Јас сум 36+1 , и ги правев , брисевите за стрептокока, па излезе дека имам кандида на кожа ова вака чудно . Добро што не е вагинално но на кожа. И сега со Канестен да се мачкам и пак брис. Па,минатата недела бев се депилирав , секојдневни не користам . Гаќи по 3-4пати мењам дневно , може и повеќе , пошто се потам. И кандида ..ај тоа е...маката е што пак треба да правам контролно
Денес сум 37+2. Појма немам колкаво е бебето, пред 10 дена на контрола беше 3050г. Вчера бев на прво ЦТГ и докторот не ми направи преглед само ми рече дека сме завршиле и ќе сме се слушнеле откако ќе се породам. Се ми е купено и испрано и испеглано. И мојата свекрва како на @Kate Rina 93 и @Dance27 не даваше ништо да се купува пред време, ама јас прво скришно си купував, а после и со мажот ми ги купувавме поголемите работи и кога стигаа пратките спакувани не знаеше она што сме земале. На крај кога виде дека ние си купуваме, рече ај барем количката да ни ја платела, па после и падна незгодно ми купи и две постелнини. Денес ќе отидам по уште еднс постелнина за транспортното креветче, а ќе поминам и до аптека да доземам нешто. Торбата не ми е спремна воопшто. Планирав кога ќе одам во Штип да си земам пелени од ДМ и таму некои други работи кои ги нема по аптеки. Битно не сум веќе под стрес, поубаво е чувството кога си ги имам повеќето работи спремни.
Ехх така сме сите. Претходно си велев дај да стигнам 20 недела после лесно е. Па си велев ај да фатам 30 недела барем за да се спремам поактивно и после брзо ќе мине времето. Еех во 30 недела како да не минеше тоа времето, си велев ајј да стигнам 36та и после ќе си чекам што побрзо да се помине времето и да си се породам. И еве ме 37 недела, абер нема никаков, а јас веќе не можам да издржам од што ми станува се потешко, ноќе се препотувам, дење едвај се движам како некој тенк сум, од сите страни слушам сечии мислења и коментари, и искрено се би дала барем да знам кога ќе се породам и да се спремам целосно. Се нервирам бидејќи сакам депилирана на пораѓај да одам и не знам кога да закажам, ако закажам сега да не е рано, ако чекам уште малце да не ме фатат болки порано.. И така мир да се немало.
Уживај лепото во овие денови. Убаво ми кажа другарка. Кафето што ќе го испиеш сама за време на првата бременост нема никогаш да го заборавиш. После веќе никогаш нема да бидеш сама. И така бидна. Кај и да си, со кој и да си ќе мислиш на бебуш. Мене сеуште не ми е тешко 28 недела но се мислам после 30та како ќе ме биде со едно активно синче од две и пол години ама барем сега па не мислам за купување, се имаме од првото
Јас да упаднам вака во темата За кафето се насмеав. Ќе ми поверувате дека пред 10 дена сум породена и не ми ни текнало на кафе од што немам време Така да, пијте кафиња, идете на козметичари, фризери, шопинг зашо овие први денови да бидете среќни ако се бањате редовно И да, и под туш паметот ми е кај него.
@Fallen.Angel мене инат ме фати. На золва ми се и купија, за неа можеше пред време да се купи, а за мене не чинело. Епа така не може. Не ми треба тие да ми купат. Сами со мм се купивме. За количката кога виде свекор ми дека зедовме ни ја плати и ни нарача релаксатор. А на свекрва ми не и се прави ќејф многу, ама виде дека никој не ја ферма сега па си глуми фина За препотување мака имам и јас. Катастрофа сум. Синоќа 2 пати се пресоблакав. Се будев жива вода, а не беше толку топло.. Мене ми остана да купам влечки ,градник за доење и ќе ја наместам торбата. Сите ми прогнозираат дека нема да ја терам до крај бременоста. Па се надевам дека така ќе биде. Инаку далеку ми се гледа 28 јуни
А добро ако не си купиш пред пораѓај кога очекуваат да купиш? Или откога ќе се породиш дури си во болница свеки да ти шета по продавници и да си бира креветче шпикозни шишенца цуцли итн ...мора да мислиме позитивно и да се спремаме ..
Е точно. Ќе купела таа се за 1 час, откако ќе сум се породела. Малер било пред време. А двете бремени со золва ми, неа и носи бодиња што и ги купила, мене ништо. И намерно кога купував и ги носев да ги види
Значи многу се лоши кузнај и ние со машки дали ќе бидеме такви убаво си и напрајла за ќерка и може. Мене па ми спрема од мм што чува да ми пратела 30 години старо стоено по подруми викам чувај си го
Речи и не чини новороденче да носи стари работи А бе секакви има. Бар нема да ми се плетка за бањање и такви работи. Пошто не знае Да си се породиме па и нема да ги рецкаме толку, ќе имаме други занимации
Ја па баш спротивно мислам сега некако се потивки после кога ќе се роди ќе се раздрндаат. Кај сестра ми доаѓаше цело време ненајавена го будеше од спиење и после она си имаше мука со раскенкано бебе...само зависи од жената она многу и ќутеше среќа твоја и золвати е трудна нема да е толку околу тебе
Таа се породи пред 2,3 недели Свекрва ми го нема фатено во рака бебето, страв и било Еднаш тропна глупост, золва ми го бањала со јајце бебето и ние така нашето и тогаш и кажав нема шанса такво нешто, за нашето бебе одлучуваме јас и мм, никој друг Па се надевам дека и е јасно дека треба да биде прибрана, да не ја види мојата лоша страна.
Уште поарно страв него да се граба ние дека 3 г бевме во брак па дури сега сум бремена и шетавме уживавме во бракот..се осеќам дека се мисли за неа го раѓам уште пред да забременам само ми плачеше како јас да не сакам бебе она сака чудна жена..и затоа мислам ќе се понаша ко мајка да му е ама ќе и биде скратено задоволството
Ее и јас се плашам после ако почнат сите на глава да ми се качуваат и да ми се мешаат. Ќе се скарам со пола фамилија мислам. Сега ќе уживам колку се може, оти бременоста не дозволува некои работи, мора да си скратам некои уживанции. Мене ми е многу страв оти не знам до кога ќе терам. Стомакот уште ми е високо. Сакам што побрзо да се породам. За градници за доење уште се мислам кај да барам, а влечки имав заборавено, сега ќе ги додадам на списочето. Во глава ми се сврте кога рачунав колку пари ќе ми одат само во аптека. А свеки не мора ништо да ти купува. Не сакам ни јас да ми купува баш од тие причини што ќе зборува дека е рано и ќе попува и после тоа па ќе се фали по сите што купила, и на секое облекување на бебето ќе кажува како тоа е од неа. Креветче не ни даде да купиме, го извади старото од нејзините две деца, и ај не правев проблем, кажав супер и маж ми во тоа растел, убав спомен. Ама сеа секаде кажува за креветчето колку било зачувано и колку ни излегла во пресрет сме заштедиле 200 евра во старт.
Јас градник планирам да купам во Сара фешн, мислам дека ќе има таму. А влечки некои обични ќе купам од 200,300 ден. Секако само за таму ми се, после ќе ги фрлам. Ние пред некој ден што пазаривме од аптека околу 4500 не фати. А чај за доилки,ланолин,млеко за бебето,тоа за носето ,топломер не купив. Тие одкако ќе се породам ќе ги земам т.е мм ќе го пратам. Лелее многу ви заштедила. Подобро ќе било да купела ,па нека зборува. Има креветчиња од 7000ден. А не да се фали со старо. Ама ај и тоа што викаш. Подобро е сами да си купуваме.
Градници верувајте нема да ви требаат за прво време, па не знам ни после. Јас не можев ни во болница, ни дома да замислам прслук да ставам. Секако е подобро да се дои нагоре гола за бебчето да ви ја допира кожата. Не знам дали се сите такви ама ова моево вришти кога е гладно само гледам маицата што побрзо да ја соблечам. Термометар е убаво да си купите посебно ако сте во можност оној безконтактниот, јас многу го користам секојдневно. Тоа за носе среќа не го купив зашто прашав во болница и немало потреба за нас. Земете само тоа што ви е неопходно, другото можете да кажете дома да ви купат додека сте уште во болница. Јас така направив и за нега на папче и за дохрана и сите други детали. Е оние влошки за гради доста ги користам зашто млекото си тече од градите и додека сфатам веќе сум мокра. И имајте си бар некој пар бабски гаќи со висок струк за секој случај ако завршите на царски.