Жени, мене задутре ми е термин. Бебо нема абер уште, цтг добро, не сум отворена, плодова вода доволно. Женско носам. Нели викаат женските пред термин се раѓаат или се тоа бабини деветини?
Во државна прилеп одам нив не му се работи .. И плус имам 5 до сега напраено цтг и ми викаја зошто толку многу ..да не знајш што да правиш
Јас денес бев на преглед, бебушка е добра, рано и е, горе е многу, има доволно плодова вода и добар проток на папочната врвца, уште не е спуштена. Следно за 10 дена на цтг. Сите со нетрпение ја чекаме, ама кога ке сака тогаш ке се гушкаме.
Нема правила јас после 40та секој ден 5 пати по ред одев на цтг и се враќав, се додека 6тиот пат не ме задржаа, добро јас носев машко, ама сепак нема правила. И да додадам класични болки како за прв пат немав, чекај чекај нема болки па на крај со провокација. Како и да е подобро е да е во термин или надносено, по мое мислење
Здраво Мамички. Само да ви кажам дека сме добри, се гушкаме со Јована, и да ви посакаме наскоро да ни се придружите. Да се соземам па ќе ја има и нашата сторија во породилни приказни. Нека ви е со лесно на сите
Бев на лекар докторот ме погледна вагинално ми рече дека се е добро грлото на матката е затворено, ми рече дека исцедок зголемен пред крајот е нормален да не се секирам и ми даде превентивно 3 канестен вагиналети да ставам. Ми рече да си дојдам на следна регуларна контрола закажана за ехо и цтг а тоа е следната среда.
Ненормални мислев за докторите ако не ме сфати и што е тука страшно дека реков така не те навредив ниту тебе ниту членката и не кажав во постот погоре зошто тоа го кажувам и не реков дека ме боли каде прочита аман бе само си пишувате нешто без везе што не држи вода
@fina erika @Bubce38 ќе ве замолам да не ја полните темата со непотребни коментари. Скоро имавте иста ваква дискусија на истата тема. Дискутирајте за гинеколозитњ во соодветната тема.
И јас не сакам да коментирам само кажав дека членката си кажуваше самата како постапиле докториве со неа и што е тука страшно толку тоа што го пишав и вие дискутирате за нешто друго бидејќи ве читам па не ви коментирам
Imam edno prasanje. Nekoj spomna deka treba da se macka vaginalniot del vo poslednoto tromesecie so kantarionovo maslo da se omekne I ne dojde do raspukuvanje pri poragaj. Dali ima nekoj koristeno I dali moze maslo od ajducka treva namesto kantarion? Fala mamicki!
Ме интересира дали кога ќе падне чепот повеќе пати при бришење се забележува крв или само еднаш. Прегеска имав на гаќите како бледа розева точка помешана со бело прање(кое е жолто и густо). Не знам дали е тоа или можеби мене почнаја на белото прање да ми се причинуваат работи На бришење немав ништо.