Тогаш кој си е на дежурство, тој, шо па ќе бирам толку, само да се нервирам џабе ако се погоди на одмор
Јас ни болница не сум избрала. Во Ремедика водам бременост и таму докторката ми е супер ама се мислам дали да одам во Систина моите мн навалуваат да одам таму, а за доктори Панчевски и Ивановски ми ги препорачуваат. Сепак ако одиш кај некој на контроли може за пороѓај пак да не ти се погоди башка и за време одмори се пораѓаме. Како и да е за 3-4 недели веќе треба да одлучам.
Јас не би менувала болница. Баш го размислував тоа периодот, ама сепак се одлучив да се пораѓам во Ремедика. Особено што имам добро искуство со првото.
Ајде одлучи се и ти за Систина може цимерка ќе ми биде една од вас @TeddyGrey Па да ти кажам право, еве и ја не бирам коа ќе подразмислам убаво. Сите се врвни доктори таму нема што да се плашиме
35+1 imam nekoi cudni bolki nisko kaj stomakot, normalno li e za ovoj period. Od pamet se vadam,iskustva nekoi vasi vo vrska so ova.Blagodaram
Имам и јас некои болки во стомак, повеќе е како тежина кај бешиката него ли болка. Покрај постојаното чуство дека ми е полна бешиката и мочкањето на 15мин, понекогаш осеќам ептен нелагодност долу и ми е страв. Се случува пример кога ќе клекнам и сум во таа положба 2-3мин, после станување мислам ќе излезе нешто од мене Тогаш ко пингвин одам...
Мешиња, неколку дена по еднаш во денот ми претекува како водичка и ме прави лом водена на гаќи и пижами. Може ли да е од вагиналетите Вагисан што ги користам или да кревам паники?
Само преку ноќ? Мене тоа ми се случуваше последната недела пред да се породам. Ти до каде беше неможам да се сетам?
34+2 сум јас. Насабајле т.е. првиот саат до два откако ќе се разбудам наутро ми се дешава ова. Последните три дена. Не знам што да мислам. Дури и страв ме фаќа.
Мене само преку ноќ, но во лежење ми се случуваше. Се спремал организмот, се сеќавам и со првата ќерка имав обилен исцедок. Ти најубаво следи си дали ти истекува и повеќе пати во денот, тогаш би требало да отидеш на контрола да го проверите водењакот. Би те советувала да не ставаш улошки за да можеш да следиш колку често и обилно се појавува исцедоков.
Не, не ставам улошки. Ќе видам како ќе сум до вечер, па ако пак ми тече ќе идам до болница да ме проверат. Фала ти на одговорот. Многу ми е страв. Дека во понеделникот матичната ми рече ниско било бебето, па и појас носам по три часа во денот. На триста ума сум.
Ајде опуштено само. Ти кажувам...нормален е исцедок при крај, ти биди си позитивна и не мисли на водењакот
lele mene non stop taka mi tece ama so malku belo gaki menuvam non stop zatoa sto predhodno stavav sekojdnevni I mi bese polosho sega na sekoe stanuvanje sednuvanje znae da mi potece i pravec na menuvanje gaki. Ne se panici zgolemen e sekretot pri kraj i ne e strasno
Е и јас така мислев исто згора на се, болки ме фатија на 1.мај вечерта, е си реков готово, на патарина ќе се породам, мислев ќе има гужви, сите се враќаат дома од мајот. Ама патарини празни, дури и пластичарската како писта. А болките ќе ги познаеш. Со лесно
Да, ама колку да си го преокупирам мозокот со нешто нели де Ќе биде се како што треба да биде,кога ќе треба да биде. Фала ти
Здрaвo мaјки и идни мaјки. Имaм еден прoблем пa пред дa oдaм нa лекaр дa слушнaм oд вaс искуствa. Труднa сум 38мa неделa и некoлку денa нa делoт oкoлу пaпoкoт имaм кaкo бубулички кoи ме чешaaт, првичнo мислев сум пoлaзaнa или кaснaтa oд кoмaрец aмa еве не пoминувa. Имaлa ли некoјa искуствo,штo мoже дa е. Фaлa ви
Јас сум таква по нозете и на лактите, ми рече докторката од жешкото дека е и мачкам канестен. Ептен ситни се моите.