Здраво мешенца Сега сум 30 недела иако ова ми е втора бременост пак се плашам дали е нормално, бебушко мој е мн немирен и го осеќам како ме удара ниско во јајниците. Сега дали од тоа имам болки во јајниците и во препоните или е нормално во овој период. Првата бременост ми помина без никакви болки и гадења и сега ми е се ново ...
Да кај мојата докторка си одам и нејзиното мислење најмногу ми значи, ова ми е втора бременост што ми следи истата докторка. Вената е од тежината на плодот- бидејќи јас не сум и во висина помала и во тежина сум слаба едвај 60кг дали имам во 9ти месец од бремеността. Почнав со клексан да примам, примав и во првата бременост. Само што ми е чудно и не можам да разберам зошто различни мерки секаде. За пораѓање планирам во чаир и не знам кога треба да одам на цтг ни за кога да се спремам за пораѓај бидејќи првото ми е со царски и мислам дека не треба да се чека многу за втор царски. Со првото ме породија во 41ва недела. Немав болки, не се отварав и повеќе моја желба за царски. Е сега не знам што и како да очекувам.
За одењето на цтг договори се со матичната што и како. Јас не одев со второто. А дали ќе биде и вториот царски одлучуваат акушерите во болница.
Не знам дечки кога почнува трето тримесечје не ми е јасно.. на систина и на апликацијата вика од 28 недела, а на форумов гледам сите рачунаат од 27.... јас сум 26 и стварно ме интересира кога влегувам во 7ми... ако некој има поточна инфо нека сподели..
Хмм, нешто не ми штима. Докторот што ќе ме пораѓа ми рече дојди прва недела од 8ми месец, односно 32 недела...
Седми месец почнува од 27 недела, а трето тромесечие од 27 полна тако звана 28. А докторот чим ти рекол 32 се води по систина мерките. Битно е тука негде сме недела плус минус
Здраво, како сте ? Да се пријавам овде, не знам дали имам пишано откако влегов во 3 тромесечие. 31+2 сум моментално, денес проверував крвна слика, урина и д-димери. Железото ми е ослабено од пред еден месец, 13, а хгб 118 - исто опаднал. Д-димерите се во ред. Гледам на урината ми запишале 'доста бак. флора, доста епители' па веројатно ќе правам и уринокултура. Освен малку зголемен исцедок, немам некоја мака како пецкање, чешање итн... Ама матичната е паничарка, па сигурно после ќе ми даде Панцеф + вагинални. Не планирам да земам ништо додека не направам уринокултура. Така и последниот пат ме исплаши за џабе, па се беше во ред. Баш ме интересира колку сум поправена последниот месец, после ќе се мерам кај неа. И бебо да си го видам, 4 недели поминаа од последната контрола На моменти го губам здивот, претпоставувам нормално е во поодмината бременост. Друго после ќе ви пишам како ќе поминам
јас на моменти имам некоја краткотрајна тахикардија, отчукувања околу 100 до 110 ми се. Ќе се појави и ќе ја снема.... Не знам дали треба да се загрижувам? или не? Денес бев на фетална ехокардиографија, и ок е. и срце и протоци и све.
И јас имам, нормално е. Јас почнав со курсот за подготовка за породување. Има вежби за карлица кои се прават во следните три месеци, вежби за стегање и опуштање на мускулите на вагина и газни и вежби за половина и нозе. Најмногу се препорачува пливање, ако ви е страв од инфекции треба да ставите тампон со јогурт пред да влезете. Плувањето било рај за породување. Друго битно е она се внатре тежи цирка 10 кг и ќе бидеме послаби за десет од старт
Ај да се дополнам Бебо е 1700гр, добро напредува, д-р вели би било околу 3200/3300гр до крај. Јас сум поправена 6кг од почетокот до сега, што е супер Притисок 100/70 како и до сега. Да направам уринокултура па ќе видиме. Ми даде сируп Флорадикс за железото, и така. Останете во добро расположение
Мене денес ми земаа два бриса заради исцедокот што го имам,докторката рече внатрешно нема ништо ама да провериме,однесов и уринокултура па ќе видиме што ќе биде. Скоро еден месец имам течна столица а никој незнае зашто е тоа така,или секое сабајле или на два дена. Шеќерот се стабилизира малце,д-димерите ок се ,времињата си стојат од почеток така без промена. Утре ќе правам крвна слика и тоа да видиме до кај сме. Бебево лудува бранови во стомак си прави. Мене не ми се верува дека ми останаа уште помалку од 10 недели и дека стигнав до тука,ова е за нас голем успех.
Во четврток бев на цтг, добро е рече докторот, го ѕирна и бебе и рече има доволно вода и постелката е рече таква како што е за при крај, шо му значеше тоа незнам Се надевам во ред е. Закажавме царски, па наскоро здравје ќе се запознаеме со беба . Мм уште не верува дека ќе имаме девојче додека не видел Он дека има брат и кај нив се 90% машки и интересно му е. Се е исперано и испеглано благодарение на мајка ми, да не е она што ќе правев којзнае. Никогаш не сум имала проблем со кичмата, сега неможам да одам, изгледа нерв имам притиснато и на секој чекор ме боли мнооогу позади, ама ајде уште малку остана до крај... Цуцли, шишиња.. планирам да купам овие денови, уште тоа ми остана и ќе го чекаме денот