Немам искуство ама знам многу трудници кои имале и решиле со антибиотици. Консултација со Др. Инаку правете место и за мене за 10 дена доаѓам тука. Како лета времето. @Мариаа. @Софија 88 @marchi-cool брзам да ве стигнам.
ајде мила мн наскоро заедно ќе влеземе во оваа група, ...баш лета времево ко сега да беше кога пишувавме за првото тромесечие...ќе помине брзо и ова, нека чува Господ само да си истераме без никакви маки до крај, па летото со бебушите ќе си се гушкаме
Не знам ни јас, ама мојот гинеколог лажа дека ако има нешто, најнова и најдобра варијанта на лекување е за време на породување, да се даде доза антибиотик. Најдобро лекар да ти каже што како.
Женички гадење повраќање во ова тримесечие некоја??? Лелле што ми си велам .. Многу гадење и мачнина, а неколку пати и повраќање. А да не зборувам за киселини кои ги имам од почетокот уште. Ова гадење нормално е??? Да не ја закачив Хелико бактер си велам... Ми реагира многу стомакот, почесто и нагладно реагира.
Леле иста сум. Не сум сеуште 7 месец, на прагот сум, ама киселини, гадење, болки во желудникот. Синоќа мислев ќе умрам. Болка дури до градите и назад во плеките. Спиев седната на 3 перници. Не можам ништо да јадам. Ронка по ронка. Бебе мислам во желудник ми е. Друго немам мака. Само на гладно сум ок. Изгледа нормално е. Макар што со синко немав вакви тегоби. Го носев во ширина. Сега стомакот како молив ми е изострен. Ајде ќе издржиме.
Ќе издржиме мила. Другарка баш сега ми велеше коса, трепки, нокти дека му растат на бебушот затоа е така со гадење, киселини, повраќање. Ќе издржиме нормално!! Јас 8ми сум сега. Ајде уште малку немаме гајле. Ама и главоболки и омалаксаност и плус времето никакво. Ајде ќе биде се, туку ние да си кажиме вака на форумов, да ми олесни малку барем.
Како сте девојки во последните месеци? Јас денес официјално тука според ехо 27 недела, а според циклус уште некој ден. Да се фалиме или жалиме? Јас со моите скоро 37 год одлично се чувствувам со мешко. Нагло растиме само во стомакот. Киселините веќе си ги прифатив како дел од мене, цел ден сум активна на нозе со мајстори растрчана. Среќа немам тежина и болка во грбот и крстот што за синко ме убиваше. Само притисок поголем долу чувствувам. Знам нормално е. Вие како сте? Почнавте да се спремате за бебето. Јас нешто купив од алишта и козметика. Нешто имам од синко и сестра ми што ми даде. Повеќе од доволно. Уште некои ситници како ноктарче, пумпица за носе, физиолошки, влошки за гради, пелени влажни.... Ама имам време. Прво собата да ја досредиме, одморот да помини па цел осми месец тоа ќе правам. Позз и убав ден.
Здраво мила. Исто и јас како тебе. 32+2 сум јас. Бебка си расти. Киселини секојдневие ми се. Добро се осеќам. Почнувам помалку соба да ја средвам, најпрво со вадење непотребни работи, се непотребно и алишта мои и на мм фрлање, па потоа чистење и редење на бебка работи. Не се брзам секој ден колку шо можам. Станувам рано и си работам на случајот и кај 1ч пладне од притисокот низок заспивам... Нема гајле, затоа навечер си пешачам со мм или другарки. Иначе за алишта имам земено за бебка некои работи, нешто дури од 4ти месец ми беше многу кеф. Сега треба боди неколку, шпихозни уште неколку, вреќа, памучна пелена за покривање и тоа лажалка цуцла, шише, силиконска лажичка немам такви раб сеуште. Козметика планирам кога ќе се роди да видам според кожата кое би и одговарало. Ножички, аспиратор за носето, чешел четка сето тоа наеднаш ќе го земам со се погоре шо наведов шо ми треба. И така немам многу простор. Да исчистам па ќе докупам. А сакав да прашам некоја да не е искусна со Еко пелената ? Сакав да земам таква наместо тетра пелени. Како е за одржување ? Дали се мокри и сл?? Можам со 1 или 2 ќе ми требаат?? Уживајте во денот мешиња
Devojki, ajde help. cel den setam po maticni, me prreprakaat od eden kaj drug. MI treba informacija, sega po novo, koj dava upat za skrien seker, a koj za ddmeri. Maticnata me praka kaj ginekolog, od tamu me vrakaat kaj opst maticen. I sto se pravevte of 24ta do 27ma nedela, dali samo ddmeri I skrien seker ili ima uste nesto plus. Vi blagodaram
И скриен шеќер и Д Димери од кај матичен гинеколог се зема упат. Јас правев само за скриен шеќер, за Д димери матичниот гинеколог мислеше дека нема потреба. Па тие се испитувањата што се прават. И плус јас редовно си правам крвна слика секој месец ,но бидејќи јас сакам. Друго немаш ништо. Нормален преглед кај матичен гинеколог да го види бебе ако сакаш и то е то.
Јас минатата недела правев скриен шеќер и упатот ми го даде општиот матичен лекар.Нема логика,ама тоа е.
Vi blagodaram, se cudat kaj opstiot ama izgleda po novo tamu se zema eve sega mi dadoa za ddmeri kaj ginekologot, a seker izgleda na kraj na privatno ke napravam
Матичен гинеколог ти ја води бременоста и тој ти дава упат за се во врска со бременоста. Настрана ако имаш некои други проблеми со здравјето пр. Некоја терапија или упат за кај очен доктор (пример давам) тоа си земаш од кај општ матичен. Се друго гинекологот. Кај нас е така, мислам е нормално за сегде да биде исто.
Јас се јавив во Синлаб за да не ме вракаат и ги прашав за ск.шекер од каде да земам упат ми рекоа од општиот матичен, а за димери исто ќе си земеш од кај него, мене до сега гинеколог не ми дал упат за димери само општиот...а за плус испитувања можеш крвна сл и урина доколку немаш во брзо време направено тоа е се.
Д димери-матичен дава упат за гинекоглог специјалист и тој издава упат за во лабараторија. Скриен шеќер-матичен дава упат за интернист и тој издава упат за во лабараторија. Но овојпат направив со упат од општ матичен на ендокринологија па тие ми дадоа упат во центар за дијабетес да испитам скриен шеќер. Јас така ги испитувам. Друго што се испитува во бременоста во 28 недела е coombs test, но само мајки што се негатив крвна група, а мажите им се позитив. Ова оди исто упут од матичен во трансфузиологија и уште еден упат кај специјалист гинеколог каде што одите со резултатот и ви пуштаат ампула.