Стигнав до овде, сега немам гајле.... Се исплашив во Петокот кога ме прими ја, мислев дека ќе се породам.... Ама сега е супер... Нека излегува.... Ама лелеле каков доктор е на смена незгодно ми падна што сум трудна ... Нека излегува малава хахахахах
Хахахха во која болница си? Мене во Плодност ми е симпатијата Му велам на маж ми ако ме пораѓа тој ке ми е срам да викам
Dali nekoj vo femina ima bremenost so bliznacina da mi olesne malku sega sum 30nedela i princezite imat po 1.500gr.otprilika vo koja nedela da ocekuvam poroduvanje Oti mnogu osekam zamor klocanje i bolki vo grbot i zeludnikot
Во Охрид сум јас.... Искрено повеќе сакам да ми е мојата докторка, повеќе им верувам на жени зашто знаат како е....
@Ygritte , сега малку релакс, па кога сака бебка нека излегува. @Eni.r со лесно, ајде нека биде за брзо. Уфф јас 32 недела и едвај чекам да стигнам до 36 па да одбројувам. Како почнав да купувам за бебушка, ептен возбуда ме фаќа.
Добар ден мешиња, Како сте? Јас сум добра, 32 недела, бебушка е многу активна, го искривува цел стомак, насекаде мава во исто време, а јас обожавам да си погодувам кое е коленце, газе, ноже . Синоќа едвај си ги исечив ноктите на нозете . Сега ми беше тешко а што ќе биде за некоја недела, кажувајте некоја техника. Инаку во глобала сме добри, пропратни болки чат пат но не е страшно. Сеуште не ми е проблем спиењето, само што тоа е најчесто на десна страна. На лева не ми е толку пријатно, се трудам ама 80 % од спиењето ми е на десно. @Ygritte како сте денес?
Добро ве најдов од денес официјално си припаѓам тука,27ма по циклус 29та по ехо Во глобала се чуатвувам добро,пешачам во текот на денот,чуствувам омалаксаност но тоа е од слаба што ми е крвта. Апетит немам како предходно,послаб е мислам секој ден дека сум се поголема и поголема во стомак Бебе си мрда кога си сака претежно кога одмарам,мирничко си е во глобала Се читаме
Добро сме, така-така.... Примам инфузии со Магнезиум, некогаш ЦТГ е мирно, некогаш со контракции... Битно на овие болки не се отварам многу.....чекаме.... Мислам дека ќе ја турнам уште оваа недела....
ако немаш крварење немој да се секираш и јас ги примав од почетокот и тоа два пати на ден и потоа ми беше сумливо да ги прекинам ама фала му на господ се е во ред 8 ми сега сум .. а до 12 недела дека е поризично затоа ги даваат за да се задржи плодот , само не кревај тешко и мирувај барем до кај 15та
Уште три дена само уште три дена да си ја видам лепотицата одвај чекам да видам како е Мислев овој месец ке е најдолг ама брзо ми помина 34+3 уште една недела и ете не во 9ти уште малку и ке почниме да одбројуваме се надевам нема да одиме преку термин оваа недела по лекари а наредна да докупам се што фали и може да се одбројува може па ке не изненади па заедно роденден ке си славиме хихи здравје како е најдобро така Како сте вие девојки спремни ли сте??
Јас прво тромесечие немав,затоа сега имам претежно на сабајле,мислам од крвта што ми е слаба незнам. Апетит како пред бременост слаб сега и премногу се чуствувам надуено после јадење,тешко ми е. По прстениве забележувам дека рацеве ми отекуваат,а по хеланки,фармерки рабови ми се познаваат значи си отекувам. Ова со отоциве не ме радува
Јас по чорапите гледам линии.. Е сега незнам да препознам дали е тоа од отокот или од тесниве фармерки.. Отокот со солта беше поврзан? Да знаеме што да намалиме превентивно
Прочитав и дека до некаде оток како ластик од чорап и сл било нормално,задршка на течности,но да се внимава на сол за да не настане поголем оток што изгледа страшно. На инстаграм баш види кај jesica simpson што е оток на стапало,загреота.
Е само од тоа се плашам,од такви отоци затоа што мислам дека не се поврзани со јадење или нејадење. Но мислам со умерено движење и помалце сол нема да се појави
@Happyinlove, @flower55555 имате ли проверено протеини? Мене ми беа на граница минатиот месец и гинекологот ми рече дека ако се намалат може да добијам отоци. Фала богу немам до сега, ама и почнав повеќе да внимавам, да внесувам повеќе протеини