Мешиња еве вчера и денес забележав дека ми тече повеќе исцедок. 34+5 сум. Нормално ли е ова во последните недели? Нормален ми е како и секогаш бел некогаш потечен некогаш погуст, без мирис.
i kaj mene e taka jas utre vleguvam vo 37 i mislam deka e normalno doktorot sekoj pregled me pregleduva od infekcija i bakterija i se si e vo red
Имате менструални болки? Една недела веќе имам. Кога ќе се движам повеќе или два дена заборавив магнезиум, ми се јавуваат.
Јас имам овие три дена. Не се многу јаки и не траат долго. На кратко ќе ме заболи како за менструација и после попушта болката, така 3-4 пати дневно. А утре влегувам во 28ма, се тешам дека се брекстон Вторник сум на контрола па ќе видиме што ќе кажи докторот
@eli25 си сменила сликата не те познав од прва јас имам оваа недела , на периоди ме заболува но не така јако , како благи менструални . Пијам магнезиум но пак се јавуваат . Ајде некој друг нека каже во поодминати недели дали имале од порано .
И мене не ми се толку јаки, ама незнам да не сум заборавила како изгледаат, 8 мес без циклус Денес имам чувство дека ќе добијам циклус. Не ми помина од магнезиум. Цело сабајле ги имам .
@eli25 исто чуство да . Се надевам е нормално, како што читав многу од нас во тие недели ги имаат тие болки . Се приготвува матката сигурно . Нека е за добро само .
Синоќа ми беше мене така ама многу работев во текот на денот па изгледа од тоа беше. Денес цел ден одмарам
Вчера вечерта бевме на гости седев едно 4 саати. Се вратив со отоци. Претходните 3 дена одмарав. Сабајле стоев на нозе правев доручек, па заминавме на кафе па по маркети пазарувавме. Скоро 4 саати на нозе. А вчера немав магнезиум и не се напив. Сега се мислам дали да испијам денес 3 ....
Па за 3 мислам не ама напиј се како секој ден што правиш. Треба повеќе да внимаваме јас ноќеска стопати се покајав што работев толку. Ама па и морам да исчистам.Мајка ми ми помагаше ама мислам дека јас ако не фатам сама нема да е тоа тоа. Лоша навика
Мирување најмногу ќе ти помогне. Мене ме болеше минатата недела, од средата немам станато од кревет, и многу ми се смири матката. Магнезиум пијам 3х250, од пред три дена ми зголемија на 4х250. Мислам денес можеш и да си земеш поголема доза магнезиум и лежи си.
За магнезиум др. ми рече може по потреба повеќе (пример наведе што во болница кога има индикација даваат 1гр на саат).
Јас еве 38недела сум и не сум имала такви болки ,имам од време на време последнава недела лажни контракции ама за многу брзо време се смируваат,болки многу силни имав негдека кога бев 6 месец доле во препоните кога ми се ширеше карлицата и баш се пожалив кај гинекологот тогаш ми рече дека тие морам да ги истрпам да пиам магнезиум и до 1гр.во денот и тоа друго чаре нема .
И јас денес имам некои болки од сабајле. Не знам дали се баш менструални, ме боли стомак како за одење по голема потреба, а и бев 3 пати од сабајле и некако цел ден ми се лоши. Плус имам болки и во кичма. Болките не се јаки. Можно е да настинав нешто дека на овие жештини морам да пуштам клима, а клима не трпам. Не знам ама како и да е се плашам.
Здравоо јас во петок влегувам во 37 недела вчера почна да тече како вода малку по малку ама ево и престана можда се настинав меѓу тоа имав оштри болки во долниот дел од стомакот и карлицата незнам ни јас што се случува на ова бременост. На првата немав ништо од ова
Јас да прашам дали отекувате? Мене нозеве, поготово стопалата не ми се препознатливи веќе... порано ми отекуваа само кога седев подолго време, сега веќе отоците не ни се симнуваат.
Ако си во последните месеци нормално е ... јас на првата бременост нозете ми отекоа лицето премногу еве сега на второво рацеве и нозете не сум баш отечена на второво
Здраво мами и од денес овде ќе ве дружам, 27+0 денес. Не ми се верува како брзо ми летка. Сега за сега се осекам добро, ќе видиме викаат ова последново тромесечие било најтешко, а и цело лето треба да се истрпи... Малава изгледа се пика доле, и одма ме тера за во вц. Сум приметила не сака да сум пример навалена, сака стомакот да ми е исправен, ако се потпрам или поднавалам одма ме потсеќа дека е тука. Можно ли е или се филмам само?