Незнам, прва бременост ми е, ама кај мене воопшто не се пријатни, со болки се проследени на цел стомак и неможам ни да се наведнам, кско камен ми е стомакот
Добро утро девојчиња. Многу сте мирни. Никој не се жали, само јас ли сум кенкава? Не можам значи. Многу ми стана тешко. Редовна сум во вц, по цела ноќ. Се будам на секое тропање, едвај легнувам/станувам. Спијам по 4-5 саати. Ми беше спуштено доле, имав и контракции. Последните 3 дена ми е во грклан, имам нагони за повраќање од што ми го гмечи желудникот, десното ребро мислам скршено е и денеска цтг скроз мирно. Малку неблагодарно се осеќам дека изгубив трпение ама многу нелагодно се осеќам
Јас имам од време на време во нозете на листовите, исто на спиење. Кога ќе ме фати многу боли, после тоа три дена ме боли мускулот :/ Ама битно е кога ќе те фати да викаш по маж ти да ти ја истегне ногата, ако брзо реагира мојов одма ми олеснува и немам болка после тоа. Минатиот пат повеќе време му требаше додека се освести и три дена ме болеше :/
Јас сум денеска полна 33 недела, и ноќеска првпат имав грчеви во листовите на нозете , баш ќе видам деновиве како ќе биде. Пијам по едно магнезиум на ден до сега.
Јас ја терам 32ра гледам сите сме со по некоја мака ☺најтешко ќе излезе третово тромесечие изгледа, јас пак не можам да спијам навечер никако, место не ме фаќа имам киселини понекогаш , чувствувам повремено болки на коската помеѓу нозе.. незнам како се вика ☺ поготово кога седам а кога движем сум ок..ај уште малку ќе издржиме некако ☺
Јас сеуште немам мака со спиење , може да станам само до вц , се враќам и заспивам , се надевам уште малку да терам вака. Ама па во текот на денот ми се јавуваат болки во десниот колк позади , десниот газ јас што викам, како да ми се укочува, прееска бев да прошетам и едвај се движев од што ме болеше, изгледа бебе притиска на некој нерв
Која недела си Јана? Јас 37+1 денес мукозниот почна да ми пага, имам мали стврдувања незнам дали се контракции но имам болки баш кај што ми е жолчката мегу гради. Уплашена левел 1000.
38+3. Ни чеп, ни болки, ништо. Чудно ми е во понеделникот имав контракции на цтг и доле ми беше ептен во скут бебето затоа и докторот рече да не чекаме цела недела за цтг, да го скратиме времето. Одам денеска абе ништо, скоро рамна линија на цтг. Стврднувања имам само на одредени делови од стомакот кај што мрда бебето. Ништо, ќе си чекам Немој да се плашиш за болката освен ако не си 100% сигурна дека е жолчката и ако си имаш проблем. Иначе, којзнае органите колку ни се нагмечени, не се знае што каде е, си замислувам се набутано во бели дробови Туку може ќе се смеете ама пак да прашам. Пред 3-4 дена имавме односи. Можно е од тоа да се качи бебето скроз горе?
Имам камчиња во жолчка и сега како да се активирале и они. Стврднувањата се на одредени делови и тоа над папокот. Ние имавме скоро односи и се си мислам дека од тогаш и мене почна жолчката да ме боли
Да ви кажам финта за грч мене ми помага па пробајте и вие можи да ви помогни...Ко ќе сетам дека ми се згрчува мускулот прстите од ногата ги истегнувам накај мене ако ме разбирате и ми поминува одма за разлика од претходно ко ќе ги туркав
Леле за ова со односиве и мм од тоа се плаши јас сакам тој вели не си играј играчки ние го чекме да се спушти бебево да излези ти сакаш да го вратиме пак горе
Женки како ви е стомакот околу папокот? Малку над папокот имам како помодренка линија. Сабајле на сонце ја видов. Дали е нормално?
И мене како околу модро, ама не се секирај ваљда кожата од што се шири. И кај мене ништо од симптоми, 39+5 сум, освен долу што знае да боли. Јас мислев ќе биде порано, еден период лежев ради скратен цервикс, на малиов не му се искача. Ама ко што цела бременост ја поминав дома, убаво ми е малце да се пофалам со мешко и да го прошетам по убавово временце, иако се нервирам со маскиве ама тоа е.