И јас бев стегната цела бременост,ама веќе се опуштив малку,ми се гледа крајот,го чекам денот.. времево брзо лета некако. Од облеки и ситници имам нешто што купија блиските,имаме и креветче и количка,полека полека се собира тоа основното гледам да се набави. Пробај да се опуштиш и да мислиш на убавиот ден и веќе може да си купуваш по нешто,многу е убаво чувството..неописливоо
Јас кога влегов во 7ми месец почнав да купувам сега сум скоро спремна Немој да стегаш душа и мене така ми беше ама нема поголема среќа кога ќе ги купиш првите алишта за бебе . Подобро сега бидејќи крај на 8ми/9ти поуморна ќе се осеќаш, вака барем полека полека ќе се спремаш со време
Охоо,првите алишта ги купив во 5ти месец негде,сега сум 30та недела,имам еден куп облека,а количката е во соба паркирана Мене па ме фаќа паника што се ми фали,дали ке стигнам..Облека за од болница,за мене,болничка торба ми треба,продукти за нега,транспортер,бебешката соба да се среди,генералка дома,перење алишта... План ми е од 36та недела ништо да немам од обврски,јас сум таков тип,сакам се да ми е спремно Да напоменам,јас не сум во Мк,па тука се’ поинаку функционира,плус немам помош па се е на мене и маж ми. Иначе работам во јасли,каде што се примаат бебиња од 3+ мес,а мајките доаѓаат за апликација и упис во 5ти месец од бременоста.Нема шубе,такви се околностите. Опушти се и купувај си
Jas po nekoe aliste uste vo 5 mesec pocnav...sobata ja sredivme vo 7 mesec..i eve veke 9 i pak falat nekoi sitnici Inaku...trudno vo treto tromesecie...hahah vo bukvalna smisla
Мајки како ги чувствувате движењата на бебето во трето тромесечие? Моментално сум 30+3 но некако помрзеливо ги осеќам движењата од кога влегов во оваа недела.Повеќе мрда на сабајле и пред да си легнувам. Во 28ма и 29та недела беше ептем активно но сега не толку. Кај вас како е?
Лелее браво, а јас ништо немам ни за мене ни за бебе, очекувам пакет со бебешки алишта од 0+ од другарка ама никако да стигнат, секој ден ги очекувам и да ги спремам лека полека, за мене за во болница ништо, а и што да спремам, влошки само да купам, од оние гакичките за една употреба ќе земам, неколку пријателки што се породија сега скоро тие ми ги препорачаа како нај удобни и вика ги препорачуваат и во болница и лични работи исто тоа не е страшно за 1 ден ќе се спрема, туку работите за бебчето треба некој ден плус, ама ќе биде и тоа. Уствари имам и шишиња и цуцли на NUk нови, заборавив, ми ги подари и тие другарка, нови неотпакувани Е сега се мислам млеко кое да го земам, во болница ако не ми дојде одма млеко, не мислам гладно да го оставам, ќе треба дохрана, затоа што во претходните бремености млеко дури после 4-5 дена ми доаѓаше, кога бевме веќе дома, дај Боже сега уште одма да ми дојде, само што се породам ама кој знае, ќе видиме. На Хипп е добро млекото, го имам користено за син ми, може такво да земам 1 мала кутија за почеток, дај Боже викам и да не го искористам што побргу млекце да ми дојде и да си ја дојам одма.
Јас сум 31+3 и секој ден се повеќе ги осеќам движењата, како расте така се повеќе и посилно удира и ги исеќам преку текот на целиот ден ите седам и те лежам ите одам, се осеќаат бааѓи
Јас сум 31+0 Се мислам дали воопшто моево бебе спие или мирува. Ударите стануваат се посилни дури и болни. Баш утрово мислам како да се превртуваше внатре целиот стомак ми го изместуваше.
Секој ден различно, некогаш ептен е активно и кога и да седнам се превртува, некој ден е помрзливо, ќе удрит послабо и тоа е 31+5 Јас имам мака што наеднаш некако се заоблив, тешко дишам, уште потешко ми е пешачењето
Удира да,ама мојава строго 3та смена работи,знае дека е најплатена,уште сега е профит-ориентед Шала на стана,од сон ме буди,па и језа ме фаќа,си викам тргна бебево. Исто се плашам и кога удира доле,мислам има нога/рака во вагиналниот отвор Како сте со болки? Мене кичма ми страда доста,особено наутро дека нераздвижена,и колкови од спиење на страна.Имам перница специјална,ама ме нервира,ке ја џитнам вечер. Отоци немам фала богу,енергија исто ок,некогаш се движам ко шатче,а не сум сеуште голема.. И то,си се ижалив
И кај мене е исто. Кога ќе мавне силно ниско светилки ми излегуваат од главата. Стомакот ми е ептен ниско како во скут да го држам и кога ќе почне да се превртува морам да станам инаку боли. Овие неколку дена почнаа и колковите да ме болат а ме болеше само кичмата. Немам отоци и јас но малаксана сум и осеќам тежина кога стојам. Стомакот вака ми изгледа само што не е толку голем Зарем вака и јас ќе станам ?
Мене многу пати ме клоца во мочниот канал и мислам ќе се помочам во секунда, како да ме здрма струја у таа секунда кога ме удира, језиво е баш....
Мајки, мора да споделам, ме фрустрира ова. Последниве недели многу си ја осеќам потта, ми мириса, ми смрди сопствениот мирис, а човек сум што многу пази на хигиена Се срамам дури да се приближам некому на работа. Дали ви се случило? Иначе 34 недела сме
Засилено е сетилото за мирис. Е после породување ќе биде уште повеќе, барем мене така ми беше, и зголемено потење. По неколку месеци хормоните почнуваат да се доведуваат и ќе исчезне.
Девојки помагајте 38 Нед сум мн ми се дуја стомакот како да ке ми пукне и ме боли ко ке се подуја назад кај бубрезите шо може да биде да не се некои болки пред раѓање ? Ве молам за совет в среда сабајле имам закажано за царски бев на преглед пред два саати ме прегледа вагинално до горе кај грлото ми рече дека е мн меко и има секрет
Сега го гледам прашањево. Болката ти се јавува па се губи или трае цело време? Ако боли па поминува, тогаш мери на колку време се јавува болката. Ако се вистински контракции тогаш ќе се јавуваат на ист интервал, пример на 20 минути, па на 10, 5...
Откако пишав тука, те побарав во темата Се породив . Видов дека си се породила. Баш ми е мило, да сте живи, здрави и најсреќни
Како сте? Како се држите Јас сум 33+4 многу ми е мачно и болно, ептен ми мрдат, ме туркат, не можам ниту да спијам дури и се плашам како змија да имам во стомаков се поместува цел, докторот минатата недела кога бев на преглед ми рече да одам тек во 36та за цтг