@Цвет88 можно е. Мене така ми прави . Уште од сабајле кога се мијам над умивалник дека поднаведната и почнува да клоца
Мамички вие што сте 9 месец, да вр прашам бебето ми е помалку активно, мрда ама не толку мнофу како претходно цел стомак ми го разбрануваше, во петок дум на контрола ќе со прашам пак,но јас многу уморно се осеќам само ми се спие, да напоменам мн ми е низок притисокот денес 100 со 57 ми беше.
Нормално е да се осеќаш уморно и жешкото време има влијание на тоа како се чувствуваш, а бебето можеби му е тесно затоа неможе да го чуствуваш како порано... Доколку е активно осеќаш бар 10 движења во текот на денот не е страшно, страшно е ако не го осеќаш ич или пак многу слабо тогаш право на лекар немој да чекаш.
Уф не сум бројала никогаш феталнибфвижења,може има десет го осеќам се истегнува повеќе удира со ножињата,баш ќе прашам сигурно цтг ќе ми прават оти тогаш ќе бидам 36+2
Se dodeka mrda na 2 do 3h po nekolku minuti nema mesto za panika no sekkao moras ova da mu go kazes na doktorot.
@ma4e1311 веќе во последните недели е нормално да се намалат движењата . Нема веќе толку место . Секаде го пишува тоа . Така да опушти се , нормално е.
И кај мене не е како порано, само се папчи, покажува коленце или лакте Не можат да се превртуваат ко у 20 и некоја недела , немаат толку место.
И моето исто е помалку активно и јас сум 36+ не се грижи нормално е нема повеќе место за да се превртува. Моево најчесто се испапчува де лево де десно па горе или некаде В ребра настрана ќе удри. Вчера сабајлето го немаше 3-4 сати да мрдни ама вечерта па повеќе си клоцаше.
За испапчување уште не сме го напраиле тоа, али од ко не пуштија во болница со клоцањево слабо... насабајле и навечер онака ќе ме размава нежно во ребра, а после може и цел ден да го нема... си викам не паничи, омалаксана јас, па и тој.. башка дома сме сеа, посмирени... ама ко за 33 пуни, многу сме мирни, дури да се загрижи човек..
Кај сите е различно. Еве и кај мене не е секој ден исто, ама насабајле и навечер е најактивно, преку ден се случувало и воопшто да не го осетам. Лежи и одмарај немој да мислиш на лоши работи, гали меше имаш уште 3 недели до 9 ти месец. Ќе биде се во ред, а сигурно и дома ти е полесно. Храбра мамичка си ти.
Примив да, ама се' си беше нормално.. ова овие два дена само.. ко осеќам кога ика и малкуцка ако мрдне... ја научена да ринта, фудбал да игра унатре... И тоа си мислев да не е, лежањето нон стоп, дома опуштена, пожешко, поомалаксана... да не е од новата доза еритромицин шо ми ја дадоа, ама и во болница тоа го пиев, па мука немаше... ќе си почекам, ако продолжи вака консултација одма со доктор..
Примив флостерон, во 26 недела две ампули на 24 часа, и во 32 недела исто така две ампули на 24 часа... ама тоа беше пред една недела и мака немавме тогаш, си клоцкавме...
Мами, мене ми почнаа грчеви во листовите, страшни, само во спиење. До толку што од болка сабајле несвесно се свртев на меше на кратко....пијам магнезиум, пијам б6, вака сум супер али коа ќе ме фатат рипам од кревет, ниедна положба не ми е удобна. Уште една недела и 30ка... Него како се занимавате кога ви е досадно...еве веќе неколку дена средувам плакари, соба...само прередувам и пак се шлакнувам. Станувам рано, ќе завршам се што иам работа и еве овој период више немам обврски, порано не станував од компјутер, сега ништо не ми е интересно.
Мешиња во недела влегуваме веќе во 36 недела и почнуваме ситно да броиме.Сакам да прасам од кога и која е процедурата кога почнувам да одам на клиника на цтг?дали матичната ме птаќа или?
Матичниот треба да ти даде упат за кај сакаш да се пораѓаш, прво правиш цтг па кај доктор на ехо. Со лесно нека е
Мене ме фати манија за пеглање На маж ми му извадив маици од нафталин и му ги испеглав и наредив на закачалка И за средување. Вчера го терав маж ми да кречи, да лепи тапети..... Бев во меркур купував глупости трошев пари Демек со нови бои да го дочекаме Душа, едвај чекам да го гњавам Кога гледав клипови на youtube за тоа како мрдаат бебушки и покажуваат стапалче, мислев дека тоа го има таму некаде Вчера се снимав и гледам немирково ептен егзибиции прави Може ќе заврши на you tube
Ова изгледа групно. И јас вчера се фатив со се и сешто. Само брзо се заморувам па ќе си приседнам и се така. Можам да замислам кога ќе останам дома што ќе правам. А за егзибиции на синко да не зборам. Сабајлево дури се чудам. Се појавува на места на кои до сега не се појавувал. Штета што сум на работа па не можам да го снимам. Уф возбуда левел почна да расте нагло