Побарав и второ мислење ми рекоа дека не е ништо страшно мерките на мешето не ги зимаат како релевантен податок веќе. Тоа може да значи само дека ќе си има таква конституција на тело, ќе биде тенка и висока.
Не испитав прашав да испитам ли,и покрај тоа што плодот е поголем ми рекоа нема потреба,затоа што нагло не ја направило промената од сам старт си се води за поголемко. Шеќерот над 4 не ми рипнал,и немам во фамилија дијабетичари. Затоа не го испитувам А ти?
Имам упат, треба да одам деновиве до четврток најкасно. Ко ќе стигнам таму ќе видам дали ќе сакам да ми испитаат
Здраво. Се приклучувам и јас во третово тромесечие. Денес сме 28+0 . Како што минува времето така станува потешко (киселини, несоници, отежнато дишење и тешкотија при облекувањето). Од друга страна пак, како што се намалува времето така станувам се посреќна затоа што наскоро ќе си го имам своето малечко во прегратки. Нека ни е со лесно на сите мамички, и што побрзо нека ни мине времето до средбата со нашите најмили.
настинав ама изгледа убаво, 32г.н. Среќа температура немам, кашлам и осеќам дека имам шлајмови. Нешто на природна база а што смееме? Супи, чаеви, мед со таан, прегорен шеќер со маргарин, ракија и бибер на грло, тоа пробав. Нешто друго да ми дадете идеја? За шлајмобите смеам ли на гради да ставам темјан?
35-36 . Мене матичната ми спомна за 36та недела ама за посигурно ќе знам наредниот преглед, кога и воедно ќе закажувам за истите.
38+3 сум, пред 2 дена правев CTG покажа лажни контракции, но матичната исто така ми кажа и дека планетата е во трета крајна фаза. Има место за паника? Не ми објаснат ништо :/
Спремај се мајче лажните контракции се дека матката се спрема за породување а плацентата си е во ред така да е созреана .... Кај и да е, бејби тука е, тропа на врата
Ја утеши.. од 31ва недела имам лажни контракции, 40+3 сум и уште нема контракции за раѓање, постелка зрела 3 степен, чеп падна, докторка испровоцира вчера со преглед да падне,грло омекна и еве се излегавам нема ништо за раѓање, вечер ке одам колку од радозналост да видам дали ке ме остават може ке се отворам дека падна чепот..
Здрво женски, денес бев на контрола, 34 + 6 сум но бебушот напреден како за 36н, дали тоа значи дека е можно доста порано пред термин да се породам?
Па не ми се верува, не е индикатор за порано пораѓање, само поголемко е бебето. Јас и во двете бремености носев за две недели поголеми деца, ама тоа се гени и јас и мм не сме баш ситни.
Девојки, бремена сум 38+1, правам ЦТГ секоја недела, ми кажаа дека сум отворена веќе 1-2 прсти, значи ли тоа дека кај мене мукозниот чеп е веќе паднат или? Веќе 2 недели имам слаби менструални болки само навечер пред да заспијам. Како ќе знам кога ќе почнат вистинските болки, ако нема чеп и не ми пукне водењакот?
И јас среда сум пак на цтг на 4 5 дена ме викаат па ќе ми биди тогаш и вагиналниот преглед со прсти навечер посебно бебе нон стоп се врти ме тегне и имам во долниот дел слаби болки
За чеп незнам ама за болки велат нема шанси да не ги препознаеш а водељак ако ти е пукнат ке ти приметат на ехо не се секирај, опушти се за да може процесот да се одвива
Да си напишам уште нешто додека не сум породена Денес 14.03 ние сме 38гн по мое +5 дена крајот се гледа броиме ситно уживаме со мешко во последните денови се галиме денсаме заедно се дружиме по цел ден. Сега за сега се е опуштено се надевам дека така ке ни бидат овие последни денови Многу сум среќна возбудена се смеаам без причина незнам што да правам да спијам неможам за саат време станувам како мислиш сум спиела со саати и така мешиња имајте убава вечер сите јас може пак ке ве замарам