Иста сум денеска. Еве, мерев температура - немам, мерев притисок - таман е. Не можам оправдување да си најдам за 'уморот'
Да Немам скриен шеќер, а и обичниот ми е нормален. 9 ти месец сум, сигурно веќе и нормално е да си послабо активен, не знам...
Ауууу овој деветтиоц месец најтежок...пред да заспијам коа ми дојде лошо, нагон за повраќање, сум исповратила све. Сега еве се будам од болка во стапалата, почнав со отоци, стапалата и нозете под колената ми отекуваат посебно навечер.
Јас сум 30 недела со близнаци. Имам прашање - Денеска имав многу болки во долниот дел на стомакот. Контракции се и чести. Исто многу ме притискаат и на мочање сум скоро на секој пола саат. Дали е тоа нормално?
И мене денеска некако ми е тежок денот. Ноќеска ме фати грч во ногата а откако дојдов на работа се чувствувам подуено, како прејадено се осеќам, стомакот ми е премногу тврд и бебе кога мрда уфф какви болки ми прави. Едвај седам на работа. Ми бара организмот вода, испив 2 чаши вода со лимон. Ептен тврдо го осеќам стомаков дали е тоа нормално?
Нормално е, тоа се лажни контракции мислам, и мене ми се случуваше посебно во осми месец. Како подуен и ме болеше плус запек.
Здраво мамички, и јас сум во 31+6 најверојатно 7или8 месец, незнам не ги скапирав неделите. Дали имате страв од самото породување како се приближува датумот? Јас некогаш и сонувам а од филмовите што сум гледала замислувам кланица таму . Сакав да ве прашам д димери сите правевте? Јас ја прашав сестрата кај матичната таа ми вика тоа само ако има потреба и еве незнам
Јас сум 35 недела, трет пораѓај и колку страв имам не си свесна, како се ближи секој ден се повеќе ми навлегува некој страв, немир некој не можам ич да се опуштам а сите околу мене ме бодрат, се ќе биде во ред, ајде не мисли така, ама јас во себе не можам да се смирам.....
Исто и јас од една страна се бодрам ама кога ке си легнам вечер психата ме убива. :/ се надевам ке истераме со лесно и со убаво. Мора да го извадат како така
Јас немам страв,напротив едвај чекам да се запознаам со бебушка. За болка ако ептен не издржам има епидурал,плус ке сум во раце на лекари и бабици. А се водам и по проста логика,ако е толку страшно и болно,сите ке имале само по едно дете.
Тоа дека си прворотка, за тоа и јас со првото мака немав, едвај чекав да ми почнат болки и да одам да раѓам, скроз опуштена и тамуво болница бев, ако 18 часа ме држеа и чекаа да се отворам скроз за природно и се измачив искрено ама пак не се плашев, вооптшто не ми ни помина таква мисла во глава, плашење и такво нешто Е после кога дојде второто веќе си мислиш, што ќе биде, пак ли толку часа ќе се мачеш како првото, а што ако не бива природно и те земат за царски, а со бебето се ли ќе биде во ред??? Си ги поставуваш прашањата. И секое наредно е плус поголем страв. Барем кај мене е така, јас имам и други поминато пострашни стравови и затоа сега повеќе се плашам. Охх како е Господ никој не е, нека не чува тој и мајка Богородичка па што треба да биде нека биде
Знам @Kallias2 дека второ/третородките повеќе се плашат. Сметам дека грижата и стравот се нормални,како ке пројде,ке биде ли се во ред итн.. Но,сметам и дека психичката подготвеност дека треба да издржиме нешто што зависи само од нас е многу важна. И секако,вербата дека ке биде се во ред и ке почне една поубава етапа од нашите животи Не се секирај,повтори си само колку си храбра и нека те води љубовта кон сопственото чедо
Јас си викав мора да излезе бебето, а мама мора да ја издржи болката ако сака да добие нова животна улога-мајка Отидов со мисла дека се како менструални болки,без да се плашам, "страшното" траеше околу 2-3 часа. Пораѓајот ми остана како една траума,зошто никогаш не сум правела некаква интервенција или пак не сум осетила поголема болка од менструална или забоболка. Од што бев исплашена цело време повторував второто ќе си го купиме Сега по 4м ја заборавив болката и за некоја година ќе поработиме за сестричка Со лесно мешиња.
Женски,беба ми е високо поставена,главчето е веќе надоле но целосната положба е горе,баш кај желудникот. Е,кога и да станам или сум активна,некако ми се здрвува тој дел,мислам дека се испрчува со газето ама некако доста тврдо е на допир на моменти.Не сум сигурна дали се контракции или е самото бебе кое има се помалку место.Иначе сум 34 полни утре. Како е ситуација кај вас?
Јас од денес ситнам 37ма недела и некако уште сум опуштена, не ме фаќа страв сеуште. Ама мислам дека кога ќе дојде денот ќе бидам во шок. Си се спремам сама психички дека денот се ближи и дека конечно ќе се запознаеме Единствено не знам дали сум спремна за природен пораѓај, повеќе би сакала царски.
Некако ми зачестија менструални болки и ме фаќа страв, 37+3 сум. Еве ви слика што ми се дешава со мешко, како конус ми стана. Некоја поискусна да каже? Ме фаќа страв пошо имам план уште една недела да одам на работа, на преглед сум тек во среда.