Не, кремата мене не ми помогна нажалост,се миев само со вода бекутан сапунче и се мачкав со кантарион со ракија правено масло од една баба е тоа ми помогна на крај чешањето веднаш ми престана а осипот и црвенилото се повлече за ден два. Да лажичка две сода стави во чаша со вода и прави си гаргара сабајле и навечер ќе ти помогне
Отоците сите ги имаме како што гледам а докториве велат и имам прочитано дека ако не спаднува отокот требало да се обратиш на доктор и да се прават испитувања? Па кај мене воопшто не се повлекуваат.
Ни мене не ми се повлекуваат еве од петокот имам континуирано огромни отоци на стапалата и дланките дури и устата мислам дека ми е ко силикон да сум и ставала ,ставам облоги ги држам кренати горе се е џабе ,докторот ми рече чим притисокот ти е во ред и лабараторискиот наод уреден нема простор за паника,плус и топлото време предизвикува појава на отоци дополнително.
Девојки колку време колку денови од кога ви падна чепот имавте како розево како лигаво. После вторникот во прегледот имав цел ден па немав и денес сабајле повторно имам. Болки немам никакви затоа не знам дали да паничам да одам нс доктор или да си чекам болки.
Мислиш резултатите од крв и мокрача ако се уредни? Или правеше др испитување за отоци? @kiki_riki Јас не знам ама некоја членка имаше спомнато дека чепот можи да паѓа и повеќе дена..
Девојки во 8ми месец влегвам од понеделник а сега ко бев на контрола ми кажаја дека е многу било спуштено и дека постојт можност да го родам пред време у морам да лежам а не сум отворена дали е опасно ова ме фајкат страв да не бидит нешто лошо
@Martina1993 како спуштено ? Грлото скратено ли ти е ? Што друго ти кажаа ? Јас сум со скратено грло и можност за предвремено плус од др причини од 26 недела . Еве сега за 2 дена ќе бидам 32 полни . Се надевам да стигнам до 35,6та недела .
Мене братучедка ми кажа дека требало со бадемово масло да се прават масажи, но мене тоа ми изгледа језиво. Еве слики како треба... Spoiler: Слики Мајки и јас од денес со 3ка напред Пред 2 дена бевме на преглед, синко си напредува супер 1471гр. е, плодова вода доволно, постелка добра, ми мереа цервикс кој исто е добар, грлото затворено, бебчо главично поставено.. ни дадоа и 4д сликичка, мн. убаво му се гледа лицето, има образчиња . Инаку овие 2 дена после прегледот бебчо претерано ми мрда, стомакот ми се изместува и ми се испакнува, а тоа и ме заболува и на моменти како без воздух останувам Многу непријатно чувство.. а мн. често се мести, клоца и незнам како да се наместам да седам на работа. Ви се дешава? Убав ден ви посакувам на сите
Не само многу долу било спуштено еве вејке 4 дена лежам се надевам дека утре ке ми кажат дека се подкренало да можам малце да стансм
Вагинално те гледале значи? Чим не си отворена не се грижи... лежи си како што викаат и се ке биде во ред. Има женички цела бременост ниско мн носат и тераат до крај.. еве јас ниско од старт го носам и никако да се качи, но цервискот е океј па не се грижиме
Мислам ок ти е, зошто со тек на време мора да се крати бебе натежнува Во 16та недела ми беше помалку од 3, е тоа не е добро.
@eli25 како што читав од 30 до 35 недела нормално било да биде толку . Ама пусти страв сега се молам да биде непроменето на сл преглед. Да влезам во 9ти се ќе биде друго уште 3 недели се не се и малце
И јас само на цервиксот мислам и се плашам.. А од друга страна на нет има податоци дека тоа е добра должина.
@IvanaCS знам душо само тоа читам и јас по нет . Но ми е страв наеднаш да не се скрати многу. Се надевам да додржи така уште 3 недели. тебе колку ти е ?