И мене ме извадија од памет со тие мерки на клиника. Во 37 недела ми го прекинаа аспиринот и од тогаш до 40 недела бебе е напреднато само 1 недела. Последниве 2 недели буквално исти мерки ми кажуваат.. Бебе не напреднало воопшто. Околу 2900 тежи демек. Немам памет ни јас, во понеделник ќе ме гледа некој 5ти доктор, баш ќе го прашам што е работата. Ако не им се меродавни тоа ехата што ги имаат, нека не не трауматизираат додатно. Катастрофа.
Јас живеам во Нов Зеланд. Првин, кога останав бремена се нервирав зошто овде имаш само 3 еха, прво - за срцева реакција, второ - за Даунов синдром и трето - за раст и развој на бебето (комплетен). Ова, споредено со МК ми се чинеше како малку, и нон стоп си поставував прашања од типот ‘што ако...?’ Ниту еднаш не ми кажаа колку е бебето тешко и која недела е според ехото. Едноставно не те замараат со нивните мерки. Просекот на големина на бебињата во НЗ е поголем од МК, и не ни ги полнат главите со такви непотребни информации. Крв си проверуваш редовно или ако има потреба, и тоа е се. Ниту ние возрасните не сме сите иста големина, така да нивните мерки и компарации се немеродавни. Од друга страна некоо бебиња се раѓаат во 38ма недела, некои во 42ра. Кое кога е зрело - тогаш. Мој совет ти е да си се смириш, да ги го гушкаш и мазиш стомачето, да му пееш и даго љубиш. Нервозите се пренасаат и на бебето, а тоа не го заслужува тоа. Уживај во бременоста и не си додавај непотребни стресови. Среќно на следниот преглед и сигурна сум дека се ќе биде во ред ❤️ Поздрав ❤️
2 ра бременост ми е. После 4г 31 недела сум. Осеќам страв како се приближува денот. Како ќе биде. Што ќе биде. Какво ќе биде бебенцето. Па се надевам нормално е
Мене димерите после 10 примани клекасни ми се 3197 не се многу намалени од последниот пат, а референтните вредности во 35та недела според матичната се 3000 што значи нема потреба пак да примам клексани.. Што мислите вие?
Мислам дека во трето тромесечие треба да се максимум до 1700.. Јас во 27ма недела испитував ми беа 6700 и се боцкав 15 дена 2 пати на ден со доза 0.4 и ми се намалија на 2300 и продолжив по еднаш на ден уште 15 дена. Следниот понеделник ќе проверам пак дали се намалиле
Здраво идни мамички Мислам дека од денеска ќе се дружиме овде, 27+1 сме Веќе почнува 7ми месец така? Пред три дена бев на преглед си го видов бебенцето, 1050грама е мојата душичка, проверив крв и шеќер и резултатите се во ред Дали проверувате уште нешто овој месец ?
Според мојата табела од 28+1 се влегува во 7ми, со фулл 28ма недела Барем јас така си сметам Јас сум денес 28+1
28+2 Немам испитано скриен шеќер Дали е задолжително? Иначе еве табела со референтни вредности на д димери
Па и мене не ми спомнала до сега, јас да се најдам во муабет ја прашав ми рече ако сакаш ќе ти дадам упат Благодарам на одговорите
Мила мене бебуш ми беше со неделите понапред и ме прати матичната и фала Богу беше ок.Но за да си мирна провери си,не е страшно ич и течноста не е толку бљак.
Јас испитав во 27ма недела скриен шеќер, немав индикации, шеќерот ми беше во граници на нормала, но бебе е понапредно за неделите и ми рече за секој случај да се испита. Мислам дека до 28ма се прави
Најпрво среќна нова година на сите. Здравје, љубов и среќа. Откако се вративме синоќа од славење почнав да чувствувам болка во стомакот и мокрење почесто. Предмалку се исплашив дури почна да ме боцка посилно во десниот долен дел а бебе мрдаше нон стоп Синоќа бевме во просторија каде се пушеше цела вечер а и како да настинувам изгледа Се плашам за болкиве, мислам цело време на бебенцево дали е добро 27+6 сме
сигурно е добро, не се грижи. Си била активна, гласна музика и сл.па и тоа си славело Болките може да се некој мускул што има оптеретено ако си седела/стоела во иста позиција подолго време. Инаку, јас сум 37 недела и неколку дена, значи ја терам 38ма и имам секој ден по неколку лажни контракции. Ги имам од 7 месец, ама сега откако влегов во 9ти ми се мноооогу поболни. Кога ќе ме фатат, морам што и да правам да застанам и да се истуфкам и да почекам да поминат. Дали на некоја од вас и се случува вака? Бев на преглед пред 2 дена и бебето беше ок, на ЦТГ немаше контракции. А го приметувам стомакот ептен ми е спуштен и бебето кога мрда како да притиска надоле (буквално на ниво врз бешиката)
Трето тромесечје освен редовно испитување на крв и мокрача ве праќаат на нешто друго? Ништо не ми спомнала матичнава, да не пропуштам нешто