Еве за некој ден влагам во полна 37 и ја раситнувам 38. Уште не ми се верува дека додука истуркав. Конечно доспремив се за бебе, исправ и испеглав. Едвај. Кичмата ме уби. Уште се да пречистам и бебе може да дојде Четвртокот бев на последна контрола и бебе е со главчето долу и мн спуштено. Тоа го чувствувам и гледам и сама. Па ме интересира дали ќе дојде порано Исцедок имам постојано, а др симптоми некои немам. Малку се изнервирав што матичниот не можеше убаво да го измери бебе. 5 пати мереше и од 2800 па до 3 кила беше варијацијата. Заокруживме на 2900. Ајде тоа не е ни битно. Постелката ми е скроз чиста само 1-2мн малечки бели точки се гледаа/ калцификати. Па др ми рече дека ако седи до термин има убаво да си расти. Сега понеделник ќе одам во Плодност и од сега таму ќе ја водам бременоста. Сакам да прашам дали треба матичен да ми препиши сируп за железо или можам сама на своја рака да си земам. Пред 3 недели ми беше 125 хгб со 15 серумско, па сакам сега пред пораѓај да попијам хеферол. Како и да е ќе правам деновиве нова крвна слика па сама ќе си одлучам. Не сакам после пораѓај да се онесвестувам.
Големо бебе тешко се мери Највеќе утињаат со мерките на крај...мерат поголемо искача помало, или обратно За железото можеш и на своја рака, по шема која претходно си ја пиела, без многу експериментирање.
Немам досега нишш пиено за железо. И матичниот ми рече супер е не треба. Сега кога ми го даде последниот упат ми рече си знаеш сама ако сметаш земи нешто.
Здраво на сите, имам едно прашање. Сестра ми е бремена 28 недела е и правела некои анализи за торч ми рече (појма немам што е тоа) .. и и излезе све негативно како што треба да е само на 2 има +, не пишува ни позитивно ни негативно. И сега малце се плаши не знае што е тоа па ако некоја од вас знае дали е ок тоа или не да ми каже ... во прилог слика од резултатите.
хелоо...28ма сум веќее..ке се дружиме тукаа..испитував денес д димери и резз е 1240 ...дали е страшно? која е границата? ии анемија на граница пишува..дали е за плашење?
Ај добро утро Вчера бев на ехо, 34 недела, бебо е 2.5кг, само не можевме многу убаво да го видиме, беше заспиено и со рачињата пред лице. Јас сум 7.5кг поправена до сега, знам дека не е многу, ама се плашам сега на крајот да не качам ептен, дека многу ми се јаде последниве недели. Притисок 110/70. Крвна слика и брисеви ќе правам следна недела, се надевам железото и хгб ќе бидат покачени од сирупот и апчињата. Повремено ми се стврднува стомакот, ме затега и боли, па ќе ме пушти. Докторката ми рече да пијам магнезиум два пати дневно, веројатно се лажните контракции. Се потешко ми е да издржам до 17ч на работа, едвај доседувам веќе. Ама рано ми е да го почнам породилното.
Здраво феминки, ние со цуцата влеговме во 3то тромесечие многу се радувам. Може некој да ми каже што е специфично за ова тромесечие? Некои испитувања?
Испитување скриен шеќер и брисеви околу 36 недела, крвна слика исто секој месец, а сега при крај и д димери испитав на барање на матичниот... тоа е кај мене А општата состојба променлива. Малку потешкотии со спиењето, апетит до максимум
Денес си бев на преглед во 36 недела почеток, ми зеде брис за стрептокока ( ила така нешто) без тоа железото и без кацвање на бокс со стапцето поврсински помина кај вагината, ми даде упат за 2 недели за на Болница кај док. Николина ( јас ја одбрав), ми даде потврда некоја која заедно со Изводот на бебенцето и мајчината книшка ќе ги носиме во социјално за некој надоместок за прво бебе. Бебушката беше 2кг и 800гр, главчето свртено надолу, меѓутоа позиционирана е доста високо во матката така да пораѓајот нема да е за мн скоро, треба време да се спушти надолу а мама треба повеќе да се движи за да и помогни полесно да оди надолу. Со резултатот од брис и крвна слика одам уште еднаш наредната недела кај матичната докторка и потоа секоја недела на болница на ехо да ме гледа док Николина. Некако ко наеднаш да дојде крајот јас како уште да си мислам има време, ама мора да почнам алиштата на бебето да ги перам и пеглам и редам в плакар, а торбицата веќе ја спремив за на болница само се мислам да ги испеглам спавачата и др работи кои ги носам за мене
Mamicki zdravo Jas ja sitnam 30nedela,terame nakaj 31.Denes i vcera primiv flosteron za zreenje i nekako uplasena sum.Kako vi se iskustvata na Vas so ovie inekcii.Od koga me bocnaa bebus kako da se smiri so klocanje pomiren e.
Јас немам искуство ама баш пред некој ден тука некаде прочитав од членки дека е нормално да има намалени движења после овие инекции во првите ден два. Сигурно ќе ти пишат AlicaInWonderland мислам ги примаше
Не се плаши нема да го осеќаш толку многу бебко пд инекциите е и јас така паничев, инаку зошто ги примаше? Јас бев отворена во 32 недела ги примав и издржавме до 38..со лесно и без страв ситно броиш
Во 30 недела цервиксот е паднат И јас примив вчера и денес. Бебето е скроз намалено со движења и активност, како дрогирана да е, но мене во систина веќе ме предупредија за ова, така да не се секирај нормално е. И јас сум многу уплашена ама тоа е што е...