1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    За сите мајки што се Rh негатив! Без разлика кој Rh фактор го има таткото.
     
    На Septemvri му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Ако и мажот е рх негатив, нема како детето позитив да ти е, што значи нема потреба од ампула.
    Рузик за мајката е детето ако е позитив.
     
    На Septemvri и Kitten им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Да, во теорија е така, но ми кажаа дека испитувале без разлика на таткото за да се исклучела секаква случајност. И мене не ми е тотално јасно зошто.
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.663
    Пол:
    Женски
    Аааа друшки малку по малку и тука се префрливме а? :)
    Уште ми се верува дека за помалку од 3 месеци ќе имам бебенце. :tmi: Како се чувствувате вие? :)

    Може некоја да ми каже што се димери, како се испитуваат и колку се опасни? Може веќе сум испитала а не знам... Сепак ќе прашам, за 10 дена сум пак на контрола.
     
    На marchi-cool, Makedonka007 и Софија 88 им се допаѓа ова.
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам кога ќе размислам мене не ме прашаа мажот која крвна група е :?:
    А треба да прашуваат зошто непотребно да те боцкаат со нешто ако нема потреба. Стварно еве јас сама инсистирав дека знам мора, ама има женички кои не се разбираат во овие работи ни ќе прашат ни препрашаат дали стварно треба.
    Вака изгледа им е полесно, шибај све што је негатив во дуп :D
    Ваљда нема негативен ефект нешто :sweat:

    @Yowannty, јас се чуствувам ама баш исто, само со поголемо меше.
    Некако се мислев дека ќе бидам топка во 7ми месец ама изгледа назад е моето :rofl:
    Мене не ми се верува дека во секој момент може да се породиме, трет триместар може да изненади а јас немам спремно ни една тетра пелена :sweat:
    Д димери треба да ти дадат упат сега во овие недели се испитува.
    Опасни се многу ама ако бројката е многу висока. Ама обично се сомневаат во нив ако бебчето заостанува во развој, може и порано да те пратат за испитување ако се посомневаат.
    Ова некоја нова мода е порано не постоело како испитување :)
     
    На Yowannty, Kitten и Софија 88 им се допаѓа ова.
  6. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Добре ни дојде :*
    Јас сум уште еден месец и пол до терминот. Иии одвај чекам. Таман уште да се доспремиме и да си ја чекаме. Д димери се испитуваат ако имаш потреба,, ако ти се тромбоцити високи, се испитува ако доаѓа до згрутчување на крвта. Но доколку имаш симптоми иначе нема потреба значи во ред си се. :)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @Kitten е во право, единствен услов им е мајката да е негатив, зошто некогаш знае бебе да наследи од постара генерација рх фактор, не само од таткото. И секако не штети, а ризикот е голем ако бебето е позитивно.
     
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.663
    Пол:
    Женски
    Леле @ocicka2014 исто. Стомак ми пркна наеднаш во 5ти и си мислев кујзнае колку голема ќе бидам сега, ама ми се чини за овие месец, месец ипол, многу мала разлика има. Ама дефинитивно движењето ми е се потешко и потешко. Многу сум бавна. И тек сега сфаќам дека добро напраив што пазарив скоро се за бебе, сега веќе тортура ми е да шетам по продавници.. :tmi:

    @Makedonka007 ах ти си месец пред нас. :) И јас едвај чекам. :) Малце страв ме фаќа од пораѓај како поминува времето.. ама ќе ми текне дека тоа мора да помине за да имам бебе на крај, па се помирувам :wasntme:

    Иначе на секоја контрола го чекам доктор да ми каже дека се е супер, и кога ќе ми каже, се друго заборавам што ми збори за резултати. И пуштив срце да не се умарам веќе, крајот се гледа..
    Освен на второ боцкање за скриен шеќер што беше минимално повисоко над границата, трето беше во граница, друго за сега се било во ред. Нит знам железо колку ми е, нит хемоглобин нит бутур. Чим доктор ми вика добро е, срце ми е на место. :D
    За димери.. валда ќе спомне нареден пат ако нема спомнато до сеа.. :D
     
    На ocicka2014, Martka и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Крвна група и рх фактор се наследува од мајката и таткото само, нема врска постара генерација.
    Ако јас сум А, сопругот 0, бебето не може да биде Б, АБ нема шанси. Едино ако го убедувам маж дека може, а да не се разбира, колку да си го извадам газот дека е "негово" :)
    Ама со едноставно гуглање може да се провери се :)
     
    Последна измена: 23 мај 2019
  10. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Девојки 33 недела сум ама денес од сабјле цела ден како да ме притиска удира незнам што прави на мочниот меур или незнам што и да е и ми се оди во вц скорс по малку ама се плашам дали има место за паника ?
     
  11. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене во трето тромесечие. Уште не ми се верува како брзо летаат неделите. По нешто купивме за бебе, облека, креветче, душек, со мајстори сме и на сите страни. За недела дена ќе тркнеме до Грчка на плажа, се надевам се ќе биде како што треба Стомакот почна да се познава, мислев дека ќе бидам топче цело време, ама добро се држам со плус 5кг до сега, а си јадам и сум склона на гојазност. Сигурно последниве 3 месеци ќе се тркалам Бебе мрдка на сите страни, да не го пререкнам добро е. Нареден преглед средина на јуни ќе го видиме
     
    На Septemvri, Martka и Софија 88 им се допаѓа ова.
  12. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Знам дека може, зошто ете јас сум пример за тоа. Мајка ми и татко ми се 0та и Б, двајцата позитивни, а јас сум А негативна. И не сум посвоена 100% 8-|. Има начини за наследување од баба и дедо, со што некој од родителите го носи пасивно тој ген. Има патерни како може да се наследи, и со обично гуглање може да се провери. ^_^
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.663
    Пол:
    Женски
    Еве табела, бебе не мора секогаш да наследи иста крвна група како родителите. Еве тука можете да видите што може да се очекува:
    81B30270-E5C2-484F-9448-6914CF5094EE.jpeg
    Според табелава во мојот случај јас сум А а маж е 0 значи ќе биде или А или 0.
     
  14. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Девојки полека и јас ви се придружувам кон ова тромесечие.Мило ми е што го почнувам тримесечието на ваков празничен и убав ден.Господ нека не чува и води низ него.Ве:hug:мили мои.
     
    На Turna, Flower123123, Novella и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Ајде со лесно мила, да си изгураш без проблем ова тромесечие .. :hug: инаку со 26+ или 27+ се влага во ова тромесечие?

    Имам едно прашање до сите, дали ви е променета кожата , во делот близу срамните усни т.е на делот од ногата и препоните ми е, ем со некои темни флеки дамки, ем ко красти кожата ми е на тој дел ...дали е ова нормално, дали е од брич или што може да е ? :?:
     
    Последна измена: 24 мај 2019
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Со лесно на сите мили мои.Јас сум доле бушман,ама ич не ми чуе,кога ќе имам време и кога ќе можам ќе се средам.На последниот преглед матичната ми рече имам вагиноза(ваљда го погодив изразов)и се мачкам со нистатин.За други промени,не можам да приметам,зошто не можам да се свиткам да видам,така да ме ѕирка матичната.
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.663
    Пол:
    Женски
    Со полни 27. :)
    Иначе и јас имам приметено дека кожата ми е многу затемнета таму долу :tmi: друго се си е исто..
    Ако користиш брич, гледај да е нов на секое поминување таму, сега кожата е повеќе и полесно подложна на инфекции и полесно се иритира.
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Ама еве тука нема опција од крвна група А и крвна група 0, да испадне Б, како што вели @Lepoticata.
    Ако може некој да ми прати линк каде што вели дека од овие две крвни групи може да испадне Б, да не гуглам преку моб сум?
    Ова на школо баш не учеа бев 1ва година по Биологија и баш наставничката се завркаваше како демек може да проверите дали ви се вистински родители по крвна група.
    Инаку @Yowannty, и јас сум А, а маж 0. И ние очекуваме А или О крвна група. Не гледам како ќе биде Б или АБ. Баш ќе видиме ама на маж ми е детето сигурно едино ако не ги измешале материјалите при оплодување :rofl: Ама не верувам оти може да лапнат тужба така 8)
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.663
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 и јас не знаев дека може бебе да има различна крвна група од родителите, па кога прочитав, прогуглав малку и ми излезе овој линк
    https://www.quora.com/Is-it-true-th...lood-type-of-the-father-and-not-of-the-mother
    Таму ја видов табелата.. Може @Lepoticata има погрешено во групите на нејзините, ја исто не знам со сигурност да кажам која група беше татко ми, а може и табелата воопшто не е точна..
     
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.645
    Допаѓања:
    161.610
    Пол:
    Женски
    Мајка ти е О-та
    Татко ти е Б.
    А ти си А .
    Така ?

    Освен дека има некоја грешка во нечија од вашите крвни групи ,јас друго објаснување не гледам .
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.