Баш како згрчување на цел стомак неколку минути. Како грч во нога кога фаќа, само не е до толку болно. И понекогаш малку здивот се сепнува.
Се грчи стомакот неколку секунди, па пушта Разговарав со докторот и на крај се решив за царски. Имам тесни кукови, слаба сум и бебе е моментално +/- 3800 грама и се плашам да не испукам, па шиење и слично. Искрено не можам да трпам болка, да чекам провокации, да се пука водењак и слично. Тоа е мојот избор Не велам дека може е најправилниот, но е тоа што јас го сакам.
А јајници ве болат? И дали спиете на десна страна? Читам глупости на интернет на англиски, што предизвикувало спиење на десна страна...бла бла. Ај за на грб, знам. Ама само на лева, сигурно цела вечер не ќе издржиш. Едно време ќе се завртиш. Ексик веќе. Синкир порано знаеле вакви работи.
И мене ме интересира зошто неможе да се спие на грб бидејќи до пред некоја недела секогаш се будев ноќеска на грб иако заспивав на страна. Секогаш заспивам на лева страна, бидејќи на десна и да сакам неможам ме заболува стомакот за 10 минути. Па така се превртувам нон стоп. Ме боли под градите целиот дел и препоните ниско доле од клоцањето.
Спијам и на десна,таман работа цела вечер на лева,ке треба со штрафцигер да ме собираат На грб кога е голем стомакот е тешко да се земе воздух,притиска на некоја главна вена. Иначе пред тв или кога читам сум во полулежечка положба на грб.
Мислев дека веќе му е тесно и затоа го нема да мрда 2-3 дена ама колку е активно овие 2 дена не знам кога спие. Ништо не можам да завршам по дома дека само седам и си го гледам стомакот како се изместува. Да не ти се верува дека можеш толку многу да сакаш некого
На сите страни спијам и како ми одговара така правам. Не можам на една никогаш да спијам ни додека не бев бремена, а ни сега. Во текот на ноќта едно 100 пати сигурно само се обрнувам де на една де на друга де на трета страна.... и се така во круг и ко да видиш ни спиење се видело ни одмор, се будам изморена него одморена Јајници не можат да болат, мислам, а болки долу ниското и згрчување/стврднување на стомак имам скоро секој ден, ама не се постојани....
леле и мене истото ми се случи,како да туркаше доле со главата и тоа без престан како да пробива. реков готово ќе се пораѓам , се исплашив. а рано е за пораѓај. после се смири и јас се смирив
Јас повеќе на десна страна спијам, на лева не можам повеќе од 10тина минути оти колкот ме боли многу. Разговарав со бабица ( не знам како да ја кажам. Жена што доаѓа приватно кај мене дома и ме контролира пред и после бременост) и таа ми кажа дека не е толку важно на која страна ќе спијам, само не на грб. Но и во спиење да сум се свртела на грб ништо страшно, без паника.
И на лева и на десна страна спијам, на грб не. Перницава за трудници ме чува да не се наместам на грб. Колкови болат, но тоа е, ќе спијам како што сакам кога ќе се породам.
„Лулка“ организира симулација на породување, сигурно ќе биде корисно да се присуствува https://www.facebook.com/events/1480469125452154/
Денес ме прегледа вагинално Доста непријатно Најверојатно здравје природно зошто веќе со главчето е свртено На сите со лес нека ни биде
Ти направија малку вртење со прсти? и ти го поткренаа стомакот прво Кратко е, ама непријатно, да. Мене досега двапати.
Мене тоа повеќе ме болеше отколку самиот пораѓај. Кога отидов со малото да се пораѓам мислам дека се изнавежбаа на мене.