35 полни @strelkata Не одам веќе еден месец,ми беше потскратен цервиксот и морав да останам дома да се пазам. Иначе планирав до 36та да одам:/
Дома си е дома, ни треба одмор. Газда како газда си бара да работиш до максимум а никој не се замара дали можеме. Дури кога разговарав за одмор не ми ни кажаа ништо конкретно, одговорот беше "ќе зборуваме пак ќе се договориме". А со право ни следува. Ако издржам ќе одам до 36та,ако не ќе си седнам дома.
37+2 Сите ги чувствувате бебињата поактивни, само моето некако се смири И мене се ме боли, денес доста пешачев и мислам препоните и грбот ќе ми пукнат од болка и еве си лежам.
36+3 и секој ден се потежок Само што излегов од бања после два саати. Едвај се средив некако, се искасапив, а сега почна да ме боли целиот стомак ниско доле и кичмата едвај станувам. Па не ми беше така додека не влегов да се туширам Аххх. ..
Ох ај добро вечер. Само да се жалам пишувам, што друго да кажам, немам И јас денес дали од седење ме болеше стомак, бевме во парк и седев повеќе време на клупа и се здрвив и кога станав укочена цела, стомак, половина како да ме сече, едвај одев. Дома исто, легнав да одморам, се напив магнезиум и ми помина. Сега пред 2-3 саата стомак пак почна да ме сече, цревата мислам смачкани ми беа, така се осеќав, мочниот меур, осеќав баш како ме удира бебе на сите можни внатрешни органи. Во вц нон стоп идам, што ќе да беше ова толку многу натискање, се превртува бебе толку силно ме удира, цревата мислам решето ми ги направи, ме сече од болка и едвај станувам и за во вц Сега ми помина. Ме фаќа на моменти Ноќеска едвај се вртам, само офкам Ај лека ноќ. Дај Боже да имаме сите мирна вечер
Женски јас осеќам кога турка со главата надоле при движења,мислам буквално ке искочи,ептен ми е језиво. Ви се случува ли вака? Во Саботата имав менструални болки,па тркнав до болница,цтг беше мирно,ми направија преглед со рака.Не боли ич,грлото затворено,цервикс околу 1,5цм-2 рече бабицата.Влегов во 36та недела,се надевам ке поседи уште 2. Иначе е премногу активна во стомак.
И јас така го осеќам, посебно овие неколку дена како да ќе испадне при секое движење. Јас синоќа имав болки цело време во долниот дел, слабината и кичмата едвај прекарав ноќ. Стомакот се пониско ми е. 36+4
@srce-9 ми рекоа дека болките се подготвителни,да не паничам ако нема редовни контракции,парчиња од чепот или пукнат водењак. Како помош ми спомнаа само пластично шише со топла вода(не врела) да се држи да стомакот во лежечка положба. Ке биде со во ред,ти имаш уште некој ден за да влезеш во најбезбедна зона,односно 37+
Potpolno istoto I mene mi se sluchuva ..mislam deka vo sekoe vreme ke se porodam plus Od shto e aktivno den I nok ne me faka mesto nit za sedenje,nit za lezenje pa I dodeka se dvizam neprestano e aktivno ...
Па и мене така ми рекоа, но некако ме плаши Еве баш сега бев до тоалет и приметувам водена е влошката носам дневна заради исцедок от но не е баш исцедок ова Аман на работа сум, ме фаќа страв
И јас сум овие две недели цело време со секрет. Дури толку обилен што трчам во вц да не е чепот Денеска сум со некои менструални болки, но цтг уште мирно. Па и овој стрес не е работа
Да не останам и јас покусо Неам болки, плодот горе удират насилнички не знам веќе како да си помогнам себе си, не знам како да седнам, да легнам а да ми е удобно, со перници сум околу мене џабе киселини исто, секрет 37+4
Исто и мене женски, истото што го кажувате, скроз! Болки долу скроз ниско, не можам ни да лежам ни да седам, на моменти не можам да се исправам ни да одам од што мислам дека секој момент ќе излезе бебе, сечење во стомак, благи менструални болки.....сите тие симптоми еднаш во денот ќе ги имам ама па и не секој ден, 37 недела сум и очекувам искрено и чеп да падне и вода да истече, зголемен секрет и јас имам, баш некни пишав дека осеќам како ми тече нешто и трчам у вц да не е лепот, а оно бело прање Готово, кај и да е, мислам печени сме веќе за средба со бебе Страв, страв, страв.....пффф колку и да се трудам да не мидлам, не можам, аман веќе. Торбата уште не ми е спремна, ај здравје утре ќе почнам да ја спремам