Одмарај повеќе, т.е лежи си гледај филмови, читај книги... Без нервози и стресови, за да си истераш до 9ти.
Леле дај боже неможам веќе само чекам болки ама нема а ова чуство на здрвеност нервира ме Чеша а неможам да се почеашам со чудно чуство е пропратено значи да се спремам за доагање леле се ми е измешано одвај ја чекам после 5 години со мисла се ке биде лесно па ме фака страв аууу многу време за мислење имав последниве недели ме тепаат хормони мисли уф
Аххх колку е непредвидлив третиот семестар и дефинитивно најтежок. Да убаво е да знам дека уште малку останува до средбата со малечката амааа ... промена на расположение секој ден де сме хепи де сме скиснати бебка убаво си мрда и се радувам на секое движење иако знае понекогаш и јако да мава па да мора да свикам на цел глас ама ако нас таква ни е комуникацијата сега така се разбираме ако нешто не и одговара а денес пак по 100 пат се присетив дека имам големо меше и дека неможам да бидам брза колку и да сакам и тоа излегувам од работа и гледам сонце цела хепи дека денес ке шетам пуштам чекор два и оппп небиваа стомачна кочница ми вели ејј каде??? пополека!! и толку сватив дека ништо нема да биде од мојто шетање ама затоа до сега си спиев како бебенце и вечер пак ке дежурам и се така до крајот изгледа Ајде мешиња нека летне брзо времето да може да ги гушкаме палавковците од мешето со лесно на сите
Ептен е непредвидливо, секој ден нова приказна . Вчера супер бев цел ден, ми се јави зголемен апетит за прв пат па морав да му удоволам . Вечерта во сон, на вртење мислам ми се распаќаше десен колк, денес каснав и одма како прејадена. Нема два дена исти.
Мене најтешко ми е со спиењето, де киселини ме фатиле, де не можам да се наместам, па грб мњ боли, а спијам со перница за трудници и плус четрири обични . Па малата се раскенкала и во седум и пол станувам за работа, жива не наспана . Ама ајде уште малку остана.
исто, планираме завчера да пазариме со маж ми и ох бебка мава долу осеќам дури дека ќе ми излези, денес па ептен ми е активна цел стомак ми се померува дури чудно чуство кога ќе се намести одстрана некако ме трга ептен, а дали осеќате најдолу некаква болка ? кога ми мрда мене така неможам ич да се движам страв ме фаќа 33 +6 сум уште малце ќе треба па и брисеви уште од сега се чудам како ќе се бричам не сакам да одам некаде заради инфекции, инаку и свртена си е веќе како што треба и е 2330 грама докторот ми рече дека е во ред тежината, а почнува многу да ми тежи стомакот како што врви времето и неможам воопшто да спијам ме притиска посебно навечер болки во грб јаки, некогаш може само магнезиум да ми помогне онака малце ..
Кога ти беше термин?Мене 26.03..Исто и јас се повеќе осеќам замор,тежина,посебно овие 2 дена стомак осеќам затегнат,мрда бебе кај стигне а укочена сум стално...После седење на работа станувам одам ко патка искривена цела,не можам да се исправам..ме боли кичма а и плус овие денови осеќам и како лесни менструални болкиЕдвај да изодам овој месец на работа и да си седнам дома..Тек треба и да пазарувам
Целa бременoст пoминaтa сo бoди,петoк влегувaм 39тa мoжеш дa зсмислиш кaкo зaкoпчувaм бoди? Земaм вoздух,се нaведнувaм,пa ќе ми се испушти зaднoтo делче пa нa нoвo.
@anita123 Како патче одам како вол дишам хахах половината ми е укочена мислиш ке откаже секој момент, жешко ми е ладно ми е ми се јаде а незнам што, ми се спие а неможам да се наспијам стално сонувам нешто бебиња болници редици хаха мозок 360 на саат вергла одмор потешко, одвај чекам да дојде нареден петок за да ја видам палавката моја @Ladyyyy567* ние сме блиску со термини јас сум 23.03 ама се надевам ке ме израдува порано барем две недели порано ако може хаха @LoveHope блазе тебе што можеш да носиш боди јас да можам се ке фрлам од мене се ми смета а и често така си седам добро е што сме сами со мм хахаха
Здраво, би сакала да ве прашам дали е нормално да имаш болка бо десниот јајник? Во 31 недела сум, до сега уредна бременост меѓутоа пред една недела ми се појави болка само во десниот јајник? И кога одам и кога седам се појавува болот, не е не издржлив ама ме фаќа паника дали е тоа нормално
Аии боди одамна ми е заборавено . Алал да ти е што можеш да го носиш. Мене уште од 3 месец ме нервираат хулахопки, хеланки, се што ме затега. Во пижами ми е најубаво . @honeyboney , јас сум имала досега неколку пати бодежи во јајник, но не траеле долго, неколку часа. Напиј се магнезиум и ако не поминуваат со денови или станат нездржливи појди нека те ѕирнат. Иако сметам дека бебе си има некоја позиција завземено па притиска.
31+4 сум, дали во тој период е нормално цело време гаќите да ми се мокри како некоја водичка е без мирис и кога и да одам во вц, гледам дека ми е мокро. Не обилно ама мокро ми е.. некој совет што е тоа и дали е нормално?
Nisto ne ti e. Ja taka imav vo prethodna bremenost. Bev i na maticen da ne e plodova i ne bese nisto.
Еве ме, апдејт, дотуркав до 35 недели, денес точно, уште примам утрогестан и примив флостеро 2 пати до сега за зреењњ на белите дробови на бебето. За лежење, требаше да лежам, ама со дете од скоро 3 години, не е многу возможно. Сепак и до тука е успех. Секоја недела плус е ќар за бебето.
Majkickii od denes 36 polni eden prst otvorena, malku nemirno CTG a I bejbi mi e temperamentna...lezam v bolnica oti Petokot bebka sakase da izleze sega cekam sekoj moment da me fatat bolki, kako za belja nema da ima P. S. Se izvinuvam za latinicata nemam kirilica na tabletov
Со лесно Сега кога ке реши нека излези малата Ние 29та недела од денеска уште од сега сум возбудена па можам да замислам тебе како ти е
Сега излегувам, покажува болки на цтг ја не осеќам ама дојдов на гладно од спање само што станав, бебе успиено мирно, ме вратија да јадам да пијам да се раздвижам и да се вратам за 3 4 часа пак да ме гледаат.
Девојки ми ги укинаа и прогестерон депо и кринонот.Како ќе терам без поддршка 12 недела сум.Можам ли сама да си продолжам со двете или барем едното.Ви благодарам