Ме интересира дали кај сите последните денови бебето е помалку активно? Последните 2-3 дена го осеќам само 2-3 пати во денот. 39 недела сум.
Мене ептен ми се погодија градниците за доење. Еден куп изнакупив затоа што ми се правеа лом. Имам од Х&М, С&А, лидл. Од тука не успеав да најдам некои комфорни. Тие од сара фешн многу крути ми беа. Купете си обавезно. Може на почеток дур се воспостави лактација е потешко да се носат, ама за после се благослов. Откопчуваш и бебе цица Спаваќи/пижами за доење исто земете си. Јас немав доволно, па докупуваше мајка ми. Некако не предвидов (толку знаев) дека дур цица од едно цице, другото шприца и лом се правиш, посебно навечер кога ма влошки не ти текнува
Јас постојано носам влошки. И ден денес, кога цица на една страна, од другата тече. За спиење обавезно, кога ке ја натиснам во спиење тече. Додека ми се воспостави лактација носев, тогаш течеше млеко постојано. Влошки на 2 часа менував и пак прокиснував. Јас имам на h&m и баш деновиве ке купам уште, овие ми се износени. На НББ какви се? И лисца има, ама многу е поскап, кога има добри евтини, зошто да земам скап градник за доење. Какви се тие алишта за доење? И каде ги има? По дома носам класични широки маици. За доење и пурелан е задолжителен, ниту еднаш не испукав, се мачкав уште пред пораѓај.
Здраво, не знам дали е прашањето за тука...35 недела сум, на ехо покажа дека десниот бубрег е поголем дали некоја имала такво искуство? До последно се беше во најдобар ред сега малце ме плаши тоа...
Zdravo zhenski, dali nekoja imala bila vo situacija da i kazhat deka bebeto kasni so razvoj vo 38 nedela? I dokolku da koj bil naredniot chekor?
Procenka pravi doktor, mozebi ke probaat so provokacii. No se zavisi oti e zastojot moze odma da resat carski ako vidat deka ima nekoj pokazatel deka bebeto strada. Da ne te plasam razgovaraj so doktorot
Колку убаво. Одвај чекам и јас да пријавам 37+ ама имам време уште 7-8 недели. @LadyC баш се радувам за тебе и за тм. @monka_bonbonka како си? Јас денес прв пат почнав да се потам повеќе, ќе пукнам. Се молам да заспие мали побрзо па да се туширам. @Jana06 памтам и јас, туширањето ми беше луксуз првите 3 месеци од кога се породив. Тогаш вц-то ми беше најдобар пријател за изолација Сега и да сакам таму да се кријам нема шанси, одма по мене се син ми и кучето
Само јас не сакам да дојдеме 9ти толку брзо? Не знам што ми е, ме јаде страв дека имам да терам сама уште еден месец па не ми се брза ич...
Да се пријавам денес бев до кај матичната на лекар и кажав дека имам проблем минатата недела ми излегоа хемороиди надворешни хорор ми беше болки ужасни докторот од систина ми даде са пијам Флебодиа таблети и фала богу одма се смирија ,ама во саботата на неколку пати забележав крв на гаќите кога ќе.се избришев и во вагоналниот секрет имаше крв ама се испостави дека хемороидите почнале да ми крварат па од тоа било ,ама од тогаш па навака некако сум вознемирена и како бебе помалку да го чуствувам .Матичнава ми рече дека од едната страна малку ми е намалена плодовата вода ,да внесувам повеќе течности да проверам крвна слика,железо,шеќер,урина и да испитам и д-димери утре па за 2 недели во 35 да одам за брисеви и пак да ме види на ехо .
Да ти кажам кога ќе ми текне што ме чека си викам нека седи во мешето. Ама пак со коронава и искуства од блиски си викам да си стасам побрзо до 37ма хаха хормони и мене не ми се погодува
@elcezelce ако ти е утеха не е страшно што губиш плодова, само нека те следат, јас губев со Константин од 7ми месец и веќе во 37+2 немаше ич кога на итен царски ме земаа. Значи со едно ќоше плодова издржавме и дел од 7ми и 8ми и пола 9ти месец. Извинете два пати пишувам ама не видов на време и не можам да се редактирам.
Оффф од кога затопли не сум спиена воопшто. И така цела бременост имам проблем со несоница, сега уште 40 степени ми фалеа. А допрва треба да се селам од еден спрат на друг..ама како и да е со стомак до заби и неспособна ништо да фатам незнам како ке се изведе тоа. Во среда сум на преглед, ќе примам рогам и да се договорам за зреење ако треба пошто веќе сме 29та од четврток... Инаку незнам за вас, ми се јавија некои промени на папокот, како испакнат ми е и со каки внатре што се гледаат вака а неможам да ги исчистам, како закоравени. Страв ми е да напнувам да не направам беља и така ми стои, ваљда не е нешто.... Удрив бригу на шопинг деновиве да ти кажам. Ништо немав, ме фати паника и сеа само фрчат доставувачи на адреса, срам ме фаќа од комшии .. ама немам избор, кој ги врти. Тоа што морав да купам од продавница, бев купив.. другото гардероба и сл се онлајн. Немам уште главни ствари креветчиња, количка.. тоа кога ќе влезам во 8ми
Исто со спиењето крш. Да не те "тешам" бетер ќе е. Толку ќе ти тежи ако тераш апла 9ти, што ќе се осеќаш ко кран... Инаку за папок не чепкај никако. Додека можам да се редактирам, кажете кај има убави бебешки бодивца да нарачам за бебушка неколку? Греота ова бебе, ќе влезам у 8ми ништо не сум му купила срце на мајка. А за Константин од 3ти пазарев.
Од Hello baby ги земав повеќето, многу ми се допаѓа квалитетот. И во Памук Пале види на фб има од тритекс.