Девојки ај хелп, од вчера имам болки позади во грб ама само во десната страна како да ме боде нешто и денес се по интензивни, буквално како да ме боде некој во десниот дел малку погоре од бубрезите. Инаку сум 38 недела, некој да ми помогне дали е можно да се ближи породувањето? Инаку до сега не сум осетила ваква болка. На моменти ке ме попушти и за брзо пак ке ме стегне ама чудно ми е тоа што не осеќам болки напред во предел на стомакот...
Прашај си го матичниот. Мене прв пат ми закажа за во 33та нед, па сега нареден преглед во 37ма.. Ако си имаш избрано доктор ке ти побара матичниот со време термини Појди си на преглед не чекај.. Болки се јавуваат на различни места, немора само во стомакот.
Здраво идни мамички Да прашам од кога зачестуваат прегледите во мк и од која недела се почнува со цтг? Не сум бремњна за другарка прашувам Кога јас бев бремена во Германија бременоста ми се одвиваше и тука и се породив па не знам како е Мк.А другарка ми 34 уште нема цтг направено и прегледите и се уште на 4 недели не разбирам зошто
@flower55555 ова за во чаир важи така? Јас имам желба за доктор ама ќе видиме баш во четврток ќе ја прашам матичната што ќе ми каже
До 36та недела прегледите се на месец дена, после 36та на 2 недели. ЦТГ после поминат термин. Тоа во мојот град, обично секаде е различна пракса.
Дали сте ги користеле овие вагинелети? матичната ми ги препиша а читам на упатство не се препорачуваат за бремени
Во првата бременост ги користев и сега во втората ми ги препиша еднаш за исцедокот што го имав ама не ги зедов бидејќи ми престана само од себе.
Во која недела отприлика ќе му дојде пораѓајот, 9 месеци тоа е 40 недела ? Обично до 9ти месец се носи бебето или цел 9ти?
9ти месец трае од 36 до 40 недела. Пред 36та недела се смета за предвреме родено. А од 36та па натаму си е најнормално и можеш да си го очекуваш бебето во секој миг. Со 40та недела се завршува 9от месец. Се надевам дека ти ја разрешив дилемата
Да, благодарам , сега што сте трето тромесечие кога отприлика останавте бремени, летото, август, септември?
Ехеее мене овие ми се прва љубов во бременоста 5 кутии истрошив јас до сега ништо страшно и не се штетни во бременост.Поголема штета правиш ако не третираш инфекција. Инаку пред да ја ставиш мој совет е да ја навлажниш малце,инаку сува тешко тебе ќе биде