А во 7ми кога се влага? Јас сум точно 27+0, ова значи дека од денес сум седми или од 26+ е седми? Многу ми е збунувачки, ама ич не се снаоѓам со овие недели и месеци
Мешковци добро утро. Рано сум станата сон не ме фаќа. Едно прашање имам - На трет скрининг од 28 доо 30та недела се оди??? И за што е поточно 3тиот скрининг ? Убав ден на сите
\добро утро јас вчера бев на втор скрининг и истото го прашав матичниот ми рече дека се оди од 28-30 недела и се гледа напредувањето на бебушот пожелен е ама не е задолжителен затоа што редовната контрола и ехо се исто еден вид на скрининг.....поздрав и убав ден
Добро утро, јас во понеделникот правев втор скрининг и на одење докторката рече следно ке се видиме во 32 недела, на уште еден скрининг.
@Makedonka007 Еве јас да ти одговорам.Ивановски ми кажа кога бев на втор скрининг ддка се гледаме и за трет.Ден пред да одам кај него на скрининг бев кај матичната на ехо и она онака ко и секогаш ме прегледа.Ништо посебно.Е кога отидов кај Митко,тоа траеше половина час,пак мерење секој дел од телото и орган посебно,и ми рече главчето е поголемо за неделите,имаш покачен шеќер треба да внимаваш на исхраната. Матичната ништо од тоа не ми спомна .Така да направи си ништо не губиш.
Па онда кога гинеколог ни кажува пожелно е но не и задолжително,тогаш не ни треба да прашуваме на форум што мислат другите во врска со тоа.Ако сакам праам ако не неправам.Убаво е да се направи. Мојата матична има многу пациенти но ете за такви работи не и верувам,ваљда зашто се борев 6 години со стерилитет па сакам да се осигурам дека се е како што треба за да можам мирно да спијам.
Мојов па ми рече дека нема потреба од третиот скрининг. Дека тој бил исто кско и вториот скрининг само сегс недај боже и да ми има нешто некој деформитет е доцна за абортус.и дека на тој се оди само во приватниве болници
Да пријавам, се роди принцезата наша велигденска супер поминавме, и јас и бебе сме добро. Сите со лесно да поминете и да си се гушкате ❤️
Честитки жива и здрава да е Е вака сега јас имам едно прашање 29+6 сум и еве од вчера ме боли раката имам трнење цела ноќ неможев да спијам мислев ќе се раздени и ќе помине ама еве уште исто од што може да биде ова вака? Прв пат ми се случува дали може нешто да пијам или мачкам или што да правам?