1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Јас не работам во којзнае каква форма,работам во битик и сум осигурана на пола работно време и толку ке ми следува породилно околу 4000 и 200-300 денари,колку да ваѓам месечно за памперсите.хехехе
    А одмор имавме само 10 дена од кои 5 ги искористив а на другите 5 не се надевам затоа прашував кога можам да отворам породилно.Можам да работам сум работоспособна сеуште ама газдите ме притискаат на секое кога ќе одиш на породилно,кога,кога????Изгледа одвај чекаат да се оттарасат од мене.
    Така да не ги замарам нив а и себе психички ке си излезам најрано што може,па после здравје да е се во ред со мене и со бебенцето можеби и нема више да се вратам таму на работа.
     
  2. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Женчиња како ви оди "љубовта" ова тромесечие? :lol:
    Ние некако забавивме, не сме активни, го гледам мм страв му е некако, ме гледа дека многу ми расте стомакот па непријатно му е :rofl:
    Ќе пробам да го активирам некако деновиве, иако ми изгледа физички невозможно со толкав стомак :lol: :lol:
     
  3. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Ние си имаме односи, ама не толку често, може еднаш во недела - две. Не ми смета стомакот, уште не е преголем станал :lol: мм нема мака, ама мене ми е некако страв, па и тој не врши некој притисок.
     
    На abc1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Не мора 28 дена, потврдено од докторот (нели он секој ден отвара породилни отсуства) :), a здравје Боже у август се враќа на работа и ќе имам нов одмор.

    Покачени леукоцити се нормални Бела. Мене ми се покачени од почетокот и докторот постојано вели дека е нормално.

    А за секс не прашувајте, потшо нема секс, само секс у сон :rofl:
    Му викам на маж ми дај бе со сондата влези, поздрави се со малиот, а него незгодно му е па стомакот, па... :P
     
  5. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Првин да те прашам, каде проверуваше крв? Јас проверував во МВР Поликлиниката и крв и мокрача и ми покажа зголемени леукоцити, па матичната се исплаши но ми рече оди во Авицена. Наредниот ден проверив во Авицена се си беше во ред. Инаку повеќето трудници имаат зголемување на леукоцитите, може да инфекција, бактерија итн. Провери уште еднаш во Авицена и оди си кај матичниот општ лекар, не матичниот гинеколог за убаво да ти објасни. Не се секирај, се си е во ред ;)
     
  6. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се пријавам иако сум пред пораѓање веќе :) И ние сме спремни со се. Креветчето и количката ни се од бабите, нешто гардероба исто од бабите. Добив многу гардероба од на братучетка ќерка, се е ново по 1-2 патаи облечено, нешто дури со етикета. Незнам ни дали ќе стигнам се да и облечам :) Затоа јас лично купив многу малку, од мерак што ми беше.

    Тешко ми е веќе, 2-3 дена ми е намален апетитот, ми се лоши. А иначе си јадев како крокодилче :lol: Бременоста ја почнав со 56 кг, а сега веќе имам 70. Значи +14 кг сум :)

    “Љубов“??? си имавме во текот на цела бременост, ама поретко. Во текот на 7 месец имав најмногу желба :$ Викаат во 9 ти треба најмногу и тоа да се сврши внатре, тоа помагало за отварање на матката, но ај оди па практикувај често со толкав стомак :D Имавме еден таков обид, се надевам на уште еден до крај :lol:
     
    На Iva2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Некаде читав за лесен пораѓај урми да се јадат при крај, па пчни сега интензивно урми да јадеш и кажи ми дали функционира. Ајде со лесно!
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  8. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Денес ги гледав во маркет и баш заради тоа сакав да ги земам, но лошо ми е овие 2-3 дена :puke: не можам благо да јадам :worried:
     
  9. First.Impression

    First.Impression Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    Здраво мамички....ептен се израдував на темава!

    Јас денес влегувам во 33та недела, краен термин ми е 12ти ноември, големка сум машала, ама не мислам сега на тоа, здравје се да е во ред со син ми, па после ќе слабеам како знам и умеам. :lol: На работа одам уште една недела, па после цел октомври си земам 22 дена одмор од оваа година, кој не искористив ниту ден...и ако се биде според план, здравје, на почеток на ноември ќе го отворам породилното, зашто се надевам дека син ми ќе истера барем до ноември |(
    Иначе, добро се чувствувам, подвижна сум ептен, пешачам и си работам се без мака...барем сеуште ми е така....допрва ќе кречиме дома, ќе средуваме нешто во купатило, ќе менуваме едни прозори...така да баш ќе имам зафатен Октомври месец. Ама затоа, за синко мој, скоро со се сум спремна. Ова ми беше совет од други трудници, зашто во 9ти веќе потечко ќе ми биде, а и веќе се ќе биде нова колекција, а вака во Септември голем дел од работите фатив на добар попуст, па си заштедив :!: На работа овде многу колешки уште на почеток ми споделија основен список што и како ти треба, тој сигурно го знаете сите, и само си штиклирам по него, останаа уште многу малку работи, и тие се за мене (како прслуче за доилки, појас, улошки....итн...и оние работи хидроген, газички...што требаат за папочето на бебчето). Друго се - купивме и ни купија :inlove:
    Креветче, со Дормео душече и оградица со постелнина и перничиња - од едните баби и дедовци, Количка Чико Трио комплет со транспортер и корпа - од другите :rofl:
    Купивме кадичка, музичка играчка за над креветче, фиокар за алишта кој е целиот веќе полн со бодиња, бенкици, шпикозни, лигавчиња, чорапчиња, гофички, 5-6 комплети со се, мали крпи за бришење, тетра пелени, 3 бањарчиња, постелки со мушама за пресоблекување, 3-4 памучни ќебенца, 3-4 зимски меки плишани ќебенца, вреќа за спиење, плишани подлоги за спиење со перничиња...значи целите сме опремени за баба зима. Најголем дел од ова е купено од моите најблсики, од другарки...да не спомнам колку убави работи и за дотерување имаме, иако тие реално ќе ни требаат после 40дена кога ќе почнеме да се шетаме.
    ТМногу се радувам на сите тие работи дома, си ги редам и прередувам цело време...си купив и облека за изнесување од болница, сега ми фали уште се да исперам и испеглам и спемни сме за доачањето на нашиот прв син.
    Правиме планови сега како и каде да организира мекици маж ми, кои луѓе да ги викне, кај мене на работа што да однесе и така....многу ни е убаво и многу сме возбудени.
    Иначе на преглед бев во 31ва недела, сега нареден ми е во 35та, за 2 недели, се надевам се е добро со син ми...многу ми мрда и ми клоца во последно време, му ги осеќам ножињата дека му се горе одма под моите гради зашто и со голо око се гледа како удира со нив :D
    пред еден месец стомачето му беше послабичко, па појачав на месо и риба, и се поправи...
    Да ви споделам друго, на почеток на седми месец почна да ми трпни десната рака, како грч да имам нон стоп и ми открија дека имам карпал тунел синдром, заради што губам осет со тие прсти и многу непријатно чувство е. се надевам и така ми рекоа и докторите дека ќе помине помине после бременоста, дека сега заради задржување на вода во телото се случува ова.
    Ете така, ви раскажав се, со мерак, и се надевам сите вие тука во оваа група ќе бидете добро до крајот, како што сте биле и до сега, да се дружиме тука и да споделиме се што ни лежи додека ни се родат нашите најмили...
    ве поздравувам сите и ви посакувам пријатен ден.....
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас тука,од денес започнувам 29та недела :) Почнав да шеткам по бутици за детски алишта и од мерак купив неколку работи кои ми се допаднаа,а има мнооооогу убава облека,постелнина... Креветче веќе имаме,а за докупување на другите работи ќе почекаме уште неколку недели па со мажле заедно ќе одбираме :) Јас утре одам до кај мојот гинеколог да се распрашам за породилното,на работа одам ама малку ми е потешко бидејќи стојам подолго на нозе,нема баш одмор,некаде прочитав дека може и 45 дена пред терминот да се започне породилното. Тешко дека ќе издржам до тие 28 дена пред терминот да одам на работа,доста ми е напорно.
     
  11. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Срцка крв проверував тука кај што живеам (не сум од Ск) во една приватна лабараторија, и според искуства од друѓите ок се резултатите што ги вадат. Инаку за брисеви и некои посложени анализи кога ми треба и јас барам да ми се пратат во Авицена, таму 100% верувам.
     
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    danika, 45 дена пред термин може да ти почне породилното само ако си на патолошка, во друг случај не може :?: Прашував јас за мене за процедуриве сто пати, така да можам со сигурност да ти кажам дека е така :| Пробај некако замоли ги на работа одмор да ти дадат ако ти останал од оваа година, па после да го поврзеш со породилното 28 дена пред термин :) ќ

    Ај да си се пожалам јас кога сум веќе овде :lol: Не можам веќе, искрено :) Не можам да спијам, не можам да јадам, се осеќам буквално ко воз да ме прегазил :| Се надевам синко веќе еднаш конечно ќе се реши да излезе, мислам дека доста му беше :)
     
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.373
    Green eyes јас па мислев отиде да се пораѓаш бе душо :) ,а ти уште си била тука,ај ќе биде за брзо јас мислам.
    Туку пишав и во другата тема ама ај и тука,нешто сум загрижена овие два дена слабо го чувствувам бебето,до претходната недела во денот и по неколку пати многу мрдаше,ама овие два дена многу слабо,се обидов и со благо и кока кола ама не е тоа тоа,ја подбуцнувам и така ќе даде како некое млитаво движење и толку.Сте биле ли во ваква ситуација,ај нека кажат и други поголеми мешиња,дека почнав да се грижам,се мислам дали да одам на преглед сега,имам закажано за другата недела.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  14. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Азелеа бебињата може да станат мрзливи на неколку дена и после да се вратат на нормала, но сабајлево читав дека ако почувствуваш драстично намалување на движењата треба да посетиш доктор. Има и тест за фетални движења кој може да си го правиш дома, ама тоа важи од 28 недела мислам. Треба да легнеш опуштено на лева страна и да броиш колку пати ќе почувствуваш движења. Ако има 10 движења во 1 час тоа е нормално, ова се практикува 2 пати во денот :)
     
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    ^^ azalea, мислам дека сеуште нема потреба да се грижиш, не е ништо страшно, и мене ми се случуваше така, да има денови кога е помалку активен, и таман ќе се испаничев, ќе се вратеше во форма :D Сепак, ако до утре нема промена и ако те фаќа паника, јави се кај матичната и информирај ја.
    Ех, колку сакам да отидев да се пораѓам :angel: .....Ама ептен му се уарни сега на крај ]:) Здравје, во петок имам закажана контрола кај матичната, ако нема ништо до тогаш, ќе видиме што ќе каже :) Почна да ме фаќа паника да не е многу големо веќе, и да не имам проблем при породување, со оглед на тоа што сум поситна :worried:
     
  16. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски

    Green.eyes и јас се плашам од тоа дека бебчо ќе порасне многу и тешко ќе се породам :tmi: Иначе и јас имам закажано во петок кај докторот што ќе ме породи но како и секој преглед мислам пак ќе ме прати дома и ќе ми закаже за 3-4 дена :lol: Овие нашиве ептен мрзливи. Кажи чувствуваш ли некоја промена, болки во грб, притисок доле, менструални болки или нешто слично???? :?:
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    ^^ chocolade, ама баш ништо не чувствувам, затоа и сум загрижена дека ќе си поседи до крај :?: Последниве 10 дена цело време пратам ако ништо друго барем тој мукозниот чеп да не паднал, иако знам дека не мора да падне кај сите, ама нема ни такво нешто :| Не знам, се надевам дека полека-полека ќе почне синко да дава знаци дека се решил да излегува :)

    Ајде да се надеваме во петок дека право на породување ќе не пратат :*
     
  18. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Green.eyes па до крај немаме уште многу. Јас сум загрижена дека ќе си седи и после термин :lol: односно се повеќе верувам дека ќе биде така, затоа што буквално ништо не чувствувам. Пред некој ден ми истече бел исцедок и се затрчав во тоалет, викам готово ми пукна водењакот ама ништо, лажна тревога :lol: Ајде само нека се добри, издржавме 9 месеци ќе почекаме уште малку иако овој 9 ти месец како да трае вечно :wasntme: :*
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    ^ Знаеш колку долго ми изгледа тој период од 7 дена? :o :D Така е кога си во исчекување, чекаш во секој момент, и затоа не поминува времето, башка што тешко се функционира :) А за надминување на термин не сакам ни да помислам :|

    Ајде само со лесно нека е, да биде се во ред :) :*
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Еве ме и мене, денес бев на контрола инаку сум 28+1 и се е во ред само сто мојот доктор нон стоп ми вели да не јадам многу бидејки не е добро да ставам мн.кила а сум поправена 7 кг сто мислам дека не е претерано :?: . Го измери и бебус и е тесок 1кг и 100г и од тоа сто проЧитав е нормално за оваа недела но тој ми бели мало е и нема да се роди мн.големо. Ми спомна за некој преглед за срцето на бебето ако сакам да го правам и дека не е задолжителен мој е изборот, е сега сакав да ве прасам вие го имате ли правено и колку отприлика коста кај нас во МК? Јас сум надвор од државата и на секој преглед плакам по 140 евра + крвната слика сто не е малку, досега ги имам правено сите прегледи приска1 и 2 и се е во ред. Сакав да ве прасам ако не е задолжителен да не го правам па за тие пари ке му купам несто на бебус? Ве поздравувам месиња и ви посакувам побрзо олеснување на сите сто сте при крај :* :*