Иста сум жива вода ,со прошлата бременост отидов и на лекар дури пошто бев испотена мокри гаќите,а јас мислев ми прснал водењакот
Исто. Спијам со отворен прозор. Никогаш толку колку сега не сум се потела. Климата преку ден на 18ка пуштена. Отоци колку сакаш.. И меѓу нозе се потам Дали ќе влезам конечно во 9ти, да се олеснам
Немам отоци али страшно се препотувам, навечер особено , коса со фен сушам или со крпа ...36+5 сум. Во четврток сум во Систина на преглед. А матичната ми вели ќе тераш до крај..ќе се потам до 10 јуни здравје
Сето тоа е нормално.Од пред 1 месец имам отоци и уште во 5 сабајле од пред 1 недела се препотувам а спиеме на промаја и џабе.Која недела си?
Во која недела прекинавте да пиете фолна киселина? Јас сум 34 и докторката ми рече да не пијам повеќе
Се потам, едвај дишам и збревтам ко коњ, навечер ко @monka_bonbonka не спијам и станувам на саат, два, перницата за трудници е шутната и сум по гаќи само и маичка една веќе месец ипол. Не знам како ќе се издржи...
И отоци имам на нозе и раце. Претпоставувам од топлото.. Дали да се консултирам со доктор за отоциве, или нормално е ?
Консултирај се, ништо не губиш. Најверојатно е нормално но сепак да си мирна. Јас сеуште немам но многу се плашам дека мајка ми има проблем со отоци на нозе. Со син ми немав, се надевам дека така ќе е и сега. За потење да не зборувам па и малово вечерва накај 3 се префрли кај нас на спална во 4 се туширав
Мене докторката за отоците ми рече ако ме боли при допир и ако ми останува како дупка кај што ќе се чепнам да и се јавам.сега ми се само до глуждот издуени до пред една недела од колената па надоле ми беа страшни
Мене ми прекинаа се што пиев зашто ми се појави алергија. Навистина сега откако не ги пијам подобро ми е, смирено ми е чешањето. Денес бев кај матичната ми рече сега калциум да земам и полека да продолжам и со фембионот. Како се пие калциум? На гладно или јадено? Јас земав на Натурал велс со д витамин.
Јас сега и пишав на докторката дека почнав од вчера да имам отоци на нозете, ми кажа дека може ми фалеле протеини, повеќе месо да сум јадела...