Најмногу ме нервира тоа што ќе морам после 8 да не јадам ништо вечерта и другиот ден 2 саати... Оф ич нејќам да го правам
Не е толку страшно, плус од кога ќе го испиеш шербетот нема да ти се јади одма, ќе те засити. Таман после два часа ќе си јадеш на раат
Не е така страшно јас многу лесно поминав се зачитав на форумот и ми летна времето, не треба да се движиш јас си седнав на столчињата пред лаб ако ти е страв за јадење понеси си со тебе нешто и веднаш кога ке завршиш касни си и вода обавезно
како се чуствувате мамички? јас сум 35+4 дена и се движам како пајка некоја бебе само како да ме влече надолу и неможам да се движам многу почнаа да ми отекуваат дури сега рацете и нозете а морам да одам уште малце на раб секретот почна и тоа да ми појачува како воденко а некогаш и жолто на вечер одвај станувам за во вц по 4_5 пати и пвое два три дена ептен ме боли од левата страна как вагината уште малце ќе издржиме само да прашам кога е првиот вагинален преглед со рака ? баш ми е страв после тоа многу мамички почнуваат да имаат розев исцедок... добра ноќ и лесноотиии hug:
Јас сум 35+1 и баш како патка одам а да не зборам за станување од кревет половината ми пука одвај станувам и првите чекори ми се како прв пат да проодувам и го имаш моментот де на една де на друга страна факам кривини, мешето ме занесува за исцедок имам и јас кога како и баш чекам да видам дали ке покажат нешто резултатите За болката што ја имаш најверојатно е што се мести бебето и притиска, ако е неиздржлива појди на лекар нека те видат. А и за прегледот незнам нека пише некоја која има искуство со тоа Убава вечер и од мене на сите јас веќе еден час пробувам да заспијам ама тешко ми оде касно пиев кафе изгледа ке дежурам вечер
Како по навика се уште си ја отварам темата второ тромесечие иако веќе го почнавме третото. Неверојатно е колку брзо минува времето. Откако дознав за бременоста не пропуштам ниту едно мислење на темиве за бременост Бебенце се повеќе е разиграно и се подобро го чувствувам. И се радувам Иако многу рано уште во 14-15 недела прв пат го почувствував, сега е сосема поинаку. Малку со килограмите стагнирам ама се надевам ќе качам бар уште 2-3 кг до крај (до сега 5 само).
Да ве поздравам и јас во трето тромесечие Денес 34+6, расте бебе, расте меше, расте и мама со ниврасте и возбудата за првата средба со бебо, уште две недели ќе туркам на работа и после удирам на шетање, спремање и релаксирање додека да стигне синко Исцедок, болки, отоци - штиклирам all of the above ама кога читам дека сите ги имате се тешам дека е се нормално и ќе помине за кратко А кога ја гледам листава со членкиве од февруари како се намалува ми светнува во глава дека март сме следни, ви се верува дека ни дојде моментот? одвај чекам.. Важно ние сме спремни со купување, надвор пукна пролет, сите сме мислам попозитивни и насмеани - бебињава не можеле да изберат поубав период за стигнување
Здраво мамички. Веќе имам полни 39 недели и сега одам еднаш неделно на цтг. Но има една друга работа што многу ме исплаши. Последниве 3 недели како идам секоја недела ми прават и ехо и постојано ми кажуваат дека мешето на бебето заостанува во 34 недела. Др ми вика дека не е ништо страшно, но мене ме фати голем страв. Некоја со слично искуство?
На моја познаничка и велеа дека главата му е 3 недели поголема, мешето 2 нед помало ама роди живо здраво право нормално дете..
Кај мене пак мешето му е 3 недели понапред исто и јас испаничив, ама и јас толку не верувам на тие проценки, во многу случаеви на крај е се во ред,
Мене ме плаши тоа што мешето е постојано во 34 недела. Некако 5 недели разлика ми се чини како многу.
39+1 сум ама веќе неколку вечери и ноќи имам отежнато дишење и носот ми се затнува и кога дувам ми тече крв. За настината не сум ставам капки морска сол пред спиење и ми се отнува ама по нркој саат пак ми е затнат.Ви се случува ли вакво нешто?
Оф знам како се чувствуваш, ама колку да си мирна отиди на второ мислење,ама кај и да е бебушка наскоро ќе си ја видиш
Јас цели 9 месеци сум таква на капки за нос сум постојано, кај мене е заради синуси. Напорно е ама се навикнав и постојано си шприцкам