Страшно сум испаничена, како што минува времето се по исплашена сум. 35+3 сум, бебе скоро е спремно уште да преперам, али за мене уште ништо немам земено. Со првата бременост не ми беше вака бев по смирена дали не знаев што ме очекува.
Ајде без паника,штом си стигнала до тука,нема гајле..Обично и велат вториот пат е полесноИ јас со првото немав мака,сега малце сум во грч дека имам миом над матка па си правам филм дека предвреме ќе се породам,па да не се искомплицира нешто..мада досега е се ок,лекарите велат дека слободно можам и природно пак да се породам,но се појавува одвреме навреме тоа потајно чувство на неизвесност и што како ќе биде..нормално е,како се ближи термин расте возбудата Со господ напред ќе биде се во ред
38+ сум...не ми кажаа колку ми е грло на матка ниту ништоо ..2 пати на цтг и др вели се е во ред..можно е да не мери? ниту еднаш до сега ми нема кажано за тоа информ...
Ајде да повториме кои болки се нормални за 35+ Болки над срамната коска? Болки како да имаш шише меѓу нозе? Болки како при овулација само поболни и подолготрајни? Болки како да те влече нешто надолу и постојан притисок? Напомена истите се издржуваат, не се неподносливи но не можам да стојам исправено подолго од неколку минути. Help?
На 38+ не гледам и смисла да мери грло на матка. Ќе те проверат со рака длабоко во грло следниот пат дали си отворена. - да -да -да -да Сите до една укажуваат дека бебето се мести во мала карлица и треба да се мести од 34та до 36та недела. Ќе се спушти порано кај тебе. За да не ти е мисла одмарај до 36та и не седи оти правиш притисок. Од 36та џогинг и скок на јаже низ дома
Јас лежев две недели. Јадеш и пиеш во кревет легната, стануваш само до веце и за туширање. Направи си листа на филмови, музика, форуми, стави си перници под тебе оти се здрвува грб и колкови од лежење. И секако спреми се психички зошто е проклето тешко тоа лежење. Некој треба да ти помага низ дома или од вечер нареди си се на кревет шишиња вода, храна, лап топ итн. Седење најстрого Не.
Јас сум 37+5 и денеска бев на преглед и мене само CTG ми правеа и ехо еве веќе 2 пати до сега. Ми рече рано било за вагинален преглед. Најверојатно ако CTG то покажи контракции е тогаш изгледа мерат.
А во 28ма недела нормални се болки т.е како притисок скроз ниско од двете страни на стомакот незнам како да опишам повеќе е како нешто да е оптегнато константно и ако попешачам малку уште толку се затега мислам. Треба да мирувам ?а баш сакам да сум активна а не можам
имам болкии како што ме болеше воспалена бешика...можеби 2 мин ги имам и прекинуваат..на 40мин интервал...само од левата страна...се мислам дал да се спремам за болница? 40мин пат има до тамуу...
Како сте мешиња во ова последно турбулентно тромесечие . Јас во глобала сум добра, ја привршуваме 29 недела, бебка е добра, убаво се храни и напредува, одговара на неделата . Едвај чекам да се запознеме, немам веќе стрпление ехее а имам уште два и пол месеци до краен термин. Повремено и јас имам болки во срамната коска и бодежи во јајниците, особено кога се наведнувам или подавам кон нешто. Се си велам дека е нормално . Бебушка обожава да ме удара во ребра, знае да здоболи но само она нека си ужива, да знам дека е добро. Имајте убав снежен викенд
@paleska3 Здраво мама палеска мило ни е што сте добри така да си бидете до крај Ние сме 32гн и гураме некако бебка е добра де спие де си игра, и најдов цака како да ја предизвикам за мрда и јас одвај чекам да ја запознаам се надевам ке ми летне времето сега кога ке се вратам на работа дома неможам повеќе настинав од што се пазам премногу, ми треба раздвижување
Супер, само нека си растат, потоа ќе ги опсипуваме од бакнежи и гушки . Почна ли да купуваш за бебушка?
До каде е бебчето со позицијата се сврти ли? Моево во 28 беше бочно поставено се тешам и си викам сигурно тргнало да се врте со главчето надолу и тука му се уарнало Ама бабицата ми рече има време уште ќе се сврти уште 100 пати Користат ли вежбите барем?
@paleska3 искрено сеуште немам ништо купено од облека за бебушката ама затоа од мама и од сестра ми имам две полни кеси боденца, шпикозни, пижамчиња, бенкица со ѕивриња, лигавчиња чирапки и многу комплетчиња за дотерување а јас сеуште ништо, најверојатно ке остане само комплетчето за излегување од болница од нас и толку што вели татко ми " ти планираш нешто да купиш" хаха ке земам да не сум без ич ама имам доволно. Еве сега сме преокупирани со собата до сега се бојадисуваше а од понеделник ке се купува креветче и количка здравје, одвај чекам да ја средиме собата има уште многу за средување ама ке биде, а ти до каде си може е рано ама дали почна од некаде? @Ringishpil_ искрено ги правев вежбите два дена после немам време се сум со гости а сега и настинав немам сила ама како што ја осекам мислам дека е свртена не е целосно ама се врте абе послушни се они ке се свртат на крај верувам а и ми кажаа дека може и на бокс да се сврти тоа е инстикт ке биде верувам ти до каде си со купување за бебка?