Штом дојдов со 3 напред почна на бебево да му смета доцна јадење и пиење. Сум испила сок од цеден портокал кај 21 часот и еве уште ми е тешко, неможам да легнам а очите ми паѓаат. Морам да престанам со доцното јадење и пиење Исто така денес како ми се укочи левата нога едвај сум се движела. Значи дефинитивно овие последни 10 недели ќе бидат најтешки
И јас секој ден се зарекувам,а пред малце си каснав пак..Немам толку јаки киселини,но болки во крст,половина,тежина,вагинално отечена и притисок долу страшно,на моменти мислам бебе ќе излезеА и едвај се движам нешто,тешко ми иде да се наведнам,чевли едвај обувам и губам брзо енергија..
Кај тебе лева кај мене десна нога еве неможам да мрдам а пак у станување уште толку боли А веќе наназад со две недели притисок долу ниско, сега веќе во препони премина болката а од денес и десна нога неможам да ја оддалечам од препон боли ептен ама и денеска изодив повеќе од колку што треба е сега гледам дека треба да мирувам, а баш сакам да се движам ама тешко оде ,биче тешко А за јадење јас пак станувам ноќе 2,3 пати ненормален глад ко од затвор пуштена веќе 10 кила до сега поправена а реков до 12 маx, ама не верувам вака ако продолжам (30та недела скоро)се приближуваме пополека
Ќе си се жалиме и бодриме до крај . Тоа пак со наведнување и облекување чорапи е веќе научна фантастика .
од денес 33та ама легнав да одморам и некоја остра болка долу од левата страна осетив како да ме боцна дури нешто мн јако баш се уплашив цел ден бебе најздола само како да ми претка и само во вц ми се оди дали се лажни контракции ?
Мешиња ја сум 36+5 скоро целеа бременост ја помонав со лежење и одмарање е од кога влегов во 9ти веќе добив дозвола да движам. Овие неколку дена спремавме за бебе и по дома и повеќе стојам на нози и од синоќа и вечерва приметив деаната нога кај глуждот ми е отечена ама само таа нога нормално ли е? Синоќа пред спиење прометив а сабајлњ кога станав не беше и вечерва пак пред да си легнам исто. До сега немав приметено само овие два дена бидејќи повеќе стојам и се движам
Обавезно мерете си притисок и повремено одмарање со нозете нагоре и мене викендов ми отекоа па одма на контрола може и да се консултираш со гинеколог или слично
Јас влегов во 39 мислев бебе ке излезе порано ни не и се искача ептен ми се спушти и тежи неможам ни да спијам на инсерти иде се од викендов ми се покачи притисок и оток на нозете па ми дадоа апчиња за притисок иначе другото е се во ред. Незнам како издржавте не сум способна за ништо веќе а ме фака страв за порагај а бев спремна да си се породам лесно но ова исчекување дома мава на психа уф
Еве не и нас во трето тромесечие По последна менс 26+5, по бебушка 27+2 Син мајкин 1.020грама е Сега за сега фала богу супер сум без никаква мака, се надевам така и ке остани. До сега 10кг поправена и тоа во мешко само, апетит огромен и така Ве поздравувам женски, ситно броиме до финалето
Пишав во друга тема но нема одговор дали има некој искуство со омекнато грло во 33 недела? Што може да значи тоа?Дали има некаква опасност? Денес кога ми земаа брис ми кажаа дека грлото ми е омекнато. Значи немав вагинален преглед и не ми мереа ништо.Сестрата само ми рече ќе бидам нежна за да не предизвикам крварење?Се загрижив искрено
Штом грло омекнува се ближи пораѓај, ако ровари ке ти предизвика крварење т.е ке падне чепот и ке почне процесот. Затоа обично не брчкаат,нема вагинален преглед пред 36та за да не предизвикаат. Што повеќе седи бебе во стомак тоа подобро.
Да ве прашам јс сум 39и 2 болки немам но бебе навечер е многу активно но веќе е доста спуштено и долниот дел од пупак надоле ми е како утрнат здрвен имам осет ама чуден нормално е тоа