Денес бев на контрола се е во ред бебка веќе си била наместена со главчето надолу јас сум 29 недела и 6 дена колку тежат вашите бебчиња во оваа недела ? Во мокрача покажува инфекција па правев уринокултура се надевам дека нема ништо освен повеќе исцедок што имам како жолто малце
Jas bev na kontrola vo 27 nedela maticniot mi rece deka tezi 1050 gr i 2 nedeli mi rece da pojdam pak mal mi bil stomakot pa da sledel da ne zaostanuvalo bebeto vo rastot
Јас сум 33+3 денес бев на контрола,бебка 2020 е тешка,др вика ни премногу големо ни премало,добро е..и зедов упат за кај зоран илиевски во чаир,некаде во 36та недела ќе отидам да видам што ќе каже за пораѓај..ме интересира цтг правевте кај матичната или таму кај што ќе се пораѓате ?
Да се пријавам и јас во оваа тема. Денес 27+1, полека стигнавме до ова последно тромесечие. Почнува периодот на одбројување . Од симптоми имам повремени болки во препоните и кога ќе станам од кревет чувствувам некој притисок додека да се раздвижам. Но потоа поминува. Повремно знае да ме заболи и половината ако сум лежела лошо но сега за сега не е страшно. Она што почнав да осеќам оваа недела е дека бебето расте и почна да притиска на желудникот, па ако каснам повеќе ми е тежина. Ќе мора помали оброци но почести.
Devojkii..37ma +1 sum denes...bev pred 2 nedeli na doktor mi kaza nemas nikakvi grizi i mi zakaza za 16ti... CTG pravev pred 4 dena bese super...vcera imav nekoe cuno custvo na olesnuvanje vo gorniot del na stomakot no ne mi e ni malku spusten spored toa kako sto mi bese...imam zgolemen iscedok, nekogas e zoltenikav nekogas i bezboen..dali toa znaci deka se topi mukozniot cep? kakva boja ima toa? dali e za panika? bolki imam od pleskite na grbot do kicmata...izvinete za latinicata
Брисевите за стрептокока се земаат на ист начин како и контролните брисеви? Мислам на гинеколошкиот стол и со спекулум?
Мислам на стол да, а се земаат од простор помеѓу вагинален и анален отвор, не внатре, барем така прочитав на страна на систина.
Мразам спекулум и го мразам столот, од како останав трудна го замразив некако многу почна да ме боли таквиот преглед. И уште едно прашање, веќе сум 34+4 кога ќе ми даде др упат за пораѓање? Треба да кажам дали сакам државна или чаир? И кога се почнува со цтг? Матичниот го закажува првото цтг или со упатот за пораѓање одам на цтг?
Не е страшен овој брис, не боли. Нема потреба да се плашиш. Јас мислев на таков стол се пораѓаме до пред некој месец затоа не ми се допаѓаше. После пораснав и сфатив што е бокс за породување За другите прашања не знам како е други ќе ти помогнат.
Хаха и јас мислев дека на тој стол се пораѓаат кога отидов со првото да се пораѓам тогаш сфатив дека си нема врска
Здраво лепотици, јас сум 31+3, втора бременост. Вечерва имам болки во долниот дел на половината и стомакот, ме фаќа паника. Не ми личат на контракции, ама пусти страв дека со првото имав предвремено породување во 35 недела. Дај утешете ме дека и вас ве наболува и дека е нормално инаку имам закажано за утре во 10 преглед.
Јас кај мојот матичен бев на преглед пред два дена и тој ми кажа да поминам кај него за 5 недели дека тоа ке ми биде и последен преглед кај него и дека тогаш ке ги земеме и последните брисеви, на тој преглед треба да имам одлучено каде сакам да одам државна или чаир и ако има доктор кај кого сакам, да пробаме кај тој дали има место, значи со последниот преглед кај матичниот ти даваат упат а за ЦТГ баш го прашав и рече се зависи од докторот кој ке те прими и ке ти направи преглед па според ситуацијата или ке ти закаже за недела дена две или пак за ден два се зависи од ситуација мислам дека ти помогнав со одговорот бар мојот така ми објасни А веќе кога сме кај бирање јас сеуште немам одлучено каде и незнам што да правам многу ми страв ако сум и царски упте потешко незнам за пто да се одлучам совет некој? п.с никогаш незнам да пишувам кратко се извинувам за долгите коментари
Кај мене во 31 недела ми се појавија такви болки и ме држеа 4 часа, као лажни болки се ме боцкаат прогестерон и да лежам да одмарам. Дали 3/4 дена лежев после више не, не пешачам не шетам ама дома си работам еве 34 завршувам и почнувам 35та недела уште ништо нема, ме фаќа кичма и меше привремено но не во исти интервали, јас во петок ке идам да видам до кај е бебе. Еве ти утеха дека веќе 3 недели имам такви болки и ништо не се случи си се туткаме