Да, да баш такво чувство. Овие дена дури легнувам со перница под задникот за да се поткрени да не ми е толку језиво А кога ќе станам уште ми се случва како шо опишвав пред некое време - како да ми натежнува и да ми се подстврднува стомакот.
@eli25 па тоа сакав да кажам ептен ниско ми мрда и чуствувам како вода кога ти е полн стомакот како да кркори . Малку чудно чуство . Тие денови сум и поактивна а стомакот ме влече надолу и некогаш ептен натежнува и морам да легнам . Дури следната недела сум на преглед , а се плашам и за цервиксот да не се скратил . Само во мисли сум никогаш не сум опуштена . @SophiaBella исто и јас ќе легнам и ставам перница да го подигнам малку хаха
Уф леле. И кај мене е вака. Кога сум во движење стомакот како да ми повлекува надолу. Мислам дека овие две недели цело време се превртува. Ниско долу осеќам како нежни испрекинати удари по повеќе во серија. А на средина околу пупак, на моменти како јаки боксови или клоци да си добивам. Ми потскокнува цел стомак. Најново последниве некочку дена е дека си добивам по некој удар во ребро и под редбра, ама среќа уште е нежен. А прилично активен е синко. Само во движење кога сум не го осеќам и ретко кога мирувам.
Која недела сте ? Јас 38 и 3 дена сум и кај мене така многу долу клоца си мислам готово се спрема да излези ама можи нема врска.
@Dzulija* ти си многу пред нас и утре да излезе не е проблем . Јас сум 31 недела , @eli25 исто мислам дека е 31 , а @SophiaBella 28 или 29та ако не се лажам . Затоа сме така исплашени што е нормално што не е .
@ada21 јас сум 29та недела и исто овие денови ниско го осеќам и ме стегнува мешето па ќе се опушти, како да ми тежи на моменти.. баш како што сите опишавте, @SophiaBella @eli25 и @Ano а мене и ме здоболува долу ниско како некоја тапа болка, како притисок, но е издржливо.. си се тешам дека е нормално, а и досега на прегледите било ок, така да се надевам дека не е нешто лошо. Одма мислите ми летаат да не е цервикс... ама последен пат кога ми мереа ми кажаа дека е ок, наредна недела ќе одам да го правам 3тиот скрининг и си мислам пак да спомнам да ми го измерат да не ми биде шубе Ајде мајкиии убавии ќе издржиме сите па после ќе се жалиме за др. работи..така лесно не се станувало мајка Ве гушкам сите
Полека но сигурно се приближуваме до крајот . Мислам да стигнам 36 недела малку полесно да дишам , нема да ми биде толку страв од се . Но тогаш пак ќе почнеме да мислиме што како за пораѓај , ќе не фаќа возбуда ве гушкам и јас
Девојки последниве два три дена насабајле кога ќе станам кога ќе се избришам имам некој густ лигав исцедок бледо жолт ,на брисевите немав ништо чисти ми беа ...а утре влегувам во 36 недела ...имал ли некој вакво искуство до сега ?
Јас имав таков исцедок пред една недела па еве уште нема ништо од тогаш имам само некој исцедок нормален а не знам дали е чепот оти ако е требаше да бидам породена По колку време се породи од кога го имаше тој исцедок ? А нормално чепот не е како со крв?
Девојки пак јас...денеска бев на цтг и само цтг ми направија болки нема не ме прегледа ни на ехо ни вагинално и ми рече сега дири на терминот на 27 да појдам ..Не е доцна по две недели не треба да се контролира ? Или вагинално да ме прегледаше нели можи да се отвораш а болки да немаш или плодовата вода да се контролира?
@Dzulija* јас мислам дека во последните недели веќе треба да се следи постојано и колку плодова вода има, а и некако многу е дури на 27ми да одиш. Ама незнам сепак, тоа е мое мислење докторите би требало да си знаат што и како. После 35та недела некаде мислам дека на секоја недела се прави цтг.
И јас така знам само не се заинтересирани докториве и плус ни ехо ми направи ни вагинален и сега до 27 да се изнамислиш...како ме нервираат.
Море оди тупосај им се таму ненормални од 36 недела треба да ти прават секоја недела цтг и ехо што им е на нив или оди матичниот види што ќе ти каже нема да ме чуди и на гак и во чаир така да ти кажат тие се ненормални
Ти ја разбираме болката и огорченоста,ама вакви термини како "ненормални" некако не доликуваат,поготово не во тема за трудници кои во секој момент очекуваат да се породат. Треба малку осет.
@Dzulija* 3 дена пред да се породам го имав тој исцедок,немаше ни капка крв Индивидуално е кај секоја трудница Некои се пораѓаат за еден ден од чепот а има и такви кои после 3-4 недели се породиле Ако не се лажам @Mariangel беше таков случај,после неколку недели се породи