Еве и @Joki99 да види- Пред некој ден бев забрисевите, па кога стигнаа рез. беше и ехото. Се' беше ок, само се загрижив дека плодовата почнала да се заматува малку (др рече не е страшно, да пијам чаеви) а папочната врвца одела од кај грбчето и бебче си спиеше на неа до вратчето. Др рече нема гајле, лабаво била поставена ама јас се загрижив малку па затоа ме интересира како е кај другите....
Мене на последното ехо ми направија и цтг за папочната и плодовата вода не ми спомна ништо само ми кажа дек поателката е здрела 2-3 степен и ме праша дали пушам или седам во просторија во која што се пуши(како да тоа е единствено нешто од што здрее постелката) и кажав дека ни едното ни другото не е оа после ми рече е па во ред е така треба да биди сега демек да е здрела до тој степен...ама мене сепак ме мачи имам уште 3 недели до термин да не не добива кислород и храна незнм тоа дали ќе го следи сега другава докторка што ќе ме пораѓа...во понеделник сум на преглед па ќе ве известам
Денес бев прв пат на цтг, немаше контракции, како што гледам оди до 20, една цртка само имаше над 20. Тоа цтг-то во ПП крш...После докторот ме виде на ехо, кажа дека се' е ок, дека е рано. За плодовата рече да не се секирам, ја има доволно а тие точките биле од тоа што на бебче нели му се лупи кожата. За папочната заборавив да го прашам ама ништо не ми рече. Засега кажа дека доволно е еднаш неделно да одам на цтг(тој ќе ми закажува). Ми објасна дека треба да го барам доколку пукни водењак, се појави крварење или многу чести болки. Ако паднел чепот не биило за паничење...И тоа засега Бебче е со глава долу, грбче на моја лева страна а ножиња десно- ко кифле свиткано душе мало...
Тие што сте при крај на јуни за породување дали купивте веќе нешто за бебчињата за облека мислам незнам што да спремам кратки или долги..дајте некој предлог споделете ☺
И јас незнам какви и што па си зимам од се по малце хаха .Кажете ми 30 недела како ги осеќате бебките? Кај мене 2 дена активно 2 спие хаха
Мене ми е термин 30.06 јас имам по неколку и на кратки и на долги од потенок памук, не можеме да знаеме какво ќе е времето за сигурно, иако ќе биде лето календарски ако треба ќе купуваме дополнително
Ќе земам и јас измешано само за излегување незнам за што да се одлучам што викаш времево незнаеме кско ќе е..јуни знае и свежо да биде а и претопло.
Ако мислиш за излегување од болница јас ќе земам комплетче од потенок памук на долги ракавчиња, чорапчиња секако (како што прочитав низ темиве хулахопчиња не препорачуваат повеќето за овој период, сепак ќе ни бидат летни бебиња) и за покривање памучно ќебенце, се надевам ќе е таман
Кај оропан беше ти така? Какви се правилата сега со ситуацијава во болница сама си или можи и придружба?
Кај него, да. Идеше и сопругов, ја прашавме сестрата ама таа рече не знам, дека со ситуацијава, ако ви дозволи доктор. Ние рековме ок, не мора, па ме чекаше пред одделението.
мене ова ми го понудија од аптека, не сум почнала уште со мачкање а за некој ден ќе влезам во 8ми месец. Барав на медена ама немаше ова е многу поефтино околу 130 денари.
Јас да ви кажам со првата бременост не сум мачкала ништо пред да се породам ,па фала богу не сум ни имала проблем со брадавиците дур цицаше син ми .
Јас за 2 дена полнам 36та недела и уште не ги мачкам градите. Зашто ги мачкате толку рано? Имате некаква потреба уште сега или? Баш ги гледав пред некој ден да видам разлика ама скроз исти ми се, ни испукани, ништо.
Дали имате некаков секрет и каков е по боја? Јас имам како бел, не по цел ден и не многу, пример 2,3 пати на ден ....