34 недела тука Се заморувам од ништо, седејќи, лежејќи дури одеднаш како да почне нешто да ме гуши и не можам здив да земам и срцето почне брзо да ми чука, многу неубаво чувство, поминува после одма за кратко, а да не зборам кога одам, на прав пат сум ок, ама угорниците ми се смрт, а ги имам доста до дома, многу пати ми се лоши, ми се завртува свест кога се искачувам по угорница или по степеници и одам како шатка, пополека и од желка одам, луѓето по пат шо ме гледаат си мислат шо и е на оваа шо така лази, ама не можам побрзо и да сакам, многу мачно ова последно тромесечје Киселини последниве денови ме убиваат, навечер во спиење ме будат дури, ми гори грлото одвнатре ми иде да повратам, не можам да ги трпам ама ич, а не помага ништо, ни сода, ни таан, порано ми помагаше тоа, сега ништо, ќе потрае колку ќе потрае и ќе помине само по себе, ама за никаде е , уффф језиво дури кога ми доаѓаат тие киселини Менструални болки немам уште, си викам уште 2 недели да издржам вака без болки и после нека почнат ич нема да ми е гајле, дека веќе време ќе му е...
Како да си се прочитав сама себе 33+5 сум денес. Баш вчера си мислев ако сега сум ваква што ли ќе биде до крај на 9ти, ќе треба да се тркалам И од хормони незнам дали плачам или се смеам во последно Ама само здрави и живи да се ќе издржиме се уште малце ни остана
Здраво Да ве прашам имате ли вагинален исцедок? Дали нешто ставате? Од понеделник ќе одам кај матичната, ми вика дека не смеам да имам никаков исцедок ... Како се држите? Јас никако да фатам позиција ни седечка ни лежечка
Исцедок имам да, утоп сум Ама носам памучни влошки и ме спасува тоа. На последните брисеви се беше во ред, мислам дека е нормално зголемен исцедок посебно во последните месеци
Од самиот почеток па се до сега 37нед. имам бистар до жолтеникав вагинален секерт. Сите микробиолошки вагинални брисеви ми се чисти и секој месец правам уринокултура која е уредна исто така. Се консултирав со гинекологот ми рече дека за време на бременост е нормално да има зголемен вагинален исцедок..и не ми даде никаква терапија.
А зошто да не смееш да имаш исцедок? Општо не е добро или конкретно за тебе? Јас имам, белузлав, со вообичаен мирис - млечен. Мислам дека е нормално тоа, а? А за позиција вртењето ми е најјако, рингишпил хаха. И со перница некако си помагам.
Во бременост е нај нормално да се има исцедок. И јас си имам од почеток, нормален, бело до жолтеникаво е, без мирис, без болка, нормално е. 2-3 пати ми се деси да имам чешање и ставав вагиналети и канестен крема и ми помина одма. Не се штетни ни вагиналетите во бременост, можеш да ставаш ако има потреба. Исто и јас не можам да најдам никаква положба....како се ближи времето се потешко ми станува
Хаха не бе зш само кај мене не Општо демек, предизвикувало предвремен пораѓај, цела бременост ми препишува некои вагиналети, ја упорно не ги купувам пошо се конуслтирам и со друг доктор ми вика нема потреба ако нема мирис, пецкање, зелена боја.... Кај мене некогаш е жолтеникав, некогаш бел, ама без мирис Се одлучивте ли за име?
Мене па д-рот ми рече дека е одлично што има исцедок,дека матката си се чисти со тоа а и каналот. Жолтеникав знае и да е кај мене,ми рече дека е од наглата варијација на хормоните.Се додека нема пецкање или чешање рече е ок. До сега никакви вагиналети. Во Мк имаат процент лекарите некои фармацевтски компании па затоа форсираат одредени лекови.
Аха, помислив така зш знам дека се дур е со нормален мирис и боја, ок е. Зато реков зш така рекла докторката дека не смеело никаков исцедок . Уживај си, ако не те пецка, не е нишо лошо. Ние женскиве и така си имаме исцедок, а не пак во бременост. Абре матичниве шо се интересни. Којзнае филмот што им е. Јас имам име избрано. Мислам дека до крајов нема да го сменам. Ти?
И јас последниве недели сум утоп од секрет, со дневни влошки сум, брисеви и уринокултура ми е се ок. Користам и лактогин, од тоа ми се смирува, ама и ги немам земено оддамна. Киселини по секое јадење, веќе не се издржува. Спијам со гастрогард во рака. Апетит зголемен, ама за благо Од утре ја ситнам 36та и сум возбудена зошто времето се ближи. Маж ми е веќе нестрплив, само ми вели Ајде де веќе роди го бебето ))
Дали ти помагаат гастрогард? Иста сум и јас после секое јадење одма киселина пиев рупурут ама ништо не ми помагаат па сакам да ги пробам гастрогардот?
Ќе ги земам утре да ги пробам уште нив.. Само кажи ми одат ли на рецепт или може да се купат и без рецепт?
Па секоја недела го менуваме името Свекрва ми порачала балони со името, аа не викам го сменивме се изнервира жената
Вагинален секрет и јас имам секојдневно сум со влошки . Брисовите ми се чисти немам никаква бактерија или инфекција ама бел вагинален исцедок имам. Гинекологот ми препишуваше полигинакс вагиналети и микромир вагиналети ама јас кога ги купував кога не. Веќе се потешко станува да седнеш право не одговара да легнеш па се укочуваш од една иста положба . Досега немав никаква тешкптија но веќе 36 недела ми создава тешкотии . Со лесно
Како себе да се читам Само наместо гастрогард, рупурут. Се друго е исто. Од вода имам киселини, баш сеедно е што јадам или пијам, секако имам киселини. Апетитот зголемен а цела бременост многу сакам благо
Заклучок на денот: Од најхиперактивното створење станав најфлегматична особа Едвај станав од кревет, за да одам да свртам еден круг и да пазарам што треба. Немам енергија, немам ни сила Си седам на клупа во парк и ме мрзи да станам да си одам