Јас во среда сум 33+1 примив зреење и пак ми мрдаат. А од тоа им се намалува активноста, не знам кој фронт ќе го имав во стомаков без зреењето. И киселини имам еден тон, не можам крајот да си го најдам ни се спие ни се лежи... Ке се издржи уште некоја недела само да седат внатре
Јас сум 33+3 и секој ден ми е некако потежок. Се затнав во носот, не можам да спијам навечер, дишам на уста, умирам од киселини, ме фаќа нервоза и се по ред. За мрдањето исто, ко змија да лази, баш тоа е чувството. Ама кога не е активен, па искрено и ми фали да го осетам Каде ќе се пораѓаш?
31+1,не сум голема ама ко слонче се осеќам,спиењето е измачување,за јадење немам место,плус мора да се пазам и одмарам дека ми е скратен цервиксот и тоа ме излудува,многу активна сум по природа. Ке издржиме,нека седи цуцава уште 5-6 недели и може да се гушкаме @Nairobi88 зошто прими инекции за зреење?Се ли е во ред?Извини ако сум пропуштила а си пишала.
35+4 сум и спиењево веќе ме полудува. Ни перница трпам, ни без неа можам. Како и да се свртам (читај: лево или десно, тие се опциите) ме боли и ми тежи стомакот. Патем, нагло ми е пораснат последниве недела две, цела лубеница е Бебкава ќе биде поголема и од ќерче, осеќам. Неа ја родив 3.600, а дадава којзнае. На прво цтг сум во четврток, се ближи крајот, а уште не сум свесна дека второ ќе раѓам
Здравје ќе се пораѓам тука во болницата државно Немам појма што е тоа цервикс, а многу често низ темиве читам го спомувате
Примав инекции заради цервиксот 14мм ми е. На строго мирување сум дома, ќе полудам по 22 часа на ден сум во хоризонтала. Многу сум пажлива ама докторот сакаше да ги покриеме 33 и 34та недела во случај да се деси отварање или пукање на водењак. Сепак се близнаци од по 2кг и многу натежнуваат. Петок сум на контрола едвај чекам Ти како си?
Абе ми доаѓа на сите што ви е шубе да ве изнесам да купите нешто па ќе видите дека нема да можете да престанете од што е убаво чувството знаеш колку бебиња се родени здрави прави со купени работи предвреме? Премногу, уживај си во овој период
Без рупурут не можам да живеам и само на десната страна можам да спијам, ако се завртам на левата лошо ми е како сите органи да ми се превртени наопаку кога лежам на лева страна се осеќам. И седечки дремам дел од вечерта, дел на десна страна. Со душа чекам пак да си спијам на грб
@Nairobi88 ете не знаев дека се двечки кај тебе.Супер си и до сега,браво на трпението. Уште една недела издржи,до 34та,после мислам ке ти сменат “строго мирување” муд.Како и да е,нека поседат повеќе во меше,да се збуцкаат и ојачаат. Јас сум арна,не е алармантно кај мене според д-рот,24мм ми беше минатата недела,сега во Среда ке видиме.Не сум на строго мирување ,само на “slow down”,без дигање тешко,и долги активности и не одам на работа.Таму ми беше напорно,работам во градинка како асистент негувател,и се што беше со трчање,раздигнување,каши,веш,на мене е обврска,а бара напор истото. Сега ке одмарам дома колку можам,па ваљда нема да се крати нагло. Болки немам никакви,освен стандардните во колкови и кичма,а дур работев осеќав притисок доле и грчеви,па мислев така треба,не да ми текне да се смирам малку. Ете телото се бунело:/
Незнам како со спиењето...неможам повеќе, кожата ме чеша и ме чеша. Шо да превземам во врска со ова. 28 недела сум и сега влегувам во третото тромесечие а не сум скоро ич спиена неколку дена. Насекаде ме чеша кожата и телото. Се мачкам со кокосово само..шо да користам друго? Незнам како ке издржам до крај ова веќе не се издржува а сакам да си ги доносам до 34 бебојките
Значи многу сум нервозна, некој да ме посоветува Имам проблем со шефицата, сеа сум 35 недела и веќе ми е многу тешко и напорно, она и одобрила одмор на колешката, значи мора да останам на работа до 38 недела. Нормално со коментари, јас до крај на бременоста одев на работа бла бла ми доаѓа коса да и откорнам колку сум нервозна . Совет, како да не одам на работа од 38 недела а да не отварам породилно, пошо е рано, прво дете ми е и може ќе го надносам, не знам..
@dunika Да со двечки сум, double trouble . Ти си супер, сега си знаеш сама слушај си го телото се си кажува оно. И јас бев како тебе на slow down мод хахахах. Одев и по гости чат пат, ама сега се собраа неделите и малку паника ме фаќа пред крај. А пазам и од вируси не сакам да кашлам или кивам ми е страв од напор да не се скрати повеќе... Среќно на преглед утре, ти посакувам да нема промени надолу