Да, јас тој го земав цела бременост ама има и шеќери. Гледам доста членки препорачуваа од Нatural wealth.
Јас тој го пијам цело време, едно време кога имав грчеви пиев и по два. Б витамините внатре се во многу мала количина.
Здраво женски,32 недела сум, па ме интересира да прашам,дали сами може да приметиме како ни е бебето во стомакот во која положба е наместено и како можеже да го приметиме тоа ?
Јас искрено бев убедена дека ми е поставено хоризонтално до 33та, кога ми утврдија дека више е свртен со главата надолу. Од тогаш го осеќам само со грбче и газе како шалта лево или десно и понекогаш знае да избаци стапалце ♀️
И моево мислам дека е напречно наместено сега сум 33 недела , др недела сум на преглед па ќе видиме, многу сакам со главче надоле да си се намести валда има време уште малку
Девојки, лажни или вистински контракции се ова? Се стврднува стомак и тоа трае може и 10тина минути, па ке ме пушти па по кратко време пак исто, дури и повеке од 10тина минути стои стврднат некогаш и 30тина. Болки имам цело време во цел стомак, исто како напад на жолчка. Да одам сега до систина или да чекам до сабајле 36+6 сум
Јас мислам дека стврднувањето на стомакот е дел од лажните контракции .Вистинските контракции започнуваат со болки во кичмата .
А имаше омекнато грло или скратен цервих или пак отворена да си била? И мене вчера на 39+0 прв пат ме прегледа вагинално ама не кажа ништо освен по една недела на контрола па ваљда нема ништо од ова што те прашав кај тебе дали имало
Ништо, рече 0 си отворена. Наредното утро бев на цтг, му пратив слика, рече ок е. Вечерта ме фатија болки и ноќта се породив многу лесно. Со лесно да си поминеш и ти
Јас бев денес на ЦТГ и вагинално ме прегледа. Ми рече омекнато ми е грлото. 37+0 сум имам стврднување на стомакот веќе 2 дена ама не е на интервали туку еднаш ме држи 10 минути, другпат 30 минути. Цтг денес мирно
Мене не ми е јасно баш, дали стврднувањето на стомакот е заради Бракстон хиксовите контракции или заради движењата на бебето? Мене често ми се случува, некогаш е проследено со слаба менструална болка, некогаш не.
И јас во последно време често забележувам дека стомакот како камен ми се прави, и понекогаш слаби болки чувствувам, во тој момент потешко можам да се наведнам или да се свиткам... Се надевам дека е нормално во трето тромесечие тоа. Во тие моменти имам чувство дека бебе се тегне внатре, како да сака простор да си направи
И мене не ми е јасно бидејќи во тој момент кога се здрвува стомакот осеќам како бебе нешто мрда, се тегне а и често знае да ми се јави менструална болка....