По една голтка гроздов мед секој ден. Кај мене цела бременост железото беше 17-23 благодарение на ова. Плус и вкусно е
Феминки,денес влегов во 39та недела. Покрај нормалноте болки и притискања во карлицата кои ги чувствувам веќе 2 недели,сега приметив кафенкаст исцедок на хартијата кога се бришев... можно ли е да паѓа чепот или е нешто друго??? Не знам дали да одам накај Чаир ило да почекам да помине денов?
Веројатно чепот. Не паничи. Колку што ги читам сите женички, нема потреба од брзање. Кога ќе почнат болките, нема шанса да промашиш дека тоа е тоа. Среќно и со лесно нека е
Мамички, вечерта кога ќе ве примат во болница, се брои ли таа ден во оние 3 кои се предвидени во пакетот за породување? Прашувам за во систина... Искуства?
Мислам не. Нешто како да пишуваше на флаерчето за по 18ч. Зошто да идеш еден ден порано? Не може сабајле да те примат? Елај си при мене, јас ќе те однесам сабајле
Незнам, така ми рече докторот. Утре одручек да сме таму да ме види. Или ќе ме остави вечерта таму за пораѓај во среда, или ќе ми каже во среда вечер да отидам па четврток пораѓај да биде. Претпоставувам дека вечерта му е план да помине процесот со подготовка и провокации, за утрото да биде самиот пораѓај. Инаку не ти е лоша идеата за да си останам таму, Тамам би се рашетале низ Скопје вечерта, нели така полесно се отварала карлицата Немој само да треба да ме пораѓаш ако напне Јована...
Дојде ли до пораѓај одма ѕвонам на Митко Од кај мене до Систина сме за 5 мин, толку брзо бебе нема да излезе
Денес бев на последниот преглед кај матичната ,ги земав резултатите од брисевите се е во ред немам ништо ,сме пораснале 2350гр ,ми рече постелката ми е 2 степен ,само малку ме исплаши ми рече дека имам намалено количество плодова вода ,имал некој вакво искуство до сега ?
Јас немам искувство но На една пријателка исто и беше намалена водата и ми рече дека пиела многу течности ,чај и др пат кога била на контрола се било во ред. Не знам за сигурно дали е од течностите што ги пиела ама така ми кажа..а тебе докторката не ти кажа што треба да правиш?
@elcezelce да не ти е мисла јави се и прашај што значи тоа. Јас така правам во моментот некогаш се замислувам што како кога нешто ќе ми каже, дома правам паники па и се јавувам на телефон потоа....,,
Здраво мешиња да прашам вие од која недела почнавте да одите на цтг? И на колку време одите односно на недела или повеќе...
Јас почнав во 35 недела иако докторот напомена дека е рано уште , после од 37 еднаш во неделата , во 39 бев на два дена и сега сум 40 исто на два дена.
Ми рече и мене докторкава да пијам многу течности посебно вода ,и ми рече да видам што ќе ми кажат кога ќе одам сега во систина кај докторот и на цтг на 21 ви . Да ти кажам искрено и мене малку ме испаничи ...ама утре ќе се јавам во систина кај докторот што ќе се пораѓам и ќе прашам ,ако има потреба ќе појдам и порано на преглед .
Испрано, испеглано, купено се за бебе и за мене на болница уште да се спакова и да се монтира креветчето и ќе чекаме Денес бев на преглед се е супер засега нема знаци дека за брзо ќе се породам ама никогаш не се знае. Сега не паничам спремна сум неможи да ме изненади Наредна контрола за 10 дена. Единствено негативно нешто изнастинав. Цела зима со вируси немав гајле сега кашлам, одвај дишам, шлајм имам и зарипнав одвај зборувам.