Истово баш вчера го прашав на преглед, дека ми рече исто поголемо било по мерки, ама не влијаело на првичниот датум за пораѓај според последна менструација Ако некоја веќе има искуство нека пише
Еве моево цела бременост се води како поголемо/понапредно. Еднаш матичната рече дека околу десетина дена е како понапредно. Термин ми е во недела на 3, а еве сеуште нема ништо Јас кога влегов во 9ти одма се спремив мислејќи ќе биди порано. Од една другарка исто понапредно, се роди една недела пред термин, од друга пак 2 дена по термин. Изгледа нема правила
Колку е големо бебето не е поврзано со терминот на раѓање. Читам тука дека пишувате дека ви го менуваат терминот и тоа е погрешно. Термин се рачуна според последен циклус и е фиксен. По тој термин докторот се води, а за тоа колку кг е бебето одговорни се гените. Просек е 3 кг, ама бебиња се раѓаат од 2 до 5 кг. Големината на бебето не е поврзана со тоа во која гестациска недела ке се роди. Раѓањето се случува кога бебето ке е спремно, кога постелката е зрела или во неубав случај ако има инфекција.
И јас ќе се пожалам дека не спијам ич. Ни трудничка перница ни ништо не ми помага. Станувам по 4-5 пати за во ВЦ. Катастрофа сум. Грчеви многу поретко ме фаќаат откако земав магнезиум цитрат, додека пиев обичен секоја вечер ме фаќаа. Докторот ми кажа да не ги пијам за џабе ако е магнезиумот оксид или било која друга форма, не се апсорбирало во телото. Ме интересира дали имате гасови? Јас некогаш да и одма трчам во ВЦ, ама ништо.
Уфф тие гасови, конечно ми поминаа. Откако влегов во 9ти нонстоп, не можев да спијам стомакот ме болеше. Почнав да менувам исхрана да видам дали ќе има разлика и ништо. Од секаква храна имав. Како влегов во 40та ги снема.
Оо па зар 40та недела стигна? Јас мислев 38ма дека си. Ајде со лесно и брзо нека биде. Сега ќе чекаме да се пофалиш! Јас немам стално гасови, ама одвреме навреме едвај ги контролирам.
Денес сум 34+3 веќе некое време неможам да спијам навечер од што е ептен активно бебето. Преспивам преку ден, обавезно пешачам од 3-5 км заради притисокот и не осеќам никаква тешкотија.многу ми се јаде сладолед али заради шеќерот ќе треба да си почекам
И јас 38 недела многу тешко спијам дневно по 3-4 саати само. А ме имаат фатено кризи за благо.....ама и јас ќе си почекам од шеќеров сега ништо Дали ви се случува да имате некој бљантав чуден вкус во устата ?????
Wow браво. Јас ни 1км не пешачам периодов, ме фаќа и мене паника од притисок и скриен шеќер. Ја почнав оваа бременост здебелена. Со минатата немав никаква мака, се ми беше ок. Наредна недела ќе испитувам скриеш шеќер.
Пробај со еден ред чоколадо за дијабетичари или црно чоколадо со 85% какао мене шеќерот по еден час од нив ми е 5.5
Уфф и мене како ми се јаде сладолед Им љубоморам на американкиве имаат кето сладолед без шеќер. Сигурно не е многу вкусен ама бар да се залажеш
И јас ги гледам американките плус имаат и многу благи работи. На маж ми му реков здравје од Скопје до Гевгелија после порагај 5 сладоледи има да изедам Најдов еден рецепт за кето сладолед
Јас ќе пробам овие денови да го направам ама без стевија и мене ми е многу гадна,само кокосово млеко ќе ставам и овошје.
Без грижи, се се средува. Нема врска дебелината со шеќерот, јас сум слаба па имам. Со лесно дај боже да го немаш
Фала што ме мислиш, тука сме ние со термин. Не сум, ова малово се заборави 40+6 ама пишав во труднички за терминов може да не ми е точен. Ти како си, осеќаш ли нешто? Јас не, навечер ме боли долу, ама тоа веќе 2 недели.