@paleska3 @***Bony*** и јас почнав 32 недела после една недела сум на контрола па ќе видиме колку се поправила бебка, во 29 недела ми беше 1230 грама некако малце ми изгледаше а гледам според страната од систина таман се води минатиот пат ми рече докторот дека си е веќе наместена со главчето надолу ама уште кизнај колку пати ќе се сврте и јас сеуште немам почнато со купување планирам од др контрола да купам скоро се по 6-7 шпикозниња,бенкици,бодиња, 2-3 ќебенца,перничиња колку да имам за менување за почеток оти многу ги одраснуваат а комлетчиња мамички за 2-3 месеци пр купувате поголемки или ..? повеќе ги облекуваат после 40те дена .. уште не знам салам што да купам инаку почнат многу да ми фаќаат креч нозете и ептен ме боли кога ќе ми се стегни мускулот, некогаш имам болка долу во јајниците ама поминува за брзо не е лошо ..
@anita123 ако мислиш комплетчиња за дотерување мене сите ми се за после 3 месеци само едно фустанче ми е од 0-3, другите се поголемки после кога ке шетаме ке бидеме дотерани за дома пижамки шпикизни доволни се
@***Bony*** Јас искрено многу рано си купивме со мм, незнам некаде пред 20гн ни беше мерак ептен,сега кога си бевме МКД за празниците си докупив нешто и од таму а и искрено тогаш имав повеќе енергија и само шетав и што бендисував зимав а сега од кога влегов во трето тромесечие немам ич волја да излезам и да шетам некако ме мрзе и едвај се движам до продавница Останаа количката ,креветчето и некои други ситници ама тие таму при крај здравје и некои работи за мене Од алиштенца и јас не зимав многу комплетчиња имам некои што се од 0-3,во главно повеќе се бодиња,шпикозни,капички,лигавчиња едвај чекам да ги исперам и се да биде спремно
И јас едвај чекам до сега неколу пати ги отварам да ги видам алиштенцата многу се слатки уште малку ке се воздржиме
И јас имам купено 3 дводелни комплетчиња 62 бројче и две бодиња 62. Треба да купам 56 бодиња и шпихозни, но чекам да донесат пролетна колкција сепак сме априлско бебе ние. Освен ако не реши да се роди бебка во март кога ќе влеземе во 9 месец
И ти како мене а верувам и другите пред нас мислеле дека порано ќе се породат ама повеќето гураат до 40ка и даље Јас му земав и од 50ка ,56ка и 60ка и се е на долго пошто Англија е ладна и Јуни да се роде па у долги би го облекла
Невозможно е тоа да не го помислиш , а потоа ќе се жалиме како сеуште не им текнува да излезат . Сакав да ве прашам дали практикувате спиење на лева страна. Мене најзгодно ми е на десна. Колку и да се трудам, кога ќе се наместам на десна страна одма заспивам и ништо не ме боли. Спијам и на лева но многу поретко, па се грижам дека не и е удобно на бебка
јас повеќе спијам на десна а знам дека треба на лева страна. Скоро цело време бебуш ми е позиционирано на лева страна и ако легнам на таа одма се буни. А плус и синко спие од моја десна страна па бара да ме гушка
И лева и десна страна спијам ама од 37 недела натаму тешко спиење ноќе, јас уште од 30 недела се влечам по кревет од болки во срамната коска и боли многу кога ке пукне. Преку ден ептен од умор си заспивам ко заклана 2-3 часа и толку од спиење. Спиј си додека имаш уште шанса после нема одмор
Исто и јас ,десна страна омилена. Знам дека на лево се препорачува ама јас кога и да легнам на лево се будам на грб свртена ич не ми одговара(ама се трудам де) Инаку позицијата на спиење велат многу влијае на позицијата на бебето, јас наредна недела сум на ехо па да видам како е наместено зашто во 26н беше карлично, па ако е сеуште така морам спрема него и јас да се ориентирам т.е да го свртам @Santaa welcome to the club на априлски бебуши
мамички не знам мене што ми се дешава киселини ненормално почнаа да ме фаќаат дури какп горчина некоја и во градиве како да седнам и легнам ме стега ептен, бебка како да се преместува и скроз ми се спречува дишењето не знам повеќе што е нормално 32+5
Јас сум 38+ па еве веќе 2 месеци уназад глава немам кренато од киселини... Си шмукам гастро гард и ми се смируваат одма...ама сепак не си рајат
Ние исти скоро..32+3 Дишењето и мене ми е се поотежнато,а киселини исто ме фаќаат понекогаш.Она што приметив овие денови е што имам константна вкочанетост посебно после подолго седење на работа како и притисок вагинално и лека болка и вкочанетост во препони.
Мене на крајот кон 37 почнаа многу киселини и само вода газирана ми помагаше, пиев секоја вечер по едно шише. Гастрогад не ми помагаа на крајот