Дали имате несоница? Веќе неколку дена се будам во 02ч, 03ч! Утрово се разбудив во 05ч и толку беше од спиењето.
На почетокот на бременоста се будев во 2-3, лежев до 6 и призаспивав уште саат-два. Во третово тромесечие ретко ми се случува, обично само за вц станувам и потоа заспивам. Но има понекогаш ноќи да се разбудам исто во 2-3 и после пак во 6 призаспивам уште саат-два. Среќа рано си легнувам, во 21:30 веќе хркам Попладне не ми се спие.
Трудници мили како сте денес? Јас се осеќам како воз да ме прегазил. Во 34 недела сум и се потешко ми е. Еве денес конкретно нозете ме болат, најверојатно од тежината. Плачам за се глупости. се плашам за ситници и така живеам Кај вас кои симптоми преовладуват?
Како се приближува времето се повеќе тежина ќе осеќаш. А тоа што плачеш се хормоните, мислите околу пораѓањето, како ќе биде, како ќе се снаоѓаме со малечките... Сето тоа влијае и не тера на плачење Јас сум 37+6 и имам болки од тоа што бебето мрда и се истегнува. Планирам утре пак на цтг да одам па ќе видиме што ќе каже докторот. Уште малку остана и паника ме фаќа, припремам работи за болница и така ...
Со лесно мајка, се надевам дека ке се снајдеме во оваа улога. И моево се истега, мрда и веќе има сила добро мава. ама уште малку па ке се гушкаме, вреди да се истрпи ова
Opasno e da se napregam koga odam po golema nuzda? Me boli stomak za vo wc a mnogu e tvrdo i moram da napnam. Samo mi e strav nem taka da uspeam nesto pogresno da napravam, da ispadne prevremeno poraganje ili pukanje na vodenjak? 34+3
Добро утро мајки, како сме денеска? Јас се наспав убаво после неколку недели, бебе ми беше мирно цела вечер и утрово не ме клоцаше и лесно се превртував како да не сум бремена. Но откако станав забележав дека стомакот ми е тркалезен баш како топка некако и движењава на бебе некако чудни. 38+0 Дали е менува нешто кога бебето се спрема за излегување, стомакот, некои припремачки симптоми?
Имате болки во колковите? 29+4 сум. Ај што ме болеше дур спијам левиот колк. Сега и откако станав многу ме боли дури ми се укочува ....
Da. Duri koga stanuvam posle podolgo sedenje ili lezenje klinkam, krivam prvite cekori kako nekoja stara baba Normalno e
Мене ми oтекуваа премнoгу нoзете ме сoветуваа за ладни oблoги, бoрoва вoда... Разгoварав и сo матичната зс пoтреба oд испитување д-димери нo ми рече дека нема пoтреба.
И јас од денеска почнав да отекувам веројатно дека се стопли времето. Ладни облоги и нозете качени на повисоко, повеќе вода, помалку сол.