Незнам дали е загрижувачка или нормална следнава состојба, денес ја почнувам 27 недела, меѓутоа последниве неколку дена мн ми е напорно, повремено имам болки ниско долу, не се некои неиздржливи болки ама се осеќа болка кај ципите и тежина како бебето да турка надолу, стомакот исто со денови мн ми е тврд, а бебето мн поинтензивно и почесто мрда, клоцка дури понекогаш предизвикува некоја нелагодна болка веројатно ко ќе клоцни во некој орган, повремено имам и болки кај вагината. Ве молам за мислење да фаќам правец доктор или да почекам до понеделник кога ќе сум на преглед.
Isto i jas sum taka 27 nedela ama.sinoka.nz mislev deka.bebe ke mi izlezi skrozzz dolu kajncipite me udirase lazese kako zmija da pominuva i malku bolka osekav ama mn dolu mi e se nadevam nema da imame problem
Исто ми е веќе 2 недели. Јас не бев на док сметам дека е нормално, баш го прашував истото пред некој ден. Бремени сме неможи ништо да не боли
Ох фала мила, јас незнаев дали е нормално оти сега последниве денови е вака се избезумив ноќеска дури си мислев леле бебево да не се спрема да се роди во 7 ми месец, си мислев колку ќе биде малечка и мн тешко ми падна. Понеделник ќе и споменам на докторката, меѓутоа најверојатно е во ред се додека болката е повремена изидржлива
И јас си правам такви филмови последнава недела.. Стомакот камен тврд секој ден ми е, бебица не мрда многу многу, се поретко ја чувстувам, матичниот вели нема место затоа што е поголема да се врти толку, ама мене страв ме фаќа.. На следна контрола за 20 дена.. Како ќе се издржи...
истото ми се случува и мене немај гајле и јас сум 27ма... нема потреба од паника,мене ми е интересно кога ме клоца
Прашање? 34 та недела сум, втора бременост и доста често имам гадење и мачнини како на почетокот. Исто киселини и жарење во желудник ненормално. Дали некоја од вас се чувствува вака или слично во трето тромесечие? Нормално ли е?
Не, сега пред недела две пак. А цел бременост уживам, ниту повраќање ништо. Исто беше и со првото. Само чудно ми е сега пак... Можно ли е од желудникот или?
isto i mene pocnuva da mi se gade i povraka, i toa osobeno dodeka jadam, naednas mi se zgaduva 32 nedela ke sum uste nekoj den
Мешиња,веќе неколку часа ме боли левата препона. До толку да не можам ногата да ја кренам и да се движам... Генералка се прави,цел ден сум во движење... Дали е до премор или детево притиска на некој нерв. Што да правам? Има ли некоја женичка со слично искуство?
Јас сум 39та недела не сум била до сега на ЦТГ, ме гледаа последниот пат само на ехо и рекоа дојди за две недели.
Како бе у 39та ти рекле за 2 недели? Па тоа е веќе пуна 41ва, треба редовно да се прати ситуација не така без надзор да се остави трудница
Пред недела ипол бев на последен преглед така да за некој ден ќе одам пак (тогаш ми рекоа дојди за две недели).
Здраво мамички, јас сум веќе 34+1. Не сум баш активна низ темите... Уште одам на работа, па се занимавам со синко кој има 13 месеци и никако да најдам време да пишам. Ќе почнам да пишувам нема да се допишам и ајде ќе избришам и се така, но ве читам вас одвреме навреме кога можам пред спиење. Оваа бременост ми е мнооогу лесна заразлика од првата. Во првата бев со малку крварење во првите недели, болки, повраќање... сега супер.. и на одмор бевме а јас подвижна до максимум но овие 3 дена почна да ми се гади, стомакот ми се стега, бебе претерано активно, само ме клоца, мава, дури на моменти како без воздух да останувам Како се осеќате вие во овие недели? Поздравче
Завчера бев на преглед.. беба расте како што треба уште 2 дена и полнам 31 недела ама ме зачуди тоа што докторот ми рече да одам кога ќе направам 37 недели уште цели 7 недели па нели тоа е многу ни Цтг не ми спомна ни ништо дури да одам во 37 ма па ќе видиме јас малку сум исплашена што ќе биде за 7 недели
Немај гајле ќе летнат 7 недели ..туку за последните брисеви нели треба порано да одиш? Или сум.се помешала нешто.. јас ни цтг ништо не сакаше да ме замара.ми рече ако надминам термин ќе ми даде упат али Бааш на денот кога влегов во 38 ме заболе малку и директ на пораѓај . Нит цтг нит ништо.. ако ја осеќаш бебка нормално некој ден поише некој помалку свиркај си и гали меше ..