Последниот преглед правев цтг и беше мирно без контракции, Најверојатно следното цтг ќе биде за 2 недели, освен ако ете не фати нешто порано
Од 36та секоја недела на ЦТГ и ехо по потреба. Јас бев минатата среда и сега во четврток пак ќе одам, 37ма сум.
Јас одам на цтг и протоци секој 3 ден, зошто бебе беше мирно. А веќе сум 37+4. Почнаа некои контракции да се покажуваат на цтг, ама ништо страшно сеуште
Има шанси до крај да се сврти. Тоа до 34та е само некоја статистика како е во најголем број од случаите.
@Филотеа кај @ddevojce се сврте негде при крај,а беше карлично. Нека ти сподели таа искуство кога ке може
Не, цела бременост ја водам приватно, прво систина 2 месеци, потоа ремедика еве до крај и таму ќе се породам.
Имам повремени менструални болки и често стврднување на стомакот, повремено ме боли и грбот, друго не. Меѓутоа бебе беше малку потспуштено долу и мерките од протоците ги збунија и морав дс одам почесто. Утре сум фулл 38 недела. Планирам со царски. Ти која недела си?
Слично и јас, вчера неколкупати ми се стврдна и онака блааги болки во половина. Јас сум 37+4 по менструација, ама недела дена ми е поназад бебево. Не знам што се смета за меродавно. Барем последно беше така, сега не знам колку е променета состојбата. Исто така и минатата среда на преглед, постелката беше втор степен, протоци - ок и плодова вода - ок.
Е мене ми е малку и намалена плодовата вода. Не се плаши, мене ми рекоја дека ми е за 3 недели понапред бебе, па еве го сега само 1 недела е понапред. Некогаш мерките им се +/-, исто како и за тежината. Не можат баш точно да мерат. И на другарка и кажаа и е поназад за недела, па бебе се роди супер!
И мене прво ми беше 1 недела понапред па на последната контрола ми кажаа дека е 1недела поназад, ама не било страшно тоа.
Јас ништо не осеќам а денес сум 38ма недела, а може и не знам да ги протолкувам сипмтомите, какво е чувството на стврднување на стомак? Утре сум на лекар да видам што ќе каже доктор @RAK91 твоја одлука е царски или на предлог на доктор? Со лес