Фала душо, цела ноќ ме болеше, сега се смири. Првата бременост немав вакви болки, затоа се исплашив. Ќе видиме што ќе каже докторот. Инаку кај мене нема одмор, со 3 годишно дома, и да треба да мирувам, не знам како би се изведило.
Нормални се тие болки во 8ми месец. Но се препорачува многу одмор. Со мало дете тешко али избегнувај барем кревање. Би било добро кога некој овие недели до 36та би ти помагал околу домашните обврски бидејќи веќе имаш историја со 35та недела. Исто така и грлото на матка нека ти го измерат да не ти прави бебето притисок доле. Магнезиум уклучи обавезно чист.
Грло на матка ми се мери на секој преглед од сам почеток. Пред еден месец беше 30мм, сега денес ќе видиме, чекам ред. Закаснив на преглед оти малата реши денес баш денес да ме изматка максимално.
Здраво девојки .... јас сум 30+5 и на преглед ми видоа цервикс од 25мм....се скратил...дали можете да ми кажете препораки како да терам понатаму...затоа што докторот не беше нешто загрижен...само ми препорача поуспорено и почести контроли
Јас на 32 бев со 2,5 см. Плус контракции како причина. Може да е и бактерија за кратење на грлото на матката причина. Од 32 до 36та лежев. Магнезиум чист, еден остеопатски прашок за смирување на матка и вагинални против бактерии 7 дена ми беше терапијата. Прво треба да провери што е причината за кратење па потоа да те советува што да правиш. Во секој случај одмарај, тешко не дигај и не седи така правиш притисок доле.
Еве ме.... грло на матка 20мм.... се скратило. се надевам ова барем ќе поседи недела до две повеќе од првото.
Дрвојки...да ве прашам...што ви е дозволено и што пиете за главоболка во трет триместар...пробав со Мг и б6...ама еве уште ме боли...проверив протисок...ок ми е
исто и мене долу ме наболува а и бебка мрда ептен најдолу неднаш знае да ме фати паника какп да ме пресекува нешто и одма поминува,досега вагинално не ме имаат прегледано ... која недела се прават брисеви и вагинално прегледуваат колку сме отворени ?
@anita123, не знам од кога вагинално прегледуваат, мене од почеток цело време ме прегледуваат заради што имав проблем првата бременост. Која недела си?
Си се пронајдов сама од пред точно 3 години. Интересен факт е дека истиот датум ми беше термин како и сега. Ова сум го пишала на 14 февруари 2016... Тогаш било 2,5цм, сега е 2цм. Историјата се повторува. Се надевам оваа бременост ќе истуркам барем до 36та недела, освен ако сакаат заедно да слават роденден децава мои
Која недела се породи првиот пат? Мене досега искрено не ми мереле цервикс,освен еднаш негде 5 месец бев се исплашив дека имав ниско болки,па бев на преглед,ме видоа со спекулум,беше се ок.Ама траеше доста кратко прегледот.Не знам каква е и колку трае процедурата за мерење? Од утре влегувам во 31 недела,последен ехо преглед правев 28.Нормална бременост имам досега,без посебни терапии,си осеќам овој период тежина,затегнатост на стомак,клоцкања на сите страни ,болки понекогаш нормално,мада понекогаш ме фаќаат некои панични филмови од предвремено породување,а немам уште спремено ништо
Првиот пат се породив на 35 недели. Скратено грло на матка нема некои симптоми, со вагинално ехо се прегледува. Не грижи се, почести се оние кои ги надносуваат бебињата
и плус почнав јас во вц почесто да одам некогаш ми се чини в гаќи ќе се помочам од што ми мрда бебе долу
Од понеделник влегувам во 37 недела ама веке 9 дена сум со настинкава невидена ме уби, прво пред нова година беше сопругот па мене касно ме фати првен сува кашлица со затнат нос па се спуштило на плука за никаде сум снагата немам ми дадоа антибиотик малку сум подобара но сеуште сум затната секрет од нос еден тон се потам премногу посебно на спиење и сила за ништо немам бебушка си мртка од време на време некогаш убаво јако мава посебно во кичма е најјако термин ми е 10 02 последен ме фака страв да не не оздравам скроз да не немам сила за порагај