За заморот види железото како ти е а може и послабо спиеш зашто не се движиме во овој период, а бебе ехее до кај 34-35 ке биде поактивно потоа полека ке се смирува ради просторот
Женски знам дека сум досадна ама ова болкиве во кичмава малку ко да ме плашат. Болки во кичмата од тежина се исти такви како кога ќе добиеш па те боли кичмата? Еве денес пак ме боли, не се неиздржливи, повеќе како тапа болка ,досадна.. Ова втор пат ми се случува,минатиот пат само од себе ми помина. Ама ајде се ми оди на памет
Да те утешам и јас ги имам, баш така како за добивање. Најчесто ако се изморам или од претерано лежење. Би рекла дека е нормално.
Денес баш ништо не работев, се исплашив, поготово дека сабајле имав јака болка кај стомакот минутка траеше и ми помина. Реков госпоѓава да не решила да излегува предвреме. 300 филма си направив. Фала ти, сега полесно ми е
Дали некоја од вас имала лигав исчедок од доле? Сега бев во тоалет и на бришење имав лигав безбоен исцедок. Како белка од јајце, мала количина. Многу се исплашив, не сум во Ск, не знам што да правам. Иначе сум 30+2
Јас сум 24 недела и со такви болки. Сега прашував во второ тромесечие баш. Јас сум 24 недела и денес ме боли половината.Со син ми почна да ме боли накај 30 недела. Според мене се додека е само половината, нормално е.
Ние денес бевме на ЦТГ, покажува по некоја болка ама не ја чувствувам, ме гледаа и на ехо бебе е 3200гр едвај ја чекам да излезе да се запознаеме, кај и да е уште малку остана, 37 + 4 сум
Девојки ние што сме на патолошка, мене ми заврши и сега користам денови од одмор. Дали треба и првиот дел од 2020 да го искористиме поради превентивните мерки па да отвориме трудничко или по стариот одмор да отворам веднаш трудничко? (Го поставив прашањето и во патолошка бременост и чекам одговор)
На иста мака сме баш мислев да пишам и јас. Мене на 28ми месецов ми завршува патолошка, и планирав или стар одмор да искористам или да извадам потврда за бременост и да искористам од препораките со коронава да седам дома. Кажи ми само веднаш после боледување зема одмор? Го видов и јас тоа за одмор од 2020 ама ич не ми одговара, ај ќе видиме
Јас планирав да го користам после породилното следната година, сега сакам да пробам со потврда да си седам дома до породување и онака важат мерки за трудниците нели, па од ден на пораѓај да отворам и породилно, не знам што е паметно.
Сакам да прашам за мукозниот чеп. Има таква тема, ама не е толку активна. Па реков тука да прашам. Како треба да изгледа? Секаде читам различно. Не при секое, ама скоро при секое одење во вц, на секое бришење иам проѕирен исцедок. Другарка ме испаничи , може да е тој чепот. Ама бе рано ми е некако