1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    По ритмичко пулсирање во стомакот.
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceculka

    Ceculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Повеќе пати во исто место ,нема шанси да не знаеш дека е тоа
     
    На Maja92@ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ме интересира! Кое е чувството што го доживувате кога бебе ика?
     
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.825
    Пулсира на едно исто место, тук....тук....тук ....
     
    На Lady Leona и Maja92@ им се допаѓа ова.
  5. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам еден проблем последниве неколку денови. Ќе станам за во тоалет или нешто ќе ме разбуди и не можам да заспијам... Ми се спие ми се плаче ама сон не ме фаќа... Еве вчера одвај заспав во 23ч и станав во 3 ипол за во тоалет и од тогаш немам заспано, моментално е 5 и 30... Не знам што е ова... Дали е од бременоста или нервоза од ситуацијава? Иначе сум 27+3
     
    На bibiiii, lovely12 и Филотеа им се допаѓа ова.
  6. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Не се секирај. Нормално е во третото тромесечје. И јас ноќеска се разбудив во 03. Ќе издржиме уште малку.
     
    На Maja92@ и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  7. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    И јас редовно се будам во 3, како темпирана. Тоалет, киселини, немам здив од стомакот... И така ми треба саат време пак да заспијам.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    Овие 2 седмици откако сум дома супер наспана сум.
    Последниов месец дена плачев за сон , а плус одев и на работа жива ненаспана, ќе станев за во wc и толку од сон. Периоди се . Пиј Б6 пред да спиење. Млеко со мед. Ќе ти помини таа инсомниа .
     
    На Butterfly1107 и Филотеа им се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Oчигледнo сите гo имаат oва на краj секoj ден се будев вo 5 и немoжев дс презаспиjам дo каj 7 наутрo. Несoница |(
     
    На Maja92@ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случува понекогаш. Се будам околу 3-4 и гувеам будна до кај 6 и после призаспивам до 8.
    Така ми е од почеток на бременост, во прво тромесечие ми се случуваше секоја вечер, па потоа на неколку дена. Сега во трето барем еднаш неделно.
     
    На Alishan30, Филотеа, Maja92@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    93.460
    Пол:
    Женски
    38BDB338-C6AC-43AA-8041-25D420DA9CB9.jpeg Јас се будам кај 5-6,а заспивам после полноќ.Доручкувам кај 7,пијам чај од камилица и пак уште саат-два отспивам.
    Преку ден може исто да дремнам.

    Друго што ми се случува последниве недела-две е одам по 5-6 пати по голема нужда:x
    Од мочла на се.ла преминав:whew:

    Претпоставувам нормално е,се чисти организмот пред пораѓај.
    Со енергија сум ок,расположение варира од терање на плачка па се до хистерично смеење..
     
    Последна измена: 24 март 2020
    На Alishan30, eta, Филотеа и 5 други им се допаѓа ова.
  12. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Се*ла бе :rofl: ме изнасмеа :rofl: јас се радувам кога ми доаѓа за голема нужда затоа шо одев на 4дена.
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Јас од дома работам и не можам да презаспијам, немам кога, па како зомби пред компјутер со кафето сум секое сабајле :D
     
    На Филотеа, nadenadia, strelkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Ајде уште едно прашање, имам закажано трет скрининг кај Димчев идната недела. Се јавив сега кај матичната и сестрата ми кажа дека ако е се во ред нема потреба да доаѓам и дека се гледаме во 34 недела за брисеви. И реков ОК јас до тогаш ќе си ја проверувам крвната слика сама ама некако касно е 34та. И ми рече дека ако е се во ред нема потреба да одам пред 34та, а ако има нешто со железото проблем да се јавам да ми кажат. Е сега следни ми се прашањата:
    1. Дали да почнам сама да си мерам пристисок за да знам како се дивжи? Дали си мерите?
    2. Ако направам крвна слика идната недела, да ја повторам за две недели или откако ќе ги испијам таблетите?
    3. Дали да одам на уште едно ехо во 32ра недела, ако не ме прима матичната ќе одам кај Димчев и онака сакам тој да ме пораѓа?
    Не сакам да пропуштам нешто, го пропуштив мерењето на шеќер заради ситуацијава. Па ако може да ми кажете уште нешто да не треба да проверам во меѓувреме? Како ве советуваа вас? На колку прегледи бевте?
    Благодарам однапред :)
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Штом имаш закажано трет скрининг немаш потреба од плус преглед на ехо.
    Притисок слободно можеш да мериш сама дома секој ден, само нека биде во различно време.
    Крвната слика најдобро да ја правиш кога ќе завршиш со апчињата, а ако правиш сега секако повтори ја.
    Јас правев трет скрининг во 32 недела и сега следно ми е брисот во 35та и толку. Следно пораѓај.
     
    На 0ли, Butterfly1107, Chuchanov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    1. Јас мерам притисок, последниве денови малку поретко, но се трудам еднаш дневно да имам измерено. Си имам мобилна апликација каде си ги внесувам резултатите.
    2. За второво прашање не се чувствувам компетентна, зошто и јас не знам што точно да правам во врска со анализите.
    3. И јас мислам дека ако третиот скрининг го правиш следна недела, не би имало потреба уште еднаш, можеби тогаш брис кога ќе ти зема да те види?

    Инаку и јас закажав следна недела трет скрининг кај Петровска, сакам во таа прилика да се информирам за се понатаму во врска со подготовките за породување, сегашните услови со вирусов и дали треба однапред нешто да се резервира, не знам.

    Брис кај матичната ќе правам во 35та, а крвна анализа деновиве дефинитивно ќе направам, иако матичната остави на мене дали да одам или не, сепак сакам да видам дали е се ок.
    Јас пропуштив скриен шеќер да направам, а сега гледам дека веќе не ни примаат за испитувања заради мерките.
     
    На dunika, 0ли, Butterfly1107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dance27

    Dance27 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Дали е задолжен третиот скрининг,од која до која недела се прави и што се гледа на третиот?
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Обично 30-32 недела, не е задолжително ама пожелно е зашто се гледа зрелост на постелка, проток на крв и плодова вода. Може да се направи и кај матичниот. После тоа нема друго ехо.
     
    На Dance27 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Хелоу :hai: од денес влегувам во 7ми месец и почнувам во оваа тема:D ве читам за трет скрининг... сите ли го правите? Јас кога бев на втор Димчев ми рече се гледаме за трет ама и си првото не бев и сега се мислам да не одам.. матичниот ми е ептен добар и му верувам многу па како и после вториот скрининг пак он гледаше исто ко Димчев па си викам да не фрлам џабе пари кога секако матичниот убаво ме прегледува секогаш :D
     
    На IvanaAni, Филотеа и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Мене матичната ми кажа да одам кај Димчев бидејќи таа нема голем апарат каков што треба за да види убаво. Ти си кај Личоски ми се чини, чим тој има апарат ја би терала кај него.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.