Zdravo, Dali nekoj moze da mi kaze, sto treba da spremam so mene za vo bolnica na poragaj? Pampers, pomada za bebeto, samponce, sapunce... takvi raboti....
Тука има соодветна тема за тоа што ти треба за во болница за тебе и за бебето... барем отприлика да си знаеш што треба https://forum.femina.mk/threads/Што-да-се-спакува-за-во-болница.14100/
мамички каков ви е исцедокот во ова тромесечие јас сум 28 недела, каков е нормален ? овие два дена повеќе ми се воденат гаќите повеќе ми е како водено и како жолт исцедок имам малце? и бебчето како го осеќате во која недела почнува да се превртува ? јас повеќе околу папокот и дури тогаш кога ќе ми мрда на тоа место не убaвоо ми е на папокот како да ми се тегни ..
И јас имам таков и имав во 28 недела, сега сум 29+5 уште го имам, меѓутоа ми кажаа дека е нормално.... А бебе се превртува охоооо на исто место и кај мене се мрда ми го затега стомакот како конус, и папокот ми е испапчен... Сега клоца лево-десно покрај карличната коска, а мене ми е скокот тука
Горе-доле и кај мене иста ситуација како тебе и @Ygritte.. 28ма сум и јас а бебе се врти како сака, кога сака највеќе клоцка долу ниско, во јајници, на папоче исто, зависи каде му е најубаво тој ден вчера баш на преглед бев и ми рекоа со газето дека е надолу, се вртеле/местеле до кај 34-35та недела.. Уште колку шутирања и тегнења ќе паднат до тогаш ехеее
Во 28 кога бев на контрола ми рече ова е се спрема за излегување ... Таман си е наместена.... Ама за овие 2 недели охоо мислам дека кај белите дробови ми дојде.... А јајниците каша охоо....
32+1 бебка постојано мрда, не клоца туку цели бранови ми прави. Ако седнам бранови ако станам пак бранови, ако легнам исто. Се смирува на 5-10 минути и пак истото, само кога пешачам повеќе се амирува на подолг период. Неделава што измина најмногу ја осеќам. Некогаш го гледам стомакот мирен е а јас ја осеќам дека прави нешто внатре. Исто така понекогаш ме сече како силно да сум стегната со каиш, или како прслукот да ми е престегнат веднаш под градите кај желудникот. Имам чувство дека и сметам со нешто. Нормално ли е ова во 32-33 недела?
@Ygritte леле уште многу не чека да одиме јас сум после 5ти на контрола па ќе видиме како напредува,а и мене ептен ме стега долу мислам ластикот е од пантоломите само го тегнам а и некако сега почнува повеќе да ми тежи и некогаш одвреме навреме осеќам долу како болка ако се движам морам да застанам ми се чини ќе излези не убаво чуство тогаш, треба да направам испитување сега за скриен шеќер крв и мокрача пак , колку ви се во тежина бебчињата?
@Ygritte штом е наместено нека седи така и нека чека време за старт јас па само се мислам дали воопшто ќе се намести за природно после па се тешам - како му е желба така, мама ќе се прилагодува, се за нив @anita123 вчера не измерија 1060 гр. (+- нели). Со оглед на 100те грамчиња во првите месеци сега си мислам кој знае каков буцко е со лесно на испитувањата
Здраво феминки,од денес почнувам 37 недела,клоца баткото по малку вајда му снемува веќе место,и имам такви слаби менструални болки навечер,Срекна НоВа Година ви посакувам на сите,и некоја од нас од тие што се на ред нека си се олесни во 00:00,имајте убава година.
среќни празници прво јас сабајле кога станвав мами каков креч ми фати ногата еве два дена со ред мислев ќе пукнам, почна цела половина и да ми се фаќа се преплашив .. колку магнезиум може да се користи ?
Мешиња за да почнам со прегледи во Чаир ми треба упат од матичен, така? Ако да, дали има термини или и за тоа треба мн порано да закажам? Матичниот брисеви сака да ми земе во 36+5 и тогаш да видиме за Чаир. Ме плаши да не е доцна?
Mene maticniot mi kaza, koga ke me fatat bolki togas. Ama jas ne mozev da cekam i bez upat si otidov vo 36ta nedela, cisto da bidam smirena. Me primija bez problem i mi zakazaa za dve nedeli.
Ти благодарам Хана. А дали имате зголемен исцедок? Ја сум 34+4 и кога се бришам имам малце лигаво некогаш бело, некогаш малку зелено (ова се случува последнава недела). Нема никаков мирис, дали е за паника или ?
Iscedok imam i jas, na brisevi ne mi pokaza deka imam bakterija, i nisto ne prevzemav. Najubavo na slednata kontrola da go informiras maticniot i taka ke davas bris za streptokoka paa da se proveri i toa. Mislam deka nema mesto za panika