Зошто касно, таман си е преглед на 5 недели. Почесто контроли дури во девети кога ќе влезеш и тоа само ако има потреба, дај боже да нема
Резултати од брисеви претежно имаат после 1-2 недели, па си реков да не се породам јас до 37ма недела, без резултати Многу мислам очигледно..
Во било кој град да си за две недели како е можно да се готови и да ги праќаат во скопје пак е многу две недели.
Доаѓаат од синлаб и авицена еднаш неделно, првите брисеви ги плаќав приватно, пошо за микоплазма и незнам уште што немааа реагенси, си се кешнав околу 3500 ден и тие ми стигнаа за 2-3 дена, а сега за овие не ми кажа ништо матичниот дали ќе мора да одам на приватно, веројатно ако нема реагенси пак ќе мора.
Здраво на сите. Јас веќе не знам каде да се обратам. Мојата докторка (Лидија Черепналкова)што ми ја следи бременоста, од почеток ми напомена дека не се знае кога е зачнат плодот и секојпат мерките беа 10тина дена помалку од мерките кои би требало да бидат. Пример сега сум 37ма недела а бебчо одговара за 10та дена помало. Кога беше вториот скрининг бев и на уште едно мислење кај докторка Органџиска и таму го потврди докторката тоа. Стигнав до 35та недела според последан менструација и земав упат за во чаир - сакав консултативен разговор за како ќе биде пораѓањето бидејќи првото ми беше со царски, и би сакала така да биде и со второто. Доктор Димитар ме прегледува и доаѓа до заклучок дека бебето е помало 3 недели. Ако треба да бидам 35та недела бебето одговарало за 32ра. Ме препраќа кај доктор Трајчевски (вели со овој извештај ќе одиш да те прегледа докторот на патолошка, да ти направат доплери и не знам што), доктор Трајчевски не сакаше да ме прими (чекав од 8 сабајле до 13ч) морало да имам упат. Помина една недела нема слободен термин, во меѓу време ми се појави отечена вена на вулвата, беше сабота отидов на дежурно во чаир и едвај дојде доктор да ме прегледа и ми вика дека има заостанување 4 недели. Да дојдам во понеделник во 8ипол дирекно кај др.Ана Марија Шпишиќ на паталошко и се јави на докторката и таа кажа да дојдам ќе ме прими. Во понеделникот докторката ја нема на смена. Дојде др.Кировски ајде да ме прегледа- не им работело ехото-оди чекај кај Трајковски им објаснувам дека нема шанси да ме прими, сите и сестри и доктори само тоа ми кажуваат-оди и чекај. Се расплачав од нервоза. Термин за упат кај Трајчевски е на 5ти Ноември прв слободен. Земав приоритетен, ама дали ќе ме прими не се знае. Во меѓувреме отидов пак кај Органџиска, го мери бебчо и ми кажува има отстапување само дена ништо повеќе- тежина 2545гр. Одам на преглед кај мојата докторка ми вика ааа почнало да не напредува доволно тежи 2150гр. Крвна слика супер, д-димери послен пат резултати супер, брисеви супер. Мене искрено не ми е јасно како може кај сите доктори да бидат различни мерките? Ако може некој совет, стварно не знам што да мислам и што да правам. поздрав и убав ден.
odi vo remedika ili sistina na eden pregled,namesto da cekas termini i cekanja po hodnici.ke platis moze poveke ama barem ke znaes na sto si a ne da se maltretiras od edne doktor na drug pa i da ne te primaat.jas ne bi cekala bi odela vednas.
Нека не те плаши тежина на бебе,мене првото ми се роди 2460г.а кога одевме на контрола после супер напредуваше и до 1 год.имавме 11кг. Само сепак заради себе направи си преглед во Систина или Ремедика пошто планираш со царски. А каде сакаш за породување? Таму што ти кажуваат? И јас сакам да повторам брисеви во synlab,не знаев дека имаат и микробиологија. Колку чинат? И како е процедура?
Да ти кажам искрено незнам дали првите брисеви беа во синлаб или авицена затоа што сите резултати си стојат во досиеа кај матичниот, а резултатот ми го запишува во мајчината книшка. Матичниот има договор со двете лаборатории, ми зема брис и ги испраќа, за 2-3 дена ми се јавија со резултат.
Приватно се 2.300 сите. Освен ако гинекологот не ти наплаќ екстра. Сиг.државно ќе чекаат реагенси затоа за 2 нед. Навистина е многу
Не се вознемирувај, различни апарати различни мерки но ПАК не се најмеродавни, реалната тежина може да е скроз различна. Мој совет е наместо што луташ по болници и различни доктори, да си одиш еднаш неделно кај матичната, Черепналковска сепак не е доктор од вчера, искусна докторка е. Редовно да го мерите бебето и доплер да ти направи. Значи еден апарат за да имате реална слика за тоа дали навистина не напредува или само е покасно зачнато. Незнам какво значење има отечената вена и дали е опасно, тоа нека следи матичната и нека те упати соодветно.
Уште една непреспана ноќ... и плачки во сонот, се разбудив цела расплакана и уште плачев, неможев да се смирам, ова во 3часот, сонот не беше страшен но со разделба од сакана личност На работа сега сум и дремам уморена ко да имам цела ноќ работено