Јас сум спремна Може малечката да доаѓа хаха Се е перено и пеглано, спремни торбиците со по неколку работи.
Ада денес ми е така, особено ако мрдне повеќе ме пресекува доле лево или десно. од др.недела фаќам 30 недела баш сакам и јас некоја да пише дали осеќала така. Еве маж ми стручен, вика нормално е од тежината и растењето на стомакот а нема врска од медицина
Многу пати имам споделено дека оваа фаза, до кај 32 недела, со двете бремености ми беше најтешка. Ме сечеше како со нож, кратка и многу јака болка, мислев раче/ноже ќе испадне од што ги чуствував толку ниско како удира... Кај мене беше нормално сето тоа. Малку одмор, магнезиум и минеше.
@danichap вчера препони и странично стомакот. лежев цело време испив 2 магнезиума од 400 џабе. денес доле ниско нешто ме пресекува де лево де десно, како со нож ама не јака болка, сепак ме вознемирува.... Исто ко Ада и јас одма мислам на цервиксот. Бебето е хипер хипер активно овие два дена. знае да ме штрекне таму кај што ќе мавне јако.
Мамички што имате искуство, чепот паѓа одеднаш како грутка или може да се случи повеќе денови да имаме исцедок. Јас понедалникот прв пат имав таков кафеав-црвен исцедок, еве и денеска кога се избтишав пак имав, ме фати паника, не знам дали да го барам докторот незгодно ми е скоро секој ден му досадувам. Што ме советувате вие?
@eli25 @barby баш така се читат и они како нас . И мене ми вели мм од бебето е, големо е веќе се растегнува па боли . Јас се надевам искрено дека се нормални вакви болки и штрекања , сепак бебе расте внатре . @danichap кај мене положбата е сега со главата надоле а сепак осеќам удари ептен ниско доле , ми кажаа со рачињата дека мавало.
Почнаа да ме фаќаат паники. Бебе премногу клоца мислам ќе излета од стомак. Осеќам болки премногу ниско како протисок некој и одвреме-навреме како некој сечења со нож хоризонтално преку цел стомак и половина. Дали дека се преморив денес или ова се лажни контракции не знам
@kiki_riki ова значи дека не е рано да почнеш да се спремаш, бебчето ти дава знак мене пред да ми падне чепот цел ден бебебето ми мрдаше, доле во препони ми беше, мислев дека ќе се породам, нозете ми се сечеа и не можев да се движам, во стомакот како таласи да имав. Крени ги нозете и одмори малку, не го возбудувај бебето и не се плаши. Јас од што бев исплашена и возбудена, мислев дека се пораѓам, на цтг покажа дека бебето такихардија има пулсот 200 му беше, од кога се смирив малку, пак ми правеа цтг и нормално беше до 150. Изгледа во бременоста се што ни изгледа чудно нормално е
Сум заспала од болка. Во право си почнувам утре со спремање, а понеделник сум на преглед па ќе видиме како стојат работите. Со лесно на сите
Јас мислам дека се лажни болки припремање на матката оти и јас еве 2 недели така чувствувам како сечење долу па ми рекоја лажни болки биле... Со лесно нека ви е
Здраво мешиња да ве прашам дали ви се случува да сте многу и постојано поспани. Од утре сум 32 недела и последниве 10 тина дена многу ми се спија преку ден. А спијам по 10 сати минимум Некогаш и 12 сати. Дали ова може да ми биде поради ниско железо, хемоглабин или нешто друго...?
Леле и мене истото ми се случува од вчера спиев 13 саати и уште ми се спие притисокот ми е во ред нз што ми е.... 37+5 сум... Ти мереше притисок?
Јас кога сум дома, притисокот ми е нормален постојано мерам. Но кога излезам од дома било нешто да купам или прошетам ми се покачува. Јас мислам дека поспаноста не ми е од притисокот, кога ми се спие мерам нормален ми е. Мислам дека е можеби од ниско железо или хемоглабин. Ако знае некоја феминка нека пише.
@orhideea и те кaкo мoже дa се oсеќaш тaкa oд слaбoкрвнoст. Нaпрaви си aнaлизи нa привaтнo, гoлемa е верoјaтнoстa дa се ниски вреднoстите. Бебче е гoлемкo и се пoвеќе влече oд тебе. Утре веднaш нaпрaви aнaлизи.
Направив во петокот, ако не е во ред крвната слика ќе ми се јави гинекологот ама се сомневам не сум во мк. А како се подобрува хемоглабин и железо да не знаеш?