Јас од продавницата на Тиквеш си земам. Исто даваат и дирекно од винарии ако имаш било кој познат, а веројатно и по овие хелти фуд, Зегин може да се најде. Да ми кажеше порано ќе ти донесев до Скопје, секако денес идам натаму. Види распрашај се, не би требало да е проблем да најдеш. Ако не тука сме, ќе направиме некоја комбинација. Многу ќе ти помогне..
Маџун во скопје има во дуќанчето на Тиквеш. Тоа е кај паркингот на Холидеј Ин, во еднонасочната уличка ѓто води од Х.Ин кон Веро Џамбо. Јас од тука земам
Јас купувам маџун на виталоја. Го има по маркетиве и малку е поскап ама поконцентриран е. Последно за проба купив од рамстор за проба, од таа турската марка М, голема тегла е 120-130 денари и за цената не е лош
Јас не ги поштувам ич Виталија Маџунчето било 270 денари. Тоа во фриз беше при крај, па се купи залиха
Сигурно имам надворешни хемороиди. Бев до вц и ме болеше и одвај се избришав Има ли некоја со ваков проблем? Некој природен лек да знаете што помага. 32 недела сум. Уште ова ми фалеше страв ми е да не биде полошо. Читав дека најмногу се појавувале во трето тромесечие.
Што е можно, толку повеќе миј се. Ама не со топла вода, нека е млака да не е ептен ладна. + анализирај да не ти е од некоја храна. Мене од домат ми се воспалува. Јас имам еден крем Хеморол од ФитоФарм, го држам ладен во фрижидер и мачкам. Веднаш по || ми се појавија и воспалија. *за кремот не знам дали е безбеден за трудници.
Девојки малце глупо прашање . Дали осеќате - слушате како кркорење на вода во стомакот? 31 недела ја терам и бебето го осеќам многу ниско дури во препони како да ми прета а исто и многу горе примам удари . Дали е нормално?
И јас бебето го осеќам многу ниско овие дена, а и високо мава докторот ми рече дека изгледа со рачиња или ноџиња мава долу Го прашав кога носев резултати, ама не ме прегледа.
@SophiaBella јас последно кога бев беше со главчето надоле и рацете кај главчето па изгледа со нив прета кога си цица палецот или сл ваљда се осеќа .
И мене , имаше денови кога мислев во препони отишло. Сега повеќе се врти, истегнува ќе се испапчи де горе де доле. Удари ко удари ретко осеќам . Кај вас како е?
@ada21 исто и кај мене последниот пат беше со главчето надолу, тогаш не го осеќав толку ниско, ко се вратив дома после прегледот се изврти некако и од тогаш како пониско го осеќам, можи се има свртено со нозете надолу, кој знае @eli25 и кај мене е така, повеќе како да се преместува и превртува, и како бранови на стомакот имам, а поретко удари. Ама затоа вчера кога ме тресна в ребро мислам ѕвезди изброив
@eli25 @SophiaBella леле исто и кај мене повеќе го осеќам како се превртува , бранови бранови прави , а и многу се испапчува де на лево де на десно , ептен се издигнува дали е тоа со газчето незнам .
@ada21 и @SophiaBella а дали кога седите имате чувство кога мрда дека ќе излезе И кога ќе лежам и станам како да ми влече надолу стомакот Сигурно од тежината.