Девојки, околу 32 недела дали сте забележале сува уста внатрешно, жед а и самите усни да жежат и да се сушат? Дома сме со клима (си велам можи од тоа е), скриен шеќер немам, пијам вода...Не е секој ден вака ама знае да си биде за некој ден. И во тек на цела бременост на некои периоди така осеќав ....И уште ова-повремени вртежи како менструални ама слаби болки? Тоа е особено кога ќе седам во некоја положба, или некогаш си мислам дека бебчо подудрил натаму...
Да ве прашам тие што сте во поодмината бременост, како спиете? Се околу мене со перници сум, една меѓу нозе, една кај грбот, три под глава ради киселините, ја баталив оваа за трудници зш ми стварат нервоза и пак никако позиција да фатам, ќе се изнервирам и толку од спиење, ќе ме фатит колкот од иста положба лежење, демек да се свртам на другата страна, па ми треба време па пак од почеток
И мојта уста е често сува и во последно време многу често чувствувам жед и некогаш пола шише од 1,5л на екс испијам ама џабе и земам мастика за џвакање од ментол и тоа некако малку ми нормализира а и ми помага кога имам киселина. А за менструални болки имам скоро секој ден по малку во последно време, но 99% се кога лежам а и почнаа да се појаки.
Јас од почеток спијам со перница за трудници, плус уште една за под глава и душекот подигнат. Едната страна од перницата ми е меѓу нози а другата од позади ептен доближена до грбот за да не се вртам а и меко е. Засега ми е удобно
Извини што упаѓам како падобранец. Јас немав проблем ни во двете бремености. Ми сметаше да спијам на десна страна. Незгодно ми беше. Можеби на психичка база. Тоа кога бев при крај. Ме фати пеколно жешко. Ова во втората бременост. А отечена ми беше левата нога.
Мене термин ми е 28ми Март, па значи во иста недела сме. Јас се чувствувам како веќе, тешко се движам, а седам или лежам подолго време кога ќе станам имам болки долу ниско, а и срамната коска веќе долго време си ме боли. Бев на едно ЦТГ, бебе беше мирно, следната недела пак треба да идам. Инаку кај мене на сабајле ептен клоца бебе, преку ден мирува и вечер пак се заигрува . Како се ближи терминот, се повеќе паника ме фаќа, плус и со ситуацијава со вирусот, што ќе биде како ќе биде... Господ нека биде со сите нас.
Дали смее и дали користите некој крем за брадавици? Сношти кога се искапив заприметив како распукани да се! 27+4 сум!
Ич не знам колку пари е, купував и други работи и не ни прашав за цена. Од аптеката во Систина го зедов, но прашав и во Зегин, го имаат и таму. Претпоставувам секаде го има.
Да ви се вмешам во муабетов баш читав дека многу ја фалат оваа маст, не сум ја користела но планирам да си ја земам баш неа за кога ќе си ги спремам работите за пораѓај а засега обична павловичева ми врши работа
Здраво мешковци, како сте? Како функционирате сега со ова вирусот? Дали одите на контроли, анализи, цтг? Мене многу ми е стресна ситуацијата, баш ме плаши. Ми рекоа да пешачам и ете по кеј ке излезам навечер ама се осеќам со од секаде да демне опасност. Наредна недела треба да испетувам пак д-димери, крвна слика, цтг ама незнам дали да одам и дали ке работат
Денес ви се приклучувам трето тромесечие , 27+1 г.с. сум. Не одам на работа неделава , поради корона вирусот. Дома сум. А и btw шубе ми е да излегувам ,и да излезам со маска сум.Дома со мм строго ригорозни мерки на хигиена, за него,пошто оди на работа се меша со луѓе... Времево е прекрасно ... но мора дома