Девојки дали ова е чепот? Вчера бев на преглед, ме провери докторката дали сум отворена и од тогаш ми тече цело време нешто кафеаво, а денеска ми истече ваков лигав исцедок, па продолжи кафеав. Спојлер
Мешиња 28+3 сум. Досега сум немала проблем, ама сега почнувам да се задишувам, површно дишење имам и забрзан пулс. Ќе ми мине ова? Или до крај ќе биде вака ?? Имав многу енергија и за работа, шетање, секојдневни обврски, а сега се ми е тешко .. Алиштето да е паднато на земја ми е мака да го кренам. Мм ме покрива,, абе како дете мало ... Не сум била ваква никогаш. Витамини пијам, апетитот ми е намален, уствари убо си јадам но помалку количински. Кај гинеколог сум наредна недела, по празниците. Во меѓувреме совет, помош од вас девојки. Фалаа и Среќни празници, убаво поминувајте си со најблиските.
Нормално е во тој период, бебето е тогаш високо поставено, притиска на желудникот и белите дробови па затоа е намален нивниот капацитет, јади помалку и почесто. Така ќе биде наредните неколку недели додека почне да се спушта бебето.
Јас имам накачен пулс за скоро 50% што е нормално во бременост. Се намалува ако пиеш повеќе вода. Пробак, ќе осетиш за 10 минути подобрување.
@maja8 фала мила. Ќе биди во ред, се прилагодвам сега на овој период. @Lepoticata фала мила. Ама мене ми е низок под 80 високиот. И нискиот со поќе вода се регулира. Вода и спиење, после другото
И кај мене 36 се спушти. Инаку имав многу болки во ребрата. Веднаш се осеќа разлика кога ќе почне да се спушта. Ајде не е страшно, откога се спушти почна на бешика да притиска и почнав да отекувам во нозете. Ако не е едно друго е ако ти е за утеха
Претпоставувам дека е така, само си се тешам дека ќе поминат уште 2месеци како што поминаа овие 6,па и немора после до краен термин да се чека
Хаха и јас викав не мора да чека до крај ама сега како се ближи терминот си викам нека си поседи уште малку оти страв ме фаќа од пораѓај. 38 недела од утре.
здраво женички од денес 27ма недела. Од денес ве дружам на оваа тема. Се надевам дека последниве месеци нема да се тешки
Чао колешке И мене да ме примите овде од денес,дружка да ви бидам Да ги истуркаме уште последниве месеци