоа со ејакулација внатре во жената. Објаснувањето беше дека спермата содржела нешто што го олеснува отварањето и на тој начин се влијаело позитивнио на породилниот процес.
Ја издржав скоро цела бременост без односи, сега на крај не ми се ризикува некако. Што ако одма после однос те фатат болки, а внатре полно сперма, малку незгодно би било пред докторите. Мм на шала ми вика, како да имаме односи, ако му сметам на малиот па внатре да ме фати со рацете и да не ме пушта
Јас денеска бев на цтг нема болки нема отворање и четврток следна контрола така да и да бил чепот нема ништо болките се лажни и ќе си го чекаме мажето кога ќе сака тоа.
30,31ва недела нормална ли е блага и тапа болка во долниот дел на стомакот . Можно ли е да биде од што расте стомакот ? Ај некој со слично искуство нека каже
Здраво и од мене денес. Извинете ако ве испаничив за лежењето на грб. Тогаш дознав и јас, а се случуваше доста често да спијам или да лежам на грб. Иначе уште сум дома Болки лажни и вчера имав и денес сабајле кратко. Треба кон крајот на неделата да офсм на цтг и почнува да ме фака еуфорија и паника малку и се. Уште не ми се спремни торбичките за мене и бебето ама одма одсм да спремам. Золва ми е повозбудена мислам од мене и мм и вика ке се породам до среда најкасно хаха Поздрав до сите
Ни мене не ми е ништо спремно. Утре планирам да почнам со перење, па пеглање и спремање од понеделник. Си викам нема да изненади рано е сеуште.