Да кај него сум.. а за контроли обични одите ли? Ми фуфка да се мафтам низ болници и поликлиники за на ехо да ме гледа.. Си викам да се јавам па да видам што ќе кажат
Јас бев денес кај Личовски, нема гужва редуцирани им се термините, правев брис 35 недела сум, баш ми објасни дека 3 пати неделно на негов трошок му доаѓа служба за дезинфицирање. Полошо би било ако не ги правиме контролите на време. Единствено што ме исплаши е дека уште сега било преполно во чаир за пораѓај и на никого не се посветувало доволно внимание, што е и логично како што кажа не е исто да пораѓаш 7 и да пораѓаш 14 жени во исто време. Исто и имале допис дека примале само со пукнат водењак, отворени и со болки, сите други прегледи се откажувале. Нема да имаме ни цтг во 9 месец. Ептен ми е страв како се ќе излезе на крај, сега и не превзимале одговорност бидејќо била вонредна состојба
Леле јас да ти кажам некако позитивна сум во врска со вирусов и се надевам до пораѓај малце од малце ќе се смири ситуација.. си викам јуни далеку е ама и не е толку далеку.. А Личоски значи нормално си работи.. ќе си закажам тогаш фала ти А прва смена е оваа недела?
Прва смена е. Јас неможам да спијам навечер само на вирусов мислам, а и немам уште многу до пораѓај сигурно до тогаш нема да се смири ситуацијава, барем да не е на полошо
Дали имате чувство дека преку ноќ ви расте стомакот? Посбно после јадење се чувствувам како да сум 9ти месец Иначе сум 27+5
Денес влегов во 29 недела и пред малку се вратив од преглед.Шок ме мавна,ми се рикаЕдното бебе се свртело со главчето надоле,ме притиска доле,грлото омекнато,строго мирување и ми дадоа две инекции за зреење на белите дробови на бебушкиНекој совет од тие што поминуваат низ иста ситуација???
Од почеток на бременост пијам дабрестон,а може глупо прашувам ама каде под газ да ја ставам,да ја седнам и дали само на страна да лежам
Знам јас го пијам цела бременост ама се слаби, и плус примам прогестерон депо 250 по 2неделно. Затоа и ти кажувам...имам предвреме раѓање превентивно примам
Јас сум 29+6, не лежам. Ама оти сум ризична си примам од почеток прогестерони. Јас не можам утрогестан оти сум алергична на соја. И затоа депото како инекција го пуштам 2пати неделно. Требаше да намалам, ама со ситуацијава ми е страв и затоа уште примам. Ќе ми намалат полека полека. Побарај дополнително прогестерон да ја стега матката, барем да издржиш некоја недела плус
Од ова најмогу се плашам и јас сум во 36 недела и сакам во чаир да се породам ама незнам дали има доволни капацитет да примат толку трудници. И Гак кога работеше беше полно а не па сега. Многу ми е страв Господ нека ни е на помош на сите
За жал нема, завчера се породи другарка моја со царски, денес се слушнавме немало кој да и помогне да стане, сама станала за до тоалет, среќа што не и се слошило. Ептен било гужва и никој не ги гледал родилките. Нека помине вирусов побрзо да се вратиме во нормала, веќе ништо не е како порано